Попов: Продолжувањето на дијалогот со Бугарија е позитивен чекор, но се уште не сме блиску до решение
1Попов: Продолжувањето на дијалогот со Бугарија е позитивен чекор, но се уште не сме блиску до решение
3Од сообраќајна незгода со смртни последици до бегство во Бугарија- Ретроспектива на настаните поврзани со овој случај
Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
2Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
ФудбалСоседското третолигашко фудбалско дерби во Делчево прогласено за натпревар под висок ризик Соседското третолигашко фудбалско дерби помеѓу екипите на Брегалница Делчево и Малеш од Берово е прогласено за натпревар од висок ризик. Натпреварот се игра денес во 13 часот на градскиот стадион во Делчево, а од домашниот табор велат дека нема потреба за такви нешто бидејќи отсекогаш двете екипи негувале братски односи. - Не гледаме причини зошто овој натпревар да биде натпревар од висок ризик, бидејќи со ФК Малеш имаме одлична соработка, минатата сезона им дадовме пет играчи на позајмица, на секој меѓусебен натпревар навиваме заедно, навиваме братски, навивачи на двете екипи и сите љубители на фудбалот седиме заедно на трибината и заедно навиваме, истакнаа од домашниот табор на делчевска Брегалница. Гостинските навивачи, кои претходно најавија дека ќе дојдат организирано со два автобуси како што додадоа од ФК Брегалница Делчево ќе бидат топло пречекани. - Очекуваме многу публика од регионов. Имаме одлична соработка со сите клубови во нашиот регион. Ќе навиваме коректно, нека победи подобриот, се вели во соопштението од клубот. Домашната навивачка група „Арамии“ која повторно се рестартира најави дека коректно ќе се однесува со навивачите од Берово, заради што отфрлија каква било појава на инциденти на овој натпревар. Екипата на Брегалница од Делчево се наоѓа на третото место на табелата во оваа конкуренција со 14 освоени бодови додека Малеш има 10 бодови и се наоѓа на седмото место од вкупно 10 екипи колку што се натпреваруваат во Третата фудбалска лига Исток. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПопов: Продолжувањето на дијалогот со Бугарија е позитивен чекор, но се уште не сме блиску до решениеДипломатските напори на владата и продолжувањето на дијалогот со Бугарија оценети како позитивен чекор од страна на МАНУ.Академик Живко Попов во обраќањето по повод денот на Македонската академија на науките и уметности порача дека во надминувањето на спорот со Бугарија потребно е да се вклучат и европските партнери. Тагови: МАНУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски и понуди на опозицијата да се вклучи во процесот околу дијалогот со БугаријаКаков е планот на Владата за деблокада на македонските евроинтеграции, кои се очекувањата и рокот кога Македонија ќе преземе следен чекор за излез од ќорсокакот- европската перспектива на државата во фокусот на опозициските пратенички прашања.Премиерот Мицкоски пред пратениците дециден дека ЕУ останува стратешка цел за Македонија и тука, како што рече, нема поместување ниту милиметар. Тој нагласи дека Владата ќе го продолжи дијалогот со Бугарија и понуди опозицијата да биде директно вклучена во процесот. Премиерот одговараше и на прашања за улогата на министрите Албанци во државното одлучување за националните прашања и македонскиот идентитет. Според Мицкоски наместо дел од пратениците од албанската опозиција да ја дефокусираат јавноста и да ги бранат ДУИ, треба да се извинат за грешките коишто ги направила претходната Влада за уставното име и францускиот предлог. Од Левица побараа одговори од премиерот за можен судир на интереси и поврзаност според нив на роднини на Мицкоски со бизнис фирми во Бугарија и финансиски интереси. Мицкоски ваквите наводи на Апасиев ги оцени како клевети и повика обвинувањата да се изнесат на прес конференција за да се соочат на суд. Меѓу темите на интерес на опозицијата беа и економијата, здравството и животната средина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд сообраќајна незгода со смртни последици до бегство во Бугарија- Ретроспектива на настаните поврзани со овој случајМногу контроверзи го пратат случајот со бегството на Ива Михаилова во Бугарија, кои отвораат редица дилеми.Околу нив но и околу ретроспективата на овој случај деталите ги има Михајло Видимлиски. Во видеото погледнете ја целата ретроспектива. -Случајот со 23 годишната Ива Михаилова од Кочани која поседува и македонско и бугарско државјанство отвори низа прашања околу тоа како лице обвинето за сообраќајна несреќа со смртни последици, на кое му биле определени мерки за обезбедување присуство, се нашло во друга држава и зошто институциите немаат евиденција за нејзиното преминување на границата? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook