Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо Шилегов да праќа разгледници и фотографии, зошто криеја и лажеа дека се набавуваат три џипа?

Наместо Шилегов да праќа разгледници и фотографии главната дилема е зошто ја лажеше јавноста дека нема да се купат службени џипови? 

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од град Скопје го повикува Шилегов да одговори кога ја лажеше македонската јавност повеќе, кога неговиот директор Коста Начевски вели дека нема да се купат џипови за службени возила, или кога ја чу снимката на претставникот на Дрисла каде има директно признание за купување на три нови џипови, наместо багери за претпријатието.

Наместо Шилегов да праќа разгледници и фотографии главната дилема е зошто ја лажеше јавноста дека нема да се купат службени џипови? Не е прашањето каква е состојбата сега и каков автомобил вози директорот, туку зошто криеја и лажеа дека се набавуваат три џипа?

Ако имало било што криминално во работењето на Дрисла Шилегов две години е градоначалник, а централна власт во државата е неговата партија и Зоран Заев.

Петре Шилегов наместо да троши пари за џипови кој ќе ги користи Коста Начевски треба да купи механизација за работниците во Дрисла.

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

Тешка сообраќајка на „Водњанска“, повредени седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „БМВ“, автомобил „Ауди“, и две паркирани патнички возила „Голф“ и „Мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки, соопштија од МВР..

Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, но причините се уште не се познати.

притисни ентер