Советот на Европа испраќа ад хок набљудувачка мисија за локалните избори на 29 март во Србија - Канал 5

Советот на Европа испраќа ад хок набљудувачка мисија за локалните избори на 29 март во Србија

Советот на Европа ќе испрати, на барање на српската опозиција, ад хок набљудувачка мисија за претстојните локални избори во Србија.

Советот на Европа испраќа ад хок набљудувачка мисија за локалните избори на 29 март во Србија

Советот на Европа ќе испрати, на барање на српската опозиција, ад хок набљудувачка мисија за претстојните локални избори во Србија, што е доказ дека ангажманот на целата опозиција дава конкретни резултати и дека Србија не е целосно изолирана, изјави денеска пратеничката на Партијата за слобода и правда (ССП) и потпретседателка на социјалдемократите во СЕ, Татјана Пашиќ.

Татјана Пашиќ наведе дека за време на нејзината неодамнешна посета на Белград, го информирала генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе, дека уште пред распишувањето на изборите, властите започнале „интензивна официјална кампања, притисок врз гласачите, купување гласови“ и дека очекуваат „многу нерегуларности и големи изборни кражби, можеби најголеми досега“.

„Како и другите колеги, побарав ад хок набљудувачка мисија. Очигледно е дека СЕ го сфатија нашето барање сериозно, реагираа за многу кратко време и формираа тим набљудувачи кои ќе видат на лице место како изгледаат изборите во Србија“, изјави Татјана Пашиќ, соопштија од таа политичка партија.

Во 10 градови и општини во Србија на 29 март ќе се одржат локални избори.

Известители на ПССЕ за следење на исполнувањето на обврските преземени со членството на Србија во Советот на Европа доаѓаат следната недела на дводневна посета на Србија, како дел од редовен мониторинг.

Србија е една од десетте земји-членки на Советот на Европа што се предмет на целосна постапка за мониторинг, што подразбира редовни посети на известители, континуиран дијалог со властите и повремени пленарни дискусии, со цел да им се помогне на земјите-членки да ги исполнат демократските и човековите права стандарди на Советот на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Досегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места.

Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место.

Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Во четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

250 - 300 гр. мелено месо

1 главица кромид

150 мл. доматен сос

3 чешниња лук

маслиново масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

180 нови дрвја ќе го збогатат зелениот фонд на Карпош

Општина Карпош продолжува со активности за унапредување и зголемување на зелените површини на својата територија. 

180 нови дрвја ќе го збогатат зелениот фонд на Карпош

Во рамки на есенската акција за садење, предвидено е засадување на 180 висококвалитетни листопадни садници на претходно утврдени локации.

Во текот на денешниот и утрешниот ден, околу 60 садници ќе бидат засадени во урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2, по што акцијата ќе продолжи и во останатите урбани и месни заедници.

Меѓу видовите кои ќе го збогатат зеленилото се горски и црвен јавор, црн јасен, липа, жалосна софора и црвенолисна слива. Со зголемувањето на зелениот фонд, Општина Карпош продолжува да придонесува кон подобрување на квалитетот на животната средина, создавање попријатни јавни простори и унапредување на условите за живеење на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер