ЖивотУжас во Велс: Свекор си ја задавил снаата, па мирно отишол во пекарница и си јадел ролатМладата мајка на две деца Софија Еванс (30) од Велс е пронајдена мртва на подот во кујната во нејзиниот дом, а осомничен е нејзиниот 50-годишен свекор кој ја посетил непосредно пред трагичниот настан.Свекорот на Софија, Ричард Џонс, е обвинет дека ја задавил својата снаа и ја оставил да лежи со лицето надолу на подот во кујната. Тој пристигнал во куќата на синот и снаата околу 9 часот, а на надзорните камери од соседството бил забележан како го напушта имотот околу 10 часот. На видеото се гледа како човекот трча кон својот автомобил, па се враќа на имотот, за да замине пет минути подоцна со цигара во уста. На судот му било кажано дека по убиството, свекорот отишол во пекарницаа каде што купил ролати со туна и јадел со уживање пред да замине во непознат правец. „Мојот син ме измами и изневери, па сам се справив со тоа. Немав друг избор“, била пронајдена белешка во автомобилот на Џонс, а извештајот од обдукцијата ги потврдил шпекулациите дека Софија умрела од насилна смрт - од задушување. A 30-year-old mother-of-two was found dead in her home following a “sustained attack” after returning from the school run, a court heard. Sophie Evans was strangled, beaten, and left naked on her kitchen floor. Richard Jones, 50, denies murder but admits manslaughter, claiming… pic.twitter.com/2ZMYaPDSoy — David Challen (@David_Challen) January 22, 2025 Снаата тој ден била изненадена од свекорот на влезната врата, а доказ за тоа е што вратата ја отворила завиткана во крпа, бидејќи тој ја прекинал додека се туширала. Таа очекувала Џонс да работи „физичка работа“ на имотот, пишува „Дејли мејл“. Свекорот на суд ја признал вината, но негирал дека се работи за убиство. Тој кажал и дека неговиот син и снаа финансиски го експлоатирале и дека „го изгубил нервите“. „Она што го знаеме е дека тој физички и постојано ја напаѓал г-ѓа Еванс во таа куќа пред да ја задави до смрт“, изјави обвинителот Мајкл Џонс пред судот. Во моментот на нејзината смрт, Софија била со синот на Џонс, Џејми Дејвис, со кого имала две мали деца. Таа се преселила во неговиот дом додека тој бил во притвор во Свонси под обвинение за дрога и перење пари. „Нашата убава и неверојатна сестра и ќерка Софи ни беа одземени и нашите животи никогаш нема да бидат исти. Срцето ни е скршено од нејзината загуба. Нашата Софи, таа имаше само 30 години, многу ќе ни недостига на сите. беше мајка на две мали девојчиња, која со сето срце ги обожаваше. Неверојатна сестра која беше толку светла и смешна, таа секогаш нè правеше да се смееме, таа имаше огромно срце. Сите ја обожуваа. Таа исто така беше во чекор со модните трендови“, напиша семејството на Софи во соопштението, оддавајќи ѝ почит. Судењето, кое ќе трае две недели, продолжува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсени се десет возачи- деветмина возеле без возачка, од кои двајца малолетнициЛишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, девет возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, девет управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца биле малолетници, а еден возач предизивикал сообраќајна незгода со материјална штета. Едно лице возело под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканМаж од Косово ја убил бремената сопруга, била во деветти месец на бременостДваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била бремена во 34-та недела, е убиена синоќа во семејната куќа во селото Кервасари во близина на Малишево во Косово.Нејзиниот 26-годишен сопруг е осомничен за тешко убиство, потврди утрово Основното обвинителство во Ѓаковица. Сопругот е исто така тешко ранет од огнено оружје и е во критична состојба во Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина. Тој е интубиран и поврзан на респиратор, а лекарите ја опишуваат неговата состојба како многу сериозна и нестабилна. Парот пронајден ранет во спалната соба Полицијата добила пријава за пукањето синоќа околу 23:20 часот. По пристигнувањето во куќата, полицајците ги пронашле сопружниците со прострелни рани во спалната соба. Двајцата биле пренесени во болница. Универзитетскиот клинички центар на Косово објави дека 25-годишна сопруга била донесена околу 00:15 часот без знаци на живот. И покрај обидите за реанимација, нејзината смрт е потврдена. Таа била бремена во 34-та недела. Нејзиниот сопруг е тешко повреден. Директорот на службите за итни случаи, Насер Сила, изјави дека мажот бил интубиран и поврзан со респиратор, како и дека се извршени потребните тестови. Обвинителство: Сопругот е осомничен за тешко убиство Основното обвинителство во Ѓаковица потврди дека 26-годишниот сопруг на убиената жена се води како осомничен во овој случај. Покрената е постапка за тешко убиство и неовластено поседување, контрола или поседување оружје. На местото на злосторството е пронајдено и огнено оружје за кое се сомнева дека е употребено во пукањето. По наредба на обвинителот, телото на убиената жена е пренесено во Институтот за судска медицина во Приштина за обдукција. Полицијата и обвинителството ја продолжуваат истрагата за да ги утврдат сите околности на злосторството. Засега, официјално не е објавен можен мотив, ниту е потврдено како сопругот ги претрпел повредите. Членовите на семејството се збогуваат со убиената 25-годишна жена на социјалните мрежи. Косовски Клан објави дека нејзиното име е Јетлира Фониќи.Тагови: Косово сопруга Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо едноминутен молк во Собранието одбележана 35-годишнината од независност на УкраинаСо оддавање почит кон загинатите и едноминутен молк, во Собранието се одржа сесија на интерпартиската парламентарна група за поддршка на кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook