Сопственичка на хотел во Германија ги затвори вратите за гојазни гости - Канал 5

Сопственичка на хотел во Германија ги затвори вратите за гојазни гости

Сопственичката на хотел во Куксхавен, Германија е обвинета за дискриминација, откако објави дека не сака гости што тежат повеќе од 130 килограми, пренесува „Билд“.

Сопственичка на хотел во Германија ги затвори вратите за гојазни гости

„Нашиот ентериер не е погоден за луѓе кои тежат повеќе од 130 килограми“, беше наведено на веб-страницата на Beachhotel Sahlenburg, поради што многумина ја обвинија сопственичката Ангелика Харксејмер заради дискриминација.

Таа ја коментираше нејзината одлука за едно регионално списание, оправдувајќи се дека тие донеле таква одлука, откако еден гостин со прекумерна тежина наводно го скршил креветот.

Наводно, некои гости со прекумерна тежина, исто така, се пожалиле на неа дека не ги собира под туш или дека нивните мали столчиња не се пријатни.

"Ние сакаме нашите гости да имаат удобност. Имаме дизајнерски столици, вистински класик. Кога на нив седи некој со 130 килограми, тие не можат да издржат. Сакам дизајнерски хотел со убав мебел, а не треба да биде направен од цврст даб", рече таа.

Исто така, ги игнорира поплаките поврзани со наводна дискриминација врз гостите.

"Искрено, сметам дека е дискриминаторско што морам да ги гледам. Ако сум дебела, значи дека нешто не е во ред со мене. Некои се оправдуваат со функцијата на тироидната жлезда. И самата имам таков порблем , па водам сметка за себеси“, вели Ангелика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Медведев поради глупост и дисквалификацијата против Ѓоковиќ, испадна од Топ 5 (ВИДЕО)

Данил Медведев ќе претрпи повеќекратна штета поради исклучувањето од мечот со Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Пекинг. 

Медведев поради глупост и дисквалификацијата против Ѓоковиќ, испадна од Топ 5 (ВИДЕО)

Не само што е без премијата што ја заработи, туку ги загуби и бодовите што го држеа во првата петорка во светот.

Имено, Медведев налутено упати топка во публиката и удри гледач, а на само неколку поени од пораз си потпиша сопствена дисквалификација.

Тоа значи дека нема да зема бодови за полуфинале.

Тоа дополнително имплицира дека тој нема да биде во Топ 5, бидејќи со откажување на неговите поени пред него се враќа Феликс Оже Алијасим и ќе има уште 30 поени.

А во трката за завршниот Мастерс во Торино трпи удари, бидејќи Ѓоковиќ сега драстично му се приближи и би можел да го остави без таа конкуренција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најтешката тиква има 651,5 килограми, ја подигаат со виљушкар

Најтешката тиква во Швајцарија оваа година тежи 651,5 килограми и е одгледувана во приватна градина во кантонот Цирих, објавува швајцарската агенција Keystone-SDA.

Најтешката тиква има 651,5 килограми, ја подигаат со виљушкар

Ова е трета година по ред одгледувачот Флоријан Ислер од Еслинген, во кантонот Цирих, ја освои титулата швајцарски шампион во одгледување џиновски тикви, објави организаторот на натпреварот, Jüker Farm.

Рекорди се уриваат!

Тиквата припаѓа на сортата „Атлантски џин“, а нејзиниