Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети
Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)
1Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети
2Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)
3Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите
БалканСоветот на Европа бара од Србија да го отстрани муралот на Ратко Младиќ Известувачите од Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска ги повикаа српските власти да го отстранат муралот на Ратко Младиќ во Белград.Воедно треба да преземат остри мерки против глорификацијата на воените злосторници, објави белградската канцеларија на ПССЕ. Тензиите околу муралот на осудениот за воени злосторства Ратко Младиќ, кои траат во Белград повеќе од една недела, добија нова димензија оваа недела кога во средата покрај муралот на Младиќ беше насликан ликот на четничкиот водач од Втората светска војна, Драгослав Дража Михаиловиќ. Авторите на новото дело се официјално непознати, а активистите за човекови права сметаат дека повторно се членовите на екстремистички групи, навивачи и десничарски организации, чии постапки државните институции избегнуваат експлицитно да ги осудат и забранат. Италијанецот Пјеро Фасино (социјалист) и Британецот Иан Лидел-Грејнџер (ЕК/ДА), известувачи на ПССЕ за мониторинг на Србија, ги повикаа српските власти да преземат „недвосмислени мерки против глорификацијата на осудени воени злосторници и да го отстранат, без одлагање, муралот во Белград што го велича Ратко Младиќ, осуден за воени злосторства и злосторства против човештвото“. Фасино и Лидел-Грејнџер потсетуваат дека носител е невладината организација Младинска иницијатива за човекови права (ЈИЧП), иницијатор на митингот на кој имале намера да го насликаат муралот на Денот на борбата против фашизмот, а полицијата го забрани.. „Згрозени сме од неуспехот на властите - и покрај одлуката на комуналната полиција - да го отстранат овој незаконски поставен мурал и што на поранешниот добитник на наградата Вацлав Хавел, Младинската иницијатива за човекови права, му било забрането да одржува демонстрации против овој мурал на 9 ноември 2021 година поради безбедносни причини“, се вели во соопштението, во кое се нагласува дека „полицијата е испратена да го заштити муралот и да спречи пристап на можни демонстранти од двете страни“. Претставниците на ПССЕ потсетуваат и на апсењето на двајца активисти кои фрлале јајца на муралот и на инцидентите што следеа кога „националистичките екстремисти организираа контрапротести“. Според известувачите на ПССЕ, овие настани потсетуваат на обврската за „недвосмислена борба против глорификацијата на осудените воени злосторници“, додека таквите акции „ја поткопуваат регионалната соработка и го попречуваат процесот на европска интеграција кон кој се стреми Србија“. „Демократското општество не може да ги негира воените злосторства и да негува култура на омраза и неказнивост. Затоа ги повикуваме српските власти да ја покажат својата подготвеност решително да се борат против глорификацијата на воените злосторници и да ги избришат муралите што ги величат воените злосторници без дополнително одлагање. “, рекоа Фасино и Лидел-Грејнџер. Во 2019 година, Парламентарното собрание на Советот на Европа на Младинската иницијатива за човекови права и ја додели наградата Вацлав Хавел за човекови права, како признание за нејзината работа на градење мостови меѓу младите луѓе на Балканот од различни етнички групи, региони и земји, и спречување на повторно појавување на етничките конфликти во регионот. Денеска рано попладне на неколку места во центарот на Белград бил залепен плакат „Ратко Младиќ осуден за геноцид“, а во соопштението за медиумите, неименувана организација испратила порака од е-маил адресата „борбаштална“: „Граѓаните нема да запрат, мора да падне спомен-муралот“, со известување дека „акцијата ја извршиле граѓани“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаМицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитетиДенеска имавме исклучително успешен ден.