Кога системот ќе погреши: 138.000 евра за патарина - Канал 5

Кога системот ќе погреши: 138.000 евра за патарина

Возач на автобус добил сметка за патарина од 138.000 евра.

Кога системот ќе погреши: 138.000 евра за патарина

На почетокот на 2026 година, Исланд воведе нов систем за патарина за сите возила, кој се пресметува врз основа на поминатото растојание.

На пример, сопствениците на автомобили мора да платат еквивалент на неколку центи за секој поминат километар - за потешките возила е поскапо. Патарината се плаќа месечно врз основа на отчитувањето на броилото или проценката добиена од него.

Сепак, се чини дека новиот систем сè уште не работи совршено. Возачот на автобус Хлинур Брагасон од Егилстадир бил доста изненаден кога ја добил својата прва сметка, објавува јавниот радиодифузен сервис Рикисутварпид.

На сметката се наведува дека самовработениот оператор на автобуси во јануари патувал 999.691 километри со еден од неговите автобуси и дека должи 20 милиони исландски круни, или 138.121 евра.

Брагасон рече дека мислел дека прво погрешно ја прочитал. Потоа ги ставил очилата и сфатил дека сумата е точна.

Брагасон му рекол на водителот дека бил многу зафатен во јануари, но не можел да се сети дека возел автобус 25 пати околу светот.

Доколку Брагасон всушност возел толку километри во јануари (31 ден), ќе морал да вози приближно 1.343 км/ч без престан, што е побрзо од брзината на звукот.

Сметката покажува дека новиот систем за патарина не функционира баш добро.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запален автомобилот на познат српски пејач

Запален е џипот Ауди на популарниот српски пејач Урош Живковиќ . Жителите на населбата Чукарица во Белград ги разбудила силна експлозија, луксузниот автомобил е скоро целиот уништен во пожарот. .

Запален автомобилот на познат српски пејач

Пожарот во кој изгоре скап автомобил „Ауди Q8“, сопственост на познатиот пејач Урош Живковиќ, избувна рано утринава, околу 4 часот, во белградската населба Чукарица. Жителите на околните згради беа разбудени среде ноќ од силен тресок, сличен на експлозија, по што низ прозорците видоа пламен што го зафати луксузниот џип.

Се сомнева дека пожарот е подметнат. Двајца непознати мажи му пришле на паркираното возило, истуриле запалива течност врз него, по што автомобилот веднаш пламнал. Напаѓачите со молскавична брзина побегнале од местото на настанот во непознат правец.

Пожарникарите-спасувачи брзо пристигнаа на местото на настанот, го изгаснаа пожарот и спречија негово ширење кон околните возила. За среќа, во овој инцидент немаше повредени, но возилото претрпе сериозни оштетувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Јануарската плата ќе биде зголемена за 10 проценти ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Кој се обрати на прес-конференција посветена на покачувањето на платите во Армијата и одбраната од почетокот на следната година.

На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикатите во одбраната и армијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Во вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Состојки за денешниот рецепт:

1 готово тесто за пица

100 гр. доматен сос

150 гр. шунка

150 гр. кашкавал

150 гр. печурки

50 гр. маслинки без семка

малку оригано и др. зачини по избор.

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер