Сопственичка на позната пекарница е пронајдена мртва- косата ѝ се заплеткала во машина за тесто - Канал 5

Сопственичка на позната пекарница е пронајдена мртва- косата ѝ се заплеткала во машина за тесто

Трагична несреќа што се случила денеска во раните утрински часови предизвика тага и шок во грчкиот градот Лариса, Грција, кога 49-годишна сопственичка на пекара трагично починала додека работела.

Сопственичка на позната пекарница е пронајдена мртва- косата ѝ се заплеткала во машина за тесто

Според првичните извештаи, несреќната жена, под сè уште нејасни околности, трагично починала кога косата ѝ се заплеткала во машината за месење тесто, објави Катимерини.

И покрај непосредната мобилизација на вработените и интервенцијата на лекарите од итната помош кои брзо пристигнале на местото на настанот, жената за жал починала.

Околностите под кои се случила несреќата ги истражуваат полициските власти.

Истрагата е во тек и нејзината смрт не се третира како убиство, туку како несреќа.

Пекарницата каде што се случила трагедијата нема да биде отворена во следните неколку дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цената на нафтата продолжува да паѓа

Цената на нафтата на светските берзи паѓа четврти ден по ред.

Цената на нафтата продолжува да паѓа

Според податоците што ги објави медиумот CNBC, фјучерсите за сурова нафта Брент, кој е меѓународен репер, паднаа за 0,53 проценти и се тргуваа на 82,74 долари рано утрово. Истовремено, фјучерсите за сурова нафта од Западен Тексас (WTI) за испорака во јули паднаа за 0,41 проценти, спуштајќи се на 80,44 долари.

Фјучерсите за нафта забележаа кус раст преку ноќ пред целосно да го сменат курсот, откако во претходната сесија паднаа на најниското ниво регистрирано од 4 март. Оваа нестабилност на пазарот ја одразува долготрајната неизвесност околу целосните услови на мировната рамка договорена меѓу САД и Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот

Неверојатно е со каква експедиција Норвежаните пристигнаа на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. 

Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот

Тимот на Норвешка донесе еден тон храна на Мундијалот.

Норвешка сè уште не играла на Светското првенство, но нивната експедиција е во Америка долго време и пристигнала таму подготвена.

Како што објавија норвешките медиуми, Фудбалската асоцијација одлучила да се погрижи за исхраната на фудбалерите на импресивен начин.

Норвежаните пристигнаа во САД со 300 килограми риба, 116 килограми сирење и дури 6.000 портокали. Тие ги донесоа најпознатите норвешки готвачи со себе за да се грижат за тимот.

Норвешка го започнува својот настап на Светскиот шампионат вечерва со дуел против Ирак и, а по тој натпревар во кој се големи фаворити, започнуваат тешките ривали. Првиот е Сенегал на 22 јуни, а вториот е дуел со Франција на 26 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ:Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводители

​Министерство за финансии денеска исплати 2.028.714.243 денари субвенции за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година, средства наменети за 15.144 тутунопроизводители.

МФ:Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводители

Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност.

Преку редовна и навремена исплата на субвенциите, се создаваат услови за поголема финансиска стабилност на земјоделците, одржување на производството и понатамошен развој на руралните средини.

Владата и Министерството за финансии остануваат посветени на политики кои ќе придонесат за поголема конкурентност на домашното земјоделство, повисоки приходи за земјоделците и одржлив развој на аграрниот сектор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер