Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
1Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
МакедонијаСостанок во ЦУК поради лизгање на земјиште во близина на улиците „Белградска“ и „Патеније Зографски“ во СкопјеЛизгање на дел од земјиштето на падините на Водно, помеѓу улиците Белградска и Партеније Зографски, беше причина за итен координативен состанок меѓу директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али и градоначалникот на општина Центар.Лизгање на дел од земјиштето на падините на Водно, помеѓу улиците Белградска и Партеније Зографски, беше причина за итен координативен состанок меѓу директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски. Жителите на овој дел од водно велат дека со години се соочуваат со постепено свлекување на земјиштето под дворовите и стравуваат за нивната безбедност.. Зад камерата на Канал 5, жителка сведочи дека нејзината куќа е во континуиран ризик, поради подземните води кои циркулираат таму, но и затоа што земјиштето пропаѓа при секои пообилни врнежи....таа додава дека и покрај нивните барања за изградба на потпорен зид институционална реакција досега немало...стравуваат дека ако нешто не се направи, многу бргу може да има и материјална штета. - Од она што може да се забележи на терен земјиштето кое што се лизга е практично дел од самите дворови на дел од жителите овде, меѓутоа во близина има и стамбени згради, деловни објекти инфраструктура и патишта. Она што ги загружува граѓаните е дека тоа може да предизвика дополнителен проблем, иако за сега нема никакви штети. На итниот координативен состанок на надлежните се разговарало токму за реалната опасност и ризикот за жителите кои живеат во непосредна близина на критичниот потег се разговарало денеска на итниот координативен состанок..Од ЦУК велат се договориле да се изработи ургентен план за стабилизирање на зоната, кој ќе опфати геомеханички испитувања, зајакнување на косината со потпорни конструкции каде што е возможно, уредување на одводните канали и дренажните системи, како и привремени технички мерки за намалување на ризикот од ново лизгање. Сите заклучоци од состанокот ке бидат испратени до владата. Во близина на критичното место, се наоѓа и потпорниот ѕид кај Детската клиника, кој при слични временски услови пред година и половина попушти и се урна. Тогашниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов кажа дека под улицата Белградска постои систем од шахти и подземни што дополнително ја нарушува стабилноста на ѕидот.. Потпотниот ѕид кај детската клиника се уште не е саниран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрама во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од домаТурските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата. SON DAKİKA / İstanbul Sarıyer’de aslan paniği: Yakalama çalışması başlatıldı İstanbul’un Sarıyer ilçesine bağlı Uskumruköy Mahallesi’nde aslan görüldüğü bildirildi. Aslanın yakalanması için bölgede çalışma başlatılırken, yetkililer çevrede yaşayan vatandaşları dikkatli ve tedbirli olmaları konusunda uyardı. Aslan termal kameralar ve güvenlik kameralarıyla tespit edildi. — Aykırı (@aykiri) November 22, 2026 Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си. Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики. Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаЕвростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат децаДве третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале издржувани деца. Интересно е што македонија отстапува од европскиот просек. Во Европската унија дури 76,6 проценти од домаќинствата немаат деца, а само 23,3 проценти имаат издржувани деца. Дополнително, просечниот број деца по домаќинство во македонија изнесувал 0,60, што е за една четвртина помалку во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80. Македонските домаќинства се поголеми и според бројот на членови. Просечната големина се движи меѓу 3,1 и 3,2 лица, наспроти европскиот просек од околу 2,3 члена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook