Состанокот на министрите на Е3 и ЕУ со Арагчи заврши без конкретен напредок - Канал 5

Состанокот на министрите на Е3 и ЕУ со Арагчи заврши без конкретен напредок

Тоа беше првата директна средба меѓу западните и иранските претставници од почетокот на конфликтот на земјата со Израел.

Состанокот на министрите на Е3 и ЕУ со Арагчи заврши без конкретен напредок

Состанокот на министрите за надворешни работи од Велика Британија, Франција, Германија (Е3) и Европската Унија со иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи заврши синоќа во хотел во Женева по околу три и пол часа директни разговори без конкретен напредок.

Тоа беше првата директна средба меѓу западните и иранските претставници од почетокот на конфликтот на земјата со Израел, а според медиумските извештаи, таа донесе надеж за понатамошни разговори, но немаше знаци за каков било конкретен напредок кон завршување на израелско-иранскиот конфликт, кој започна на 13 јуни.

-Добриот резултат денес е што ја напуштаме просторијата со впечаток дека иранската страна е во основа подготвена да продолжи со разговорите за сите важни прашања, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул по состанокот.

Тој рече дека претставниците на европските земји и Иран имале „многу сериозни разговори“.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами рече дека постои желба за продолжување на разговорите со Иран.

-Сакаме да ги продолжиме тековните дискусии и преговори со Иран и го повикуваме Иран да продолжи со разговорите со САД, рече Лами.

Тој додаде дека европските претставници на состанокот јасно рекоа дека „Иран не може да има нуклеарно оружје“.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро рече дека „воените операции можат да ја забават нуклеарната програма на Иран, но никогаш не можат да ја елиминираат“.

-Добро знаеме, откако видовме што се случи во Авганистан, Ирак, Либија, колку е илузорно и опасно да се сака да се наметне промена на режимот однадвор“, рече тој.

Баро рече дека европските земји „го повикале иранскиот министер да разгледа преговори со сите страни, вклучително и САД, и без да чекаат крај на државниот удар“.

Францускиот министер за надворешни работи рече дека за време на состанокот, иранскиот министер за надворешни работи се согласил „да ги стави сите прашања на маса, вклучително и некои што не беа таму претходно“ и дека „покажал подготвеност да ги продолжи разговорите“.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, изјави дека учесниците на состанокот се согласиле да „разговараат за нуклеарните, но и за пошироките прашања“ што постојат и да „ги одржат дискусиите отворени“.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, им изјави на новинарите по состанокот дека поддржува „продолжување на разговорите со Е3 и ЕУ“ и „изрази подготвеност повторно да се сретне во блиска иднина“.

Арагчи ги осуди израелските напади врз нуклеарните постројки на Иран и изрази „длабока загриженост“ за, како што рече, недостатокот на осуда од страна на европските земји.

Лами пристигна во Женева по средбата во Вашингтон со американскиот државен секретар Марко Рубио и претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!

Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. 

Ѓорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!

„Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм.

Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски.

Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ.

Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце.

Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци.

За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм.

Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ.

Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви.

Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила.

Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“!

За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

СДСМ целосно ги поддржува барањата на професионалните војници за еднакви права и достоинствени услови за работа и пензионирање. 

СДСМ:  Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Дискриминацијата со која што денес се соочуваат припадниците на Армијата е недозволива.

Неправедно е поранешните припадници на Армијата кои заминале во пензија пред 14 февруари 2024 година да имаат значително помали отпремнини од оние кои се пензионирале по овој датум.

По кој основ луѓето кои со години и служеле на државата и ја извршувале истата должност да бидат различно вреднувани? Сите војници заслужуваат еднакви права и правичен третман од државата.

Луѓето кои ја чуваат безбедноста на државата заслужуваат сигурност и достоинствени плати.

Го поддржуваме барањето на професионалните војници за трансформирање на работниот однос на неопределено време после петта година како што предвидува Законот за работни односи и за зголемување на платите.

Откако е Мицкоски на власт, две години нема зголемување на платите во Армијата.

Во мандатот на владата на СДСМ значително се подобрија условите за сите припадници на Армијата, како и за вработените во одбраната.

Платите на воениот персонал - офицерите, подофицерите и професионалните војници, но и на цивилните лица на служба во Армијата, етапно беа зголемени за 15 проценти.

СДСМ го обезбеди членството во НАТО во 2020 година. Треба условите да се подобруваат постојано а не да се влошуваат.

Со ВМРО парите завршуваат во криминални тендери. Владата на Мицкоски нема пари за поголеми плати во Армијата – нема за работниците, нема за земјоделците, едноставно нема пари за граѓаните. Државната каса ја киднапираа за свои бизнис интереси.

СДСМ ќе поднесе законско решение во Собранието согласно барањата на професионалните војници - за обезбедување сигурност и достоинство на сите војници.

Армијата е чувар на безбедноста на државата, како членка на НАТО мора да имаме силна одбрана, задоволни и мотивирани војници, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер