Сопствениците на три угостителски објекти во Охрид заработија кривични пријави

Сопствениците на три угостителски објекти на охридското крајбрежје заработија кривични пријави поради непочитувањето на одредбите од протоколот за работа во услови на епидемија.

Станува збор за два угостителски субјекти на Плажите 2 и 3 во автокампот Градиште, како и угостителски објект лоциран на плажата кај поранешен хотел „Парк”.

Сите кривични се поднесени поради стореното дело непридржување кон точките 2, 3 и 4 од протоколот за работа во услови на ковид-19, а се однесуваат на неносење маски од посетителите, неодржување пропишана дистанца меѓу масите, столиците, лежалките, како и непридржување кон обврската за дезинфекција на инвентарот.

На социјалните мрежи постојано се споделуваат снимки од забави организирани изминатите празнични денови, конкретно на плажа во градиште, на кои се гледа како млади лица се забавуваат без притоа да се почитуваат протоколите за носење маска и одржување социјална дистанца.

И денеска голем број починати и заразени

Црниот биланс за починати и заразени од коронавирусот и натаму се зголемува.

Додека лекарите велат дека треба да се почека за да се потврди дали ова зголемување е почеток на најавениот есенски бран и земјите од регионот бележат слично зголемување.

На темата епидемија и последици од истата од пред Владата ја вклучуваме колешката Сања Трајковска Ставров.

Предлозите за заменици министри денеска предадени во собраниската архива

Завршени се разговорите со сите потврдени и потенцијални кандидати за замници министри и сите ќе добијат шанса и ќе можат да бидат вградени во одредни други општествени области кои се под надлежност на извршната власт, истакна премиерот Заев. 

Списокот со предлози за заменици министри испратен до Собранието. Имињата на новите функционери и нивните биографии премиерот Заев попладнево ги доставил до пратениците. Од вкупно 16 заменички места СДСМ и помалите партии од коалицијата добиваат девет места, ДУИ пет, а БЕСА две.

Од листата може да се заклучи дека Заев се одлучил за поголеми промени во вториот ешалон од извршната власт.

Па, звучи имиња кои досега ги извршуваат заменичките функции во министерства не се најдоа меѓу новите кандидати. Андреј Жерновски го напушта заменичкото место во МБР и на негово доаѓа Фатмире Исаки на предлог на ДПА. Јани Макрадули во министерството за животна средина ќе го замени Христина Оџаклиевска, кадар на ДОМ. Како и

Зоран Маневски од НСДП е предложен за заменик во економија. Долгогодишниот новинар Зоран Димитровски, како предлог Демократски сојуз, ќе седне во заменичката фотелја во локална самоуправа. Димитар Ковачевски е предложен за заменик министер во финансии. Трајан Димковски довечерашен министер за земјоделство, сега преминува во заменичкото место. Енвер Хусејин за труд и социјална политика, а Илхан Рахман за политички систем. Александар Бајдевски во информатичко општество и администрација.

ДУИ уште пред неколку дена ги објави кандидатите од своите редови. Агим Нухи оди во правда. Назим Буши – МВР, Башким Хасани за одбрана, доктор Илир Хасани во здравство, Беким Реџепи – транспорт и врски. БЕСА ќе има заменици во култура и во образование и наука.

По доставениот предлог се очекува веќе од понеделник предлозите да се најдат на пленарна седница на Собранието.

Британската кралица го поништи одликувањето,што му го дала на холивудскиот предатор

Британската Кралица Елизабета официјално му го поништи одликувањето на Харви Вајнштајн, откако е осуден за сексуален напад на асистентката и силување на актерка.

„Кралицата нареди веднаш да се откаже и поништи одликувањето на Харви Вајнштајн за почесен командант на цивилниот огранок на најзначајниот поредок на британската империја, од 29 јануари 2004 година“, се вели во официјалното соопштение.

Шеесет и осумгодишниот Вајнштајн отслужува 23-годишна затворска казна во државата Њујорк откако беше осуден на 24 февруари.

Вајнштајн ја обжали пресудата.

Некогаш еден од најмоќните продуценти на Холивуд, Вајнштајн (67) е прогласен за виновен за сексуален напад врз поранешната асистентка Мими Халеји во 2006 година и за силување на Џесика Ман, поранешна актерка, во 2013 година.

Повеќе од 80 жени, меѓу кои и познати актерки, го обвинија за сексуално вознемирување извршено во последните децении. Тој ги негира сите обвиненија и тврди дека жените се согласиле да имаат секс со него.

Обвинителите го претставија за време на судењето како сериски предатор кој манипулирал со жените ветувајќи им дека ќе им ги отвори вратите во светот на филмот, привлекувајќи ги во хотелски соби и приватни апартмани каде потоа ги напаѓал.

Ман рече дека тој е како „д-р Џекил и мистер Хајд“, шармантен во јавноста, но често застрашувачки бесен кога биле сами.

Вајнштајн е обвинет за сексуален напад и во Калифорнија, а десетици жени поднеле граѓански тужби против него.

притисни ентер