Совршена измама: Направиле наплатна рампа, па од возачите земале 700.000 евра за „патарина“ - Канал 5

Совршена измама: Направиле наплатна рампа, па од возачите земале 700.000 евра за „патарина“

Година и пол, илјадници возачи плаќале патарина што никогаш не постоела.

Совршена измама: Направиле наплатна рампа, па од возачите земале 700.000 евра за „патарина“

Или поточно, да, постоела, но беше целосно лажна. Измамниците успеаја да соберат околу 700.000 евра од нелегални патарини пред да бидат откриени, објави Јутарњи.

Ситуацијата во индиската држава Гуџарат звучи како филмски заплет што функционирала добро 18 месеци.

Сето тоа благодарение на лажната инфраструктура што совршено ја реплицираше „сцената“ на вистинска наплатна рампа на автопатот.

Планот беше осмислен до најмалиот детаљ, почнувајќи од самата наплатна рампа. Организаторите го искористија просторот на напуштена фабрика за керамика за да изградат објект што совршено имитира вистинска наплатна рампа.

Бетонската конструкција, подвижните рампи, сигнализацијата, па дури и управувањето со сообраќајот... сè беше дизајнирано за да ги натера возачите да веруваат дека возат по службениот пат. Клучот беше и во цената. Лажната патарина чинеше околу половина од цената на вистинската, што ги охрабри возачите да се свртат кон оваа алтернатива.

Измамата отиде подалеку од „сценските реквизити“ на инфраструктурата. Измамниците го оправдаа постоењето на патарината тврдејќи дека приходите ќе бидат искористени за изградба на храмови во блискиот град. Аргумент кој, во локален контекст, дополнително го зајакна кредибилитетот на операцијата и спречи сомневања со месеци.

Сепак, измамата на крајот беше откриена поради „! ситница“. Официјалниот автопат, на само неколку километри оддалеченост, регистрираше невообичаено низок сообраќај. Ова, се разбира, го привлече вниманието на концесионерот.

Властите почнаа да ја истражуваат оваа аномалија, а анализата на сателитските снимки откри постоење на неовластена инфраструктура која пренасочуваше голем дел од сообраќајот.

Во тој момент, измамата беше разоткриена.

Уапсени откако наплатиле 700.000 евра

Индиската полиција ги уапси сопствениците на земјиште и управителите на нелегална наплатна рампа, сите обвинети за организирање и водење на една од најголемите сообраќајни измами во последните години. Случајот се случил во 2023 година, но подоцна добил меѓународно внимание поради својот необичен концепт и извршување, објавува „Марка“.

Повеќе од собраната сума, она што е зачудувачко е сложеноста на измамата и леснотијата со која таа останала незабележана толку долго. 18 месеци, никој не се сомневал...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Косел трева, па запалил пожар во с. Брезница- уапсен е

Лишен од слобода маж од Македонски Брод, предизвикал пожар во село Брезница.

Косел трева, па запалил пожар во с. Брезница- уапсен е

На 05.09.2026 полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода М.Т.(38) од Македонски Брод, постапувајќи по пријава дека на 05.09.2026 околу 10:00 часот предизвикал пожар во с.Брезница, Македонски Брод, така што од искрење на бензински тример за косење, во близина на неговата куќа во с.Брезница, настанал пожар кој се проширил кон соседните имоти.

Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа од ЈП „Национални шуми“ и локалното население. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инцидент во Англија: Навивач му удри шлаканица на фудбалер (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Портсмут и Кардиф, кој се одигра вчера во рамките на 5-тото коло од Чемпионшип, беше нарушен со инцидент во кој гостинскиот играч Кристијан Биелик влезе во физичка пресметка со млад навивач. 

Инцидент во Англија: Навивач му удри шлаканица на фудбалер (ВИДЕО)

Сето тоа се случи во 70-тата минута на стадионот Фратон Парк, при што Портсмут водеше со 2-0. Натпреварот заврши со тој резултат.

Поранешниот ученик на фудбалската академија на Арсенал се обиде да ја добие топката што заврши на трибините. Снимките од инцидентот покажуваат како навивачот ја фрла топката од него, на што Биелик реагираше фаќајќи го навивачот за вратот и туркајќи го подалеку. Младиот навивач потоа стана и се обиде да возврати.

Натпреварот беше накратко прекинат, а навивачот кој беше зграбен за вратот од фудбалерот беше отстранет од стадионот. Биелик не беше санкциониран.

Изјави по натпреварот

Тренерот на Кардиф, Брајан Бери-Мерфи, рече дека навивачот го удрил Биелик и ја пофали реакцијата на судијата.

„Сакав да проверам дали е заштитен и дали е добро, и беше. Судијата и неговите помошници се справија со ситуацијата беспрекорно, според мене. Тој рече дека јасно видел што се случило, ги смирил сите и ја спровел правилната постапка. Играчите постојано се изложени на неприфатливи ситуации“, рече тој.

Менаџерот на Портсмут, Џон Мусињо, им се извини на Кардиф и нивните играчи.

„Судијата објасни дека имало врева кога Кристијан тргнал по топката и еден навивач го удрил. Не беше убаво да се види. Само го видов и е добро, но тоа не е важно, вакви работи не треба да се случуваат. Сакаме да создадеме вжештена атмосфера на Фратон Парк, во што успеавме во последните години. Понекогаш се преминува границата, го разбирам тоа, но не мислам дека има потреба од вакви сцени. Им се извинуваме на играчите и на Кардиф и ќе направиме сѐ што можеме за да се осигураме дека ова нема да се повтори.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израелската војска го нападна јужен Либан

Израелската војска соопшти дека рано утрово го нападнала јужен Либан како одмазда за лансирањето на две беспилотни летала од страна на Хезболах врз израелските војници .

Израелската војска го нападна јужен Либан

Израелската војска соопшти дека рано утрово го нападнала јужен Либан како одмазда за лансирањето на две беспилотни летала од страна на Хезболах врз израелските војници стационирани во дел од регионот што го прогласи за безбедносна зона. Израелската војска издаде предупредување за евакуација за област во близина на зграда во јужниот либански град Араб Салим, велејќи дека ќе ја нападне бидејќи ја користи Хезболах.

„Вие сте во близина на објект што ѝ припаѓа на терористичката организација Хезболах, против која израелската армија ќе спроведе операции“, соопшти војската во порака на арапски јазик на Телеграм, која вклучуваше и мапа на зоната за евакуација. Немаше коментар од групата поддржана од Иран.

Израелската војска во вторник соопшти дека нападнала складишта за оружје во јужен Либан кои биле наменети за Хезболах. Борбите во Либан се намалија од јуни, по рамковниот договор меѓу САД и Иран.

Но, Израел продолжува со спорадични воени операции на југ, каде што одржува присуство по должината на граничниот појас широк околу десет километри.

Како знак на поддршка за Техеран, Хезболах почна да извршува напади врз Израел од почетокот на март, што го вовлече Либан во регионална војна. Израелските напади досега одзедоа повеќе од 4.300 животи, според либанските власти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер