Советот на Амбасадори го поздравува инвестицискиот план на Европската Комисија

Советот на Амбасадори смета дека се чувствува неажурност од страна на Владата во комплетирањето на Комисијата за преговарање со успешни и високо стручни кадри без оглед на нивната политичка провиниенција и убедување.

Советот на Амбасадори го поздравува инвестицискиот план на Европската Комисија за доделување на 9 милијарди евра како помош за развој на транспортната и енергетската инфраструктура и забрзување на економскиот развој од 2021-2027 год. претставен во неодамнешната посета на нашата земја од страна на комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Бидејќи планот е условен со имплементацијата на реформите со кои се креира вистинското бизнис опрукужување за инвеститорите, како што изјави Комесарот Вархеји овие денови во Скопје, со нагласка дека земјите треба да развиваат функционален систем на владеење на правото, независно судство и ефикасен даночен систем што ќе ги убеди странските компании да инвестираат во регионот.

Според гореизнесеното оваа влада како и наредната активно треба да се ангажира на исполнување на бараните реформи и создавање на вистинска бизнис клима преку активна борба против економскиот криминал и против корупцијата на високите политички структури се' со цел земјата да го добие својот дел на економски инвестиции.

Советот на Амбасадори смета дека се чувствува неажурност од страна на Владата во комплетирањето на Комисијата за преговарање со успешни и високо стручни кадри без оглед на нивната политичка провиниенција и убедување. За жал и натаму нема издржан концепт на вклучување на невладиниот сектор, синдикатите и науката во преговарачкиот процес. Главниот проблем што го имаме е недостаток на административен капацитет за реализација на она што е на хартија, за домашни, но и за меѓународни проекти, како и успешно искористување на финансиските извори

Што се однесува до афирмирањето на листата на новоименувани амбасадори, Советот смета дека владата ја продолжува старата пракса за избор на амбасадори. Имено, скриено зад синтагмата на професионална дипломатија таа, со чесен исклучок на поединци, именувани се подпросечни кандидати за амбасадори кои директно или индиректно се поврзани со политичките партии на власт, при што не е водено сметка со вистински и квалитетни амбасадори докажани во пракса. Истовремено неопходно е да бидат пополнети напите амбасади во највлијателните дипломатски центри во светот како САД, Русија, ООН и некои земји на Балканот.

Советот со загриженост се прашува дали сеште нема конечни партиски договори? .

Извршен одбр на Советот на амбасадори

Разрешен медицинскиот директор на скопска Токсикологија, Данил Петровски

Министерот за здравство во заминување, Илир Демири ги оствари најавите.. 

Министерот за здравство во техничката влада, Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија Данил Петровски. Економската директорка Бесије Иљази, која подолго време беше во отворен судир со Петровски, пак останува на клиниката.

Причина за разрешувањето од директорската позиција според министерството за здравство е неправилности во работата, но ќе остане да работи на клиниката.

Петровски во телефонски разговор за Канал 5 вели дека се сомнева дека е разрешен поради тоа што за време на годишен одмор дошол на вонредно дежурство, поради дефицит на кадар, нешто што со закон според него е дозволено.

„Имам право да дежурам според закон за работни односи, каде што сам се откажувам од правото на одмор и сам се пријавувам кога има потреба од дежурство. “

На разрешувањето реагираа и вработените од токсикологија.

Случувањата на токсикологија со недеи беа во фокусот на јавноста поради низата скандали поврзани со функционирањето на клиниката. Министерот за здравство уште пред изборите најави разрешување на Петровски затоа што не ги продолжил договорите на 18 те хонорарци.

13- годишно момче од Битола починало на роденденска забава

Момче (13) од Битола починало во неделата на роденденска забава.

Трагедијата се случила во атарот на селото Крстоар, додека момчето славело со другарите.

На момчето околу 15 часот и 30 минути му се слошило додека си играло со момчињата, а присутните веднаш повикале брза помош, која го пренела во болницата во Битола.

По пристигнувањето во болница, момчето не давало знаци на живот, а лекарите по 40 минути реанимација можеле само да констатираат смрт.

Од полицијата изјавија дека не се познати причините за смртта и дека телото ќе биде испратено на обдукција. Исто така, како што наведоа, на телото не биле забележани траги на насилство.

Црната боја - признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената за ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување коешто открива дека човек е вообичаено „најпривлечен“ за другите, но им изгледа и „најпаметно“ и „најсамоуверено“ во црна облека.

Обемното истражување на британската интернет-продавница „Бајшртсонлајн“ (Вuytshirtsonline) во коешто учествувале повеќе од 1.000 испитаници, во таа смисла, посочува оти црната боја е на место бр. 1... Поточно, луѓето кои носат црна облека - и жени и мажи, другите ги гледаат како најпривлечни, најинтелигентни и со најголема самоувереност.

Во категоријата за самодоверба, црвената боја е на второ место, а на прво место во разредот ароганција. Црвената е место бр. 2 и во категоријата за привлечност, па и тука е веднаш зад црното, а трета е сината боја. Само 12 отсто од испитаниците го поврзуваат црвената облека со интелектот.

Луѓето кои носат жолта, портокалова и розова облека, испитаниците ги сметаат за најмалку интелигентни. Луѓето кои носат кафена облека се сметаат за најмалку привлечни. /МИА

притисни ентер