Совети за долготрајна свежина на цвеќето - Канал 5

Совети за долготрајна свежина на цвеќето

 Цвеќињата внесуваат посебен шарм, ведрина и радост во секој дом, па доколку жената добие посебен цвет или букет како подарок, можно е на едноставен начин да се зачува неговата свежина и до 10 дена.

Совети за долготрајна свежина на цвеќето

Имено, првиот чекор за зачувување на свежината на цвеќето е правилно сечење на стеблото. Тоа треба да се исече под агол од 45 степени, додека сѐ уште е под вода. Оваа постапка го спречува влегувањето на воздух во стеблото, со што се овозможува подобро впивање вода. Корисно е - водата во садот во којшто се чуваат цвеќињата, секогаш да биде свежа. Совет: Менувајте ја секојдневно и за да се спречи развој на бактерии што го забрзуваат гниењето.

Се советува и да се избегнува користење премногу ладна или премногу топла вода. Најдобрата температура на водата за повеќето цвеќиња е собна температура, што овозможува подобра апсорпција на вода и подолг животен век на цвеќето.

Спреј со млако-ладна вода е корисен за ливчињата. Повремено попрскување помага да се задржи влагата на растението. Исто така, треба да го држите цвеќето советот подалеку од овошје бидејќи тоа испушта етилен гас што може да го забрза процесот на гниење.

Како и со промената на водата, неопходно е периодично да се чисти вазната од наслаги на алги и нечистотија.

Исто така, се препорачува вазната со цвеќето да се стави на ладно и темно место, подалеку од директна Сончева светлина, но и провев. Прекумерното Сонце и топлина имаат негативен ефект врз цвеќето. Постудена средина, од друга страна, му помага да остане свежо подолго, пишува порталот „Кликс“.

Покрај тоа, треба редовно да ги отстранувате оштетените цветови и лисја, бидејќи сувите делови го забрзуваат процесот на гниење.

За дополнителна нега на цвеќето, може да се додаде и малку шеќер во водата. Тоа ќе послужи како хранлив извор на енергија за цвеќето. А, малку оцет може да ја одржи водата свежа.

Консеисао: Милан сè уште не го освои трофејот

Тренерот на Милан, Серхио Консеисао побара да се создава еуфорија по победата над Интер синоќа (3:0) во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија.

Консеисао: Милан сè уште не го освои трофејот

- Имавме тешки моменти во првите неколку минути, но успеавме да постигнеме гол пред паузата. На полувреме подобривме некои работи и потоа навистина одигравме на високо ниво. Тимот има силни квалитети, како и скромност и желба за победа на секој натпревар. Јас сум љубител на овој спорт и се грижам за него повеќе од кој било друг. Го носам фудбалот дома, па и мојата сопруга ќе биде задоволна од овој резултат. Стоиме цврсто на нозе и се уште ништо не сме освоиле. Треба да играме во финалето и да ја промениме ситуацијата во Серија А за да го подобриме нашиот имиџ, изјави Консеисао за „Football Italia“.

Милан во финалето ќе игра против победникот од натпреварот Емполи – Болоња (прв натпревар - 0:3).

Од денеска привремена промена во сообраќајот на патот Желино - Тетово поради геодетско снимање

Од денеска ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино - Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. 

Од денеска привремена промена во сообраќајот на патот Желино - Тетово поради геодетско снимање

На овој дел од патот ќе се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. АМСМ соопшти дека работите ќе траат до нивно завршување.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

Повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар за основци

Министерството за образование и наука објави повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар за ученици во основното образование и наставниците што ги подготвиле за натпреварот. 

Повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар за основци

-Натпреварот треба да биде организиран од акредитирано здружение на наставници. Барањата од ученикот, односно од неговиот наставник за исплата на парична награда за освоено прво место на натпревар на државно ниво во учебна година се доставуваат до Министерството најдоцна до 31 декември во тековната година кога е организаран натпреварот, се наведува во повикот на МОН.

Ученикот, заедно со наставникот кој го подготвувал за натпреварот, треба да достави електронска пријава на порталот: http://e-uslugi.mon.gov.mk со која во прилог доставува и документи кои се наведени во објавениот повик.

притисни ентер