МакедонијаСослушани сведоци на судењето за случајот „Онкологија“Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев.Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Пред Судот беа сослушани тројца оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија на Клиниката за онкологија. Двајца денеска сослушани сведоци во случајот „Онкологија“ најавија отштетено побарување и се приклучија на кривичниот прогон, додека еден рече дека ниту бара отштета, ниту се се приклучува кон кривичниот прогон, нагласувајќи дека дури е благодарен на доктор Нино Васев. Првиот сведок, чија сопруга била пациент на Нино Васев на Онкологија, одговарајќи на прашања од обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, рече дека во 2013 била оперирана во приватна болница и девет години била добра, но повторно се појавил проблем за кој требало да се вршат испитувања во Турција или Словенија. - Се одлучивме за болницата Коч, во Турција. Закажавме преглед, кажаа дека е во прогрес и дека треба што поскоро да почне со хемотерапија. Ни рекоа да чекаме шест месеци, и бевме во дилема. Се вратиме во Македонија со целата дијагноза и терапија што требаше да се прима. Дојдовме до врска до доктор Нино, не прими, рече дека може таа терапија и кај нас да ја давам, што не се турски. Рече дека може веднаш да се почне со терапија, изјави сведокот. Сведокот рече дека на 21 ден ја носел да прими хемотерапија, како и неколку зрачења и витамински терапии. - Првото зрачење требаше да биде четири дена, но по првото рекоа дека нема потреба. Не викнаа во канцеларија докторот Васев и Мери беше, рекоа во ред е не се плашете, таква е терапијата, појасни сведокот. Но, како што рече сведокот, состојбата се влошувала и правеле и други консултации, дури биле повторно и во Турција, но немало ефект. Другиот сведок, чија сопруга, исто така, била пациент на Онкологија, кај Нино Васев од 2007-8 година. -Во 2005 година и беше констатиран рак на дојка. Иако беше свесна, не сакаше да прима терапии. Некоја година подоцна, јас инсистирав нешто да се преземе, меѓутоа не можеше да се најде, па се насочивме повеќе на храна и алтернативни методи. Користевме разни методи, но немаше некое посебно влошување поради што сметавме дека сме на вистински пат, изјави сведокот. Тој рече дека барал доктор кај кого можел да се лекува, па го упатиле кај Нино Васев. - До 2017 немаше никакви влошување дури и смалување. Мислевме дека готово, се заврши работата, меѓутоа есента 2017 ја скрши раката. За кратко време се зголеми многу туморот и требаше да се направи операција. Се оперираше во приватна болница, по што беше на хемотерапија и сите анализи покажаа дека нема веќе ништо, се е исчистено, рече сведокот. Кон 2020 година, сведокот рече дека повторно почнала да чувствува рекации и по предлог на доктор Нино Васев, направиле снимање на глава, бидејќи почнал да и се менува говорот. - На магнетна резонанца се покажа некое топче во главата. Во 2021 беше оперирана на тумор на главата. Операцијата не беше многу успешна и за кратко време се повтори. За цело време примаше терапија, но ништо не и помагаше. Имаше и зрачење и ништо, изјави сведокот. Сведокот рече дека е многу благодарен на доктор Нино Васев, што со неговата терапија и помош, неговата сопруга успеала да дочека дипломирање на синот и дури да прошетаат низ Европа. - Мое лично мислење е дека многу пократко ќе завршеше нејзиниот живот ако останеше да се лекува како претходно. Не се приклучувам на кривичен прогон, напротив, изјави сведокот. Последниот сведок, чиј татко бил пациент кај Нино Васев на Клиниката за онкологија во 2021 година, кажа дека цело време бил со него и знае за терапијата што ја примал. - Кога почна со терапијата во октомври, почна со хемотерапија и имунотерапија. Тоа траеше до декември, потоа во јануари отиде на зрачење, по што продолжи да прима терапија до јуни-јули 2022 година. Како што минуваа месеците, тој беше се послаб и послаб. Освен кога имаше зрачење на мозокот и примање на инфузија за мозокот имаше подобрување, можеше да движи и збори. Без таа терапија манитол немаше ориентација, беше поспан и му се вртеше, изјави сведокот. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Снежана Марковска. Следното рочиште е на 9 февруари, за кога, како што е најавено, ќе треба да се почне со сослушување на вешти лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството. За сослушување на вештите лица од Словенија се закажани повеќе рочишта во февруари. Согласно најавената динамика, кон крајот на март, ќе треба да се почне со сослушување на вешти лице од Србија, кое, исто така, работеле медицински вештачења на Обвинителството. Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев, заедно со уште двајца онколози Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката започна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина пред Судот, по што Судот ја осуди на две години условна казна затвор. Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба. Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет. Тагови: Клиниката за онкологија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Здравје Дали пешачењето е тренинг - Одговор на стручни лица по фитнес и физиотерапијаПешачењето во последно време стана најпопуларна препорака за движење. Се бројат чекори, се препорачуваат дневни и вечерни прошетки, а социјалните мрежи се полни со предизвици за подобра кондиција и здравје.Но, дали обична прошетка може да се смета за тренинг? Еве што велат стручните лица. Зависи како пешачите Ебенезер Семјуел, директор за фитнес во „Men's Health“, ја објаснува важната разлика помеѓу физичката активност и тренингот. Иако секое движење се смета за физичка активност, тренингот подразбира оптоварување на телото што треба да доведе до одредени адаптации – како што се подобрена кондиција, поголема сила или зголемена издржливост. Затоа обична прошетка до продавница нема да се смета за тренинг за една личност, додека брзото, планско пешачење може да претставува сериозна физичка активност за друга. Многу работи зависат од почетната кондиција на поединецот. Тренерот и експерт за вежбање Доменик Анџелино смета дека пешачењето може да послужи како основа за програмата за вежбање, под услов да е намерно и структурирано. Со други зборови, постои разлика помеѓу чекорите што случајно ги правиме во текот на денот и одењето на прошетка со конкретна цел – движење во одредено времетраење и со одреден интензитет. За некои, 7.000 чекори се сметаат за тренинг; за други – не. Физиотерапевтот Марио Мехија ја истакнува важноста на нивото на кондиција. За некој што штотуку започнува со вежбање, се враќа на активност по повреда или е постаро лице, пешачењето може да биде исклучително корисна форма на аеробна активност. Од друга страна, малку е веројатно дека некој што тренира интензивно пет или шест пати неделно ќе забележи значителен напредок во кондицијата само со правење 7.000 чекори во текот на денот. За такво лице, пешачењето сепак е корисно, но не мора нужно да го замени вистинскиот тренинг. Токму затоа физиотерапевтот Кајл Санчез го смета интензитетот за клучен фактор. Ако сакате обичното пешачење да го претворите во тренинг, можете да го зголемите темпото, да го продолжите времетраењето, да пешачите по нагорнина или намерно да го менувате интензитетот. Тоа не значи дека пешачењето „не се важи“ Дури и кога не е доволно интензивно за да се смета за тренинг, пешачењето сепак нуди бројни здравствени придобивки. Експертите од *Men's Health* нагласуваат дека луѓето треба да пешачат без оглед на нивното ниво на физичка подготвеност. Ова го потврдуваат и официјалните препораки. Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) го наведува брзото одење како пример за физичка активност со умерен интензитет, препорачувајќи возрасните да имаат најмалку 150 минути таква активност неделно, заедно со вежби за зајакнување на мускулите најмалку два дена во неделата. Редовната физичка активност е поврзана со подобар квалитет на сонот, пониско ниво на анксиозност и понизок крвен притисок, а истовремено го намалува долгорочниот ризик од разни хронични болести. Заклучокот е едноставен: пешачењето е одлична форма на движење и може да послужи дури и како вистински тренинг – под услов да претставува доволен предизвик за вашето моментално ниво на подготвеност. Ако сакате да напредувате по пешачењето, не мора нужно да почнете со трчање. Понекогаш е доволно само да го зголемите темпото, да вклучите нагорнини или постепено да ја зголемувате рутата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизХајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата. Хајди не се крие Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“. Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен. „Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа. Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди. Таа не сака инјекции за слабеење Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“. Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЖена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случајМаж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево. Жена пренесена во Женева на лекување Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook