Сопствениците на оранжерии на државно земјиште, добија можност да го купат земјиштето

Сопствениците на оранжерии, кои се наоѓаат на државно земјиште, добија можност да да го купат земјиштето на кое се наоѓа оранжеријата.

Со стекнувањето на имотни листови, ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на објектите, и ќе остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма.

Ова, е овозможено со усвојувањето на денешната владина 140-та седница на Информацијата за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое има изградено оранжерија и помошни објекти во функција на оранжеријата, односно објекти во стопанскиот двор врз основа на Јавниот повик од 22 ноември 2018 година.

– Со реализацијата на овој јавен повик сопствениците на оранжерии се стекнаа со можност да го купат земјиштето на кое што се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопственост, и со стекнувањето на имотни листови, сопствениците на оранжерии ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на објектите, и ќе остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма. Можноста која што им се отвора за нови инвестиции крајно ќе влијае врз обемот и квалитетот на производството, велат од владината прес-служба.

Владата денеска го донесе и новиот текст на Уредбата за дополнување на Уредбата за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој, во која е додадена нова подмерка „Услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделски посеви ".

– Со овој вид на заштита од природни климатски непогода како што е градот се постигнува најефикасен систем за превенција и неколкукратно поекономичен систем од старите ракетни системи. Проценетата вредност за набавка на услугите е 900 милиони денари, што е неколкукратно поекономично од инвестициите во ракетен систем чија проценета вредност за инсталација и одржување е еднократна инвестиција од 1,2 милијарди денари и дополнителни трошоци за одржување и набавка на материјали од 300 милиони денари на годишно ниво, посочуваат од владината прес-служба.

Циципас ја заврши романсата со колешката Бадоса

Убавата шпанската тенисерка Пола Бадоса повеќе не е во врска со најдобриот грчки тенисер Стефанос Циципас.

По тој повод таа преку Инстаграм остави и проштална порака:

- По внимателно размислување и многу убави заеднички моменти, јас и Стефанос решивме да се разделиме. Споделивме патување исполнето со љубов и учење и се разделуваме како пријатели со голема взаемна почит, но одиме по наш пат.

- Благодарни сме за поддршката на нашите пријатели, семејства и сите кои беа дел од нашата приказна. Додека преминуваме во ново поглавје во нашите животи, си посакуваме ништо друго освен најдобро во иднина. Љубезно бараме приватност во овој период и ви благодариме за разбирањето и почитта – напиша Бадоса.

Бадоса денес е 101. тенисерка во светот со 26 години, а своевремено беше и втора на ВТА листата.

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

Фото: Северина во секси издание

Балканската музичка ѕвезда Северина одржа концерт на познатата плажа Зрче.

По концертот мегапопуларната пејачка на Инстаграм на воодушевување на следбениците објави неколку фотографии од својот стајлинг.

Познатата пејачка блесна во краток зелен фустан, кој ги истакна сите нејзини атрибути со секси шлицови.

Заедно со објавената фотографија, Северина остави и симболична порака која ја заинтригира јавноста.

-Што се случува во Зрче, останува во Зрче“, напиша Северина на Инстаграм.

притисни ентер