„Добра вечер повторно од Диселдорф. Денеска имавме исклучително успешен ден. Денот започна со билатерална средба со премиерот на покраината Северна Рајна-Вестфалија, којашто во суштина е и најбогатата покраина во Сојузна Република Германија. Имавме навистина исклучително корисна и плодна средба во којашто ги истакнавме нашите добри билатерални односи. Добро е да се каже дека Македонија е единствената држава од шесте земји од Западен Балкан којашто има потпишано договор за ваков тип билатерална и економска соработка. Она што можам да го кажам за Северна Рајна-Вестфалија е фактот дека е отприлика 10 пати поголема од Македонија, има околу 18 милиони жители и е вистински економски гигант. Номиналниот БДП е поголем од 900 милијарди евра во 2025 година — ако нашиот беше околу 18 милијарди евра, тогаш зборуваме за 50 пати поголема економија. Ако нашиот БДП по глава на жител е некаде околу 10.000 евра, овде во Северна Рајна-Вестфалија тој номинален доход е околу 50.000 евра, односно 5 пати поголем. Можностите за соработка се големи. Се разбира, по завршувањето на изборите овде во Северна Рајна-Вестфалија, коишто се очекува да бидат во април следната година, го поканив премиерот на покраинската Влада да ја посети Македонија за да разговараме за уште посуштинска и подлабока соработка помеѓу нашата земја и Северна Рајна-Вестфалија. Понатаму, во текот на денот имавме состаноци со голем број компании коишто се присутни или сакаат да отворат бизнис кај нас. Меѓу нив би ја издвоил средбата со компанијата „Гересхајмер“, којашто веќе има реализирано две инвестиции. Вкупната инвестициска вредност е околу 120 милиони евра, а бројот на вработени изнесува околу 300 лица. Но, она што е поважно е нивната амбиција за нова, дополнителна инвестиција на 100.000 метри квадратни, каде што ќе го зголемат бројот на вработени до 500 и практично ќе го триплираат обртот на својот бизнис кај нас, со што ќе дадат позитивен придонес и ќе додадат вредност во македонскиот БДП. Исто така, сакам да најавам, доколку биде сѐ како што треба, во декември три нови производни капацитети, коишто кога ќе го достигнат својот врв на инвестицијата и полн капацитет, ќе отворат повеќе од 1.000, што е уште поважно, добро платени работни места. Така што, продолжуваме да се бориме за Македонија овде во Германија. Се гледаме наскоро во Скопје.“, рече премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп останува уверен дека републиканците можат да поминат добро на среднорочните избори.Во разговор за Фокс њуз, додека милиони гласачи се упатуваат кон гласачките места, американскиот претседател рече дека изборите се важни „затоа што навистина ја направивме Америка повторно голема“. „Мислам дека резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите. Јас сум на турнеја 30 дена. Не знам што да ви кажам. Стадионите беа преполни“, рече Трамп. Потоа додаде дека мисли дека митинзите вечерва ќе имаат големо влијание. „Духот и љубовта кон нашата земја се неверојатни“, додаде тој. NEW: President Trump has one final message for voters as they head to the polls: "We have to keep America great." Speaking on @foxandfriends, Trump says the U.S. has gone from being what he calls a "laughingstock" to the "hottest country in the world." "They thought we were fools. And we're hot now. We're the hottest country in the world where respected by everybody." Stay with Fox News Channel for the latest on the midterms. — Fox News (@FoxNews) November 3, 2026 Трамп, исто така, рече дека САД се „најпочитуваната земја во светот“, а потоа ја критикуваше Европа, за која рече дека „се распаѓа“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудитеОфицијална Софија никогаш нема да дозволи регистрација на македонското здржение “ОМО Илинден Пирин“ во Бугарија, смета копретседателот на ова здржение Стојко Стојков. Коментирајки ја изјавата на новоизбраната бугарска претседателката Илијана Јотова дека очекува завршување на надзорот на спроведувањето на пресудите од Стразбур на следната седницата на Светот на Европа, Стојков вели дека неговите очекувања се оти Бугарија ќе бара затворање на пресудите без нивно имплементирање. Позицијата на Бугарија кон Македонија според Стојов е геноцидна и смета дека целта на официјална Софија е да ги снема македонскиот идентитет и Македонците да престанат да постојат како нација. Порача дека со отстапки, компромиси и виткање кичма нема да може да се реши спорот со Бугарија, туку дека е потребна достоинствена политика. Стојко Стојков кој беше избран за надворешен член на МАНУ во ноември лани, денеска одржа и официјално пристапно предавање на тема „Идентитетот во средниот век: Македонија во балканскиот и империјалниот контекст“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter