Советничка група на ВМРО ДПМНЕ: Шилегов да каже кога повеќе ги лажеше скопјани, сега кога се самопрогласи за ненадлежен, или кога ветуваше враќање на животот на Езеро Треска

Неуспехот за возобновување на езерото Треска е директен неуспех и последица на неспособноста на Петре Шилегов, се наведува во соопштенеито од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Град Скопје.

Груба невистина е правдањето на Шилегов дека поради тоа што се пренесени надлежностите од градот Скопје на општината Сарај, тој не може да реагира и да ја спаси Треска. Ако тоа е така зошто тогаш Петре Шилегов свесно ги донесе во заблуда Скопјани кога во својата програма вети „рехабилитација на езерото Треска“, кој го опишува за негов „стратешки приоритет“. Во неговата програма на страница 27, стои ветување „Излетнички центар назад кај граѓаните“. Шилегов „ветува со неговото враќање во надлежност на градот и со негова ревитализација, Скопје и скопјани добиваат излетничко место за одмор, култура, забава, за кампување и разладување во летните денови. Ревитализацијата на комплексот „Треска“ е истовремено и социјална и културна мерка“ стои во програмата на Шилегов.

Дополнително градот Скопје на почетокот на мандатот издвои 7 милиони денари за изработка на проект за ревитализација од кој по 3 години нема буквално ништо. Сега кога се поставува на маса ова неостварено ветување Шилегов вели дека тоа не е негова надлежност. Оттука го прашуваме Шилегов кога ги лажеше Скопјани повеќе, сега кога вели дека не е негова надлежност езеро Треска или пред три години кога во програма ветуваше враќање во живот на езеро Треска.

Ќе потсетиме дека и за дивите платформи на „Матка“ Шилегов ветуваше дека ќе се срушат, но откако се изградија тој се прогласи за ненадлежен.

Веројатно Шилегов се навикна да си дава вака евтини автоголови, адекватно на неговата евтина квазиреторика и политиканство, својствени за градоначалник политикант како што е Шилегов.

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Маск пристигна на Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан.

Американскиот милијардер Илон Маск денеска пристигна на индонезискиот остров Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк на Спејс Икс за индонезиската Влада, која се надева дека со тоа ќе го зголеми продорот на интернет и здравствените услуги во оддалечените делови на огромниот архипелаг.

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан и најави дека ќе разговараат за соработка, вклучително и достапност на Старлинк.

Панџаитан истакна дека еднаквиот пристап до Интернет низ Индонезија, островска држава во Југоисточна Азија со повеќе од 270 милиони луѓе кои живеат во три временски зони, ќе им овозможи на луѓето во оддалечените области да уживаат во истата удобност на Интернет со голема брзина, како и оние во урбаните области.

„Старлинк доби лиценца за работа во Индонезија како давател на интернет сервис провајдер“, потврди Панџаитан.

Маск попладне ќе присуствува на промоцијата на Старлинк со индонезискиот претседател Џоко Видодо. Индонезија е третата земја во Југоисточна Азија каде што ќе функционира Старлинк, по Филипините и Малезија./МИА

Путин одржа состанок за поплавите и пожарите во Русија

 Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со министерот за вонредни состојби Александар Куренков и министерот за природни ресурси и животна средина Александар Козлов за да разговараат за поплавите и пожарите.

„Имаме неколку теми. Да почнеме со главната, актуелната, најжешката во буквална смисла на зборот“, рече Путин.

Тој рече дека додека поплавите се уште траат во еден дел од земјата, во некои региони има и пожари или опасни состојби од пожари.

„Властите мора веднаш да ги проценат штетите од поплавите за да почнат со обнова на станбениот фонд до крајот на летната сезона. Мораме веднаш да ја процениме штетата на домаќинствата. Сето тоа треба да се исуши - и тоа на време. Летото брзо ќе помине, а во текот на летото треба да направиме што повеќе за да го вратиме станбениот фонд“, нагласи Путин. /МИА

Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија

Украина ги уништи сите 37 беспилотни летала лансирани синоќа од Русија против цели на многу места во земјата, соопшти украинското воздухопловство.

Во соопштението се наведува дека уништените беспилотни летала „Шахед“ биле насочени кон главниот град Киев и украинските градови Одеса, Миколаив, Суми и Виница, како и цели во регионите Житомир, Черкаси и Херсон./МИА

притисни ентер