Веста ја соопшти судијката Дијана Грујевска Илиевска на почетокот на денешното рочиште за несреќата, која појасни дека Белули веќе нема да биде носен на судење со полиција бидејќи се брани од слобода..
Истата мерка ја добил и четвртообвинетиот Игор Ѓоргиовски, вработен во станицата за технички преглед..
Белули од минатата недела бил пуштен од притвор, откако кривичен совет уште на 21 октомври прифатил укинување на мерката притвор со гаранција, а Апелацискиот суд на седница по жалба на обвинителството, го потврдил решението на кривичен..
На Белули му се одредени мерки за претпазливост, одземен му е пасошот, треба да се јавува во суд и има забрана за приближување и контакт со оштетените и обвинетите..