Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
2Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
ФудбалСосиедад сигурен против Хихон Фудбалерите на Реал Сосиедад забележаа победа со 3:1 против Спортинг Хихон во последниот натпревар од 31.коло на шпанската Примера.На средбата одиграна синоќа во Сан Себастијан головите за домашниот тим ги постигнаа: Вилиан Хосе (3.минута). Хуанми (27) и Јури Изета (77), додека почесниот погодок за Хихон го постигна Елдерсон Екиејиле (87). Со новите три бодови Сосиедад се проби на шестото место на табелата кое носи пласман во Лига Европа следната сезона и сега има два повеќе од Еибар и Атлетик Билбао. Спортинг Хихон остана на 18-ти во зоната за напуштање на Примера. На претходно одиграните натпревари од ова коло беа постигнати следниве резултати: Лас Палмас – Бетис 4:1, Осасуна – Легањес 2:1, Селта Виго – Еибар 0:2, Гранада – Валенсија 1:3, Малага – Барселона 2:0, Севиља – Депортиво Ла Коруња 4:2, Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 1:1, Еспањол – Алавес 1:0 и Виљареал – Атлетик Билбао 3:1. Табела: Реал Мадрид 72 бодови, Барселона 69, Атлетико Мадрид 62, Севиља 61, Виљареал 54, Реал Сосиедад 52, Еибар 50, Атлетик Билбао 50./.МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
МакедонијаСДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во СрбијаОрганизираната криминална група ВМРО денес се обидува да побегне од Александар Вучиќ и од нивната сестринска партија СНС. Касно е за перење. Не може Мицкоски да се испере од Вучиќ. Токму Вучиќ управува со Мицкоски и со ВМРО. Граѓаните паметат и знаат. Знаат за бизнис-мрежите на Мицкоски во енергетиката што водат кон Србија преку Адамавиќ и Руднап. Знаат за петте тони дрога што од Македонија завршија во Србија кај сестринската СНС а никој не одговараше се уште. Знаат за Алта банка која Европа ја забрани а Мицкоски и Славевски ја внесоа во Македонија. Знаат за медиумите на Вучиќ и Орбан, за ботовите и платформите на СНС кои ги поддржуваат ВМРО и Мицкоски . Знаат за влезот на српскиот Евроњуз и Ало група, во сопственост на Вучиќ. Знаат за 4iG, за истите лобисти на Мицкоски и Вучиќ, за антимонот. Граѓаните знаат дека позади сето ова стои криминална организација, целосно поврзана меѓу СНС и ВМРО, спрегата Мицкоски - Вучиќ. Не се брише вистината со едно панично соопштение на ВМРО. Но ние знаеме зошто е паниката. Следуваат разврски, следуваат истраги во Србија, следува одговорност. Скопје, 27.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
ЖивотСкандал ! Поранешната Мис на Швајцарија го обвини Трамп за силување, Белата куќа со итна реакцијаПоранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година.Поранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година, се наведува во извештајот објавен во понеделникот од страна на демократите во Претставничкиот дом. Кеул претходно, во октомври 2024 година, тврдеше дека Трамп ја допрел без нејзина согласност за време на истиот инцидент, но тогаш изјави дека нападот не отишол подалеку, пренесува „Телеграф“. Во разговорите со вработените во демократските комисии, таа сега излезе со тврдења дека Трамп ја силувал, наведувајќи дека ѝ го скинал фустанот и ја повредил, а потоа ѝ се заканил за да ја принуди на молк. Според нејзиното сведочење, Кеул го запознала Трамп кога имала 24 години, на прес-конференција за натпревар за доделување награди во хотелот „Плаза“, кој во тоа време бил во негова сопственост. Таа изјави дека Трамп ѝ ветил помош околу добивањето виза и запишувањето на Универзитетот во Њујорк, а дека по нивниот разговор, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин ѝ пристапил и ја поканил на забава во резиденцијата на Трамп, „Мар-а-Лаго“. Белата куќа ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги обид на демократите да го одвлечат вниманието од достигнувањата на администрацијата на Трамп. Трамп претходно негираше дека сторил нешто лошо поврзано со Епштајн и тврдеше дека го прекинал пријателството со него долго пред да се појават сомневања за неговите криминални активности. Што содржи извештајот? Извештајот на демократите, исто така, вклучува изјави од уште четири жени кои го обвинија Трамп за силување или сексуален напад. И сто така, се тврди дека Трамп, Епштајн и други наводно го користеле натпреварот во хотелот Плаза за да пронајдат ранливи млади жени и девојки. Членот на Комитетот, Џејми Раскин, рече дека пет жени директно го обвиниле Трамп за силување или сексуален напад во друштво или присуство на Епштајн, додека други тврдат дека Епштајн или неговата соработничка Џилијан Максвел се обиделе да ги предадат на Трамп. Раскин, исто така, го обвини Министерството за правда на САД за прикривање злосторства за да го заштити претседателот. Белата куќа ги отфрли обвинувањата во извештајот.Тагови: Доналд Трамп Епстин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија17-та Школа за млади лидери на Претседателот Иванов: „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам.“Вчера започна 17-тата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, која годинава се одржува под темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам.“ Програмата се реализира од 26 октомври до 7 ноември 2026 година, во комбиниран формат, со онлајн сесии од 26 до 29 октомври и со програма со физичко присуство од 31 октомври до 7 ноември во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид. Школата традиционално беше отворена со обраќање на нејзиниот основач, претседателот Ѓорге Иванов, по што следеа обраќањата на Берти Ахерн, поранешен премиер на Ирска (1997–2008) и еден од главните архитекти на Договорот од Велики петок од 1998 година, и Рик Хатавеј, коосновач на Global Learning Lab International. Модератор беше Иван Иванов од Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“. Во своето воведно обраќање, претседателот Иванов ја разработи годинашната тема, осврнувајќи се на промените во современиот свет и на одговорноста на младите да учествуваат во нивното обликување. Тој го истакна концептот на „креативно малцинство“ како двигател на цивилизациските промени – луѓе кои размислуваат самостојно, преземаат иницијатива и создаваат решенија, наместо да очекуваат тие да дојдат од другите. Говорејќи за новиот прагматизам, Иванов се осврна на искуството на Сингапур, истакнувајќи ги меритократијата, прагматизмот и чесноста како принципи на неговиот развој. Ја нагласи потребата знаењето и идеите да се поврзат со практична мудрост, разбирање на контекстот и способност да се одговори на реалните предизвици, при што чесноста останува основа на одговорното лидерство. Посебно внимание посвети на „когнитивниот суверенитет“ – зачувувањето на самостојноста на сопственото мислење во услови на дигитална преоптовареност и надворешни влијанија. Тој ги поттикна учесниците да одвојуваат време за дигитален детокс, читање книги и саморефлексија, развивајќи ја способноста критички да ги преиспитуваат информациите и да донесуваат сопствени, промислени одлуки. Осврнувајќи се на кризата на либералната демократија и либералниот економски модел, Иванов истакна дека на новите лидери им е потребна не само карта, туку и компас — вредносна ориентација и расудување што ќе им помогнат да се движат низ неизвесноста. Во таа насока ја постави и мисијата на Школата: да ги поттикне младите да развиваат независно мислење, практична мудрост и одговорност за сопственото дејствување. Со завршната порака младите да не чекаат нов свет, туку активно да го создаваат, тој ја отвори 17-тата Школа за млади лидери. Поранешниот премиер на Ирска, Берти Ахерн, во своето обраќање истакна дека лидерството подразбира одговорност, внимателно расудување и подготвеност за донесување тешки одлуки. Споделувајќи искуства од мировниот процес во Северна Ирска и постигнувањето на Договорот од Велики петок, ја нагласи важноста на дијалогот, трпението и градењето доверба, посочувајќи дека компромисот не е слабост, туку чин на храброст. На младите лидери им порача да слушаат внимателно, да бидат отворени кон различни перспективи и секогаш да ги ставаат луѓето во средиштето на своето дејствување. Ахерн ја истакна и неопходноста од меѓународна соработка, нагласувајќи дека ниту една држава не може сама да одговори на современите глобални предизвици. Рик Хатавеј, во своето обраќање за лидерството со општествено влијание, истакна дека успехот на лидерите се мери според нивниот придонес кон заедницата, повикувајќи на премин од стремежот да се биде „најдобар во светот“ кон стремежот да се биде „најдобар за светот“. Тој нагласи дека идеалите и посветеноста треба да се преточат во конкретни, мерливи резултати преку прагматичен пристап и ефикасно дејствување. Како клучни насоки ги издвои соработката меѓу приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор, градењето одржливи системи што ќе им служат и на идните генерации и внимателното слушање на вистинските потреби на луѓето. На младите лидери им порача да ги користат своите знаења, истрајност и влијание за суштински општествен напредок и за поддршка на следната генерација лидери. Заедничка порака од обраќањата беше дека лидерството се потврдува преку интегритет, одговорност и конкретни резултати што го подобруваат животот на луѓето и заедниците. Годинашната програма на Школата ги става во фокус одговорното расудување, етичкото одлучување и примената на знаењето во решавањето на современите предизвици. Особено внимание ќе биде посветено на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз начинот на кој учиме, работиме и водиме, како и на човечките вредности и одговорноста во користењето на новите технологии. На годинашната Школа учествуваат 40 млади од осум држави – Македонија, САД, Азербејџан, Турција, Египет, Јапонија, Непал и Авганистан. Со различни образовни и професионални профили, учесниците се обединети од интересот за лидерство, личен развој и општествен ангажман. Меѓународниот состав овозможува размена на различни перспективи и искуства и создавање врски за идна соработка. Програмата обединува менторство, предавања, интерактивни работилници, дискусии и групни проекти, со учество на триесетина предавачи од земјата и од странство. Учесниците ќе имаат можност да ги развиваат своите лидерски и комуникациски вештини, да работат на заеднички решенија и да разменуваат искуства со предавачи и млади луѓе од различни професионални и културни средини. Предвидени се и проектни задачи со практична примена на вештачката интелигенција, ораторска вечер, еколошка акција и запознавање со културното и историското наследство на Охрид. Меѓу годинашните предавачи и говорници се Рза Алиев, генерален секретар на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“; д-р Рашела Мизрахи, пратеничка во Собранието; Кордел Картер, основач и извршен директор на Project on Belonging; проф. Колин Снајдер од Универзитетот на Тексас во Тајлер; Мајк Коб, стратег за иновации и организациска извонредност; и Зоран Јолевски, поранешен министер за одбрана и поранешен амбасадор во САД. Своето знаење и искуство ќе го споделат и Филип Нелковски, стипендист на Stanford CDDRL; Емануел Штадлер, коосновач и извршен директор на Optimentum; Јакуб Поплухар, обучувач и консултант за вештачка интелигенција; Војдан Карапетковски, извршен директор на Kara5; Илија Тоневски, извршен директор на Delfino Mobility Group; и Стојче Стаменковски, посебен советник за комуникации во Кабинетот на министерот за надворешни работи и надворешна трговија. Предавања и работилници во рамките на програмата ќе одржат и Сања Митровска, основачка и извршна директорка на Networker и креаторка и водителка на The Founder Games™; Ана Секуловска, програмска директорка на Startup Club Skopje; Зоран Костовски, директор на „Мотива“; Ранко Безар, консултант за менаџмент; м-р Ивана Хаџиванова, психолог и психотерапевт; како и Анастасија Илиевска, претседателка на Алумни асоцијацијата „Иванов Школа за лидери“ (ISLAA) и специјалист за јавен настап и говор на телото. Посебен дел од програмата е сесијата со светски познатиот економист проф. д-р Џефри Сакс, директор на Центарот за одржлив развој при Универзитетот Колумбија и претседател на Мрежата на ОН за решенија за одржлив развој. Неговата работа е посветена на глобалниот развој, намалувањето на сиромаштијата и одржливоста, а неговото учество ќе им овозможи на младите да се запознаат со перспективите на еден од најистакнатите светски експерти во овие области. Програмата ги опфаќа и панел-дискусијата „250 години од американскиот експеримент: лидерство, демократија и преосмислување“ и посебната сесија „Лидерство во свет што не чека“ со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој е и алумнист на Школата. Во рамките на сесијата со членови на Алумни асоцијацијата ISLAA, претставници од различни генерации ќе ги споделат своите професионални искуства и развојниот пат по учеството на Школата. Втора година по ред, во рамките на Школата се реализираше и менторска програма, која започна во средината на септември и заврши пред отворањето на Школата. Во неа се вклучија 13 ментори од претходните генерации, а обуката на менторите и целата програма ги предводеа алумнистите Даниел Ѓоќески и Весна Трајковска. Преку отворен разговор, размена на искуства и индивидуална поддршка, менторите придонесоа кон личниот и професионалниот развој на учесниците, зајакнувајќи ја поврзаноста меѓу генерациите на Школата. Организатори на Школата се Кабинетот на поранешниот претседател д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ (ICAC) и Алумни асоцијацијата „Иванов Школа за лидери“ (ISLAA). Реализацијата на Школата е овозможена со поддршка од спонзорите и поддржувачите: Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Хотел „Инекс Олгица“ Охрид, ТАВ Македонија, EVN, Микросам, Алкалоид АД Скопје, Витаминка АД Прилеп, Delfino Mobility Group, Петрол Оил Компани, Еко флуид, HalkBank, Скопска Пивара, Езимит, Туркиш Ерлајнс, Костал, Обединета македонска дијаспора и МОТИВА. Школата за млади лидери е иницијатива на претседателот Иванов, започната во 2010 година. Во претходните 16 изданија, програмата ја завршија 625 млади од Македонија и од над 40 други земји, а своето знаење и искуство го споделија околу 450 истакнати предавачи и говорници од земјата и од светот. Со своето 17-то издание, Школата ја продолжува посветеноста кон развојот на млади лидери кои со знаење, интегритет и општествена одговорност ќе придонесуваат во своите заедници и пошироко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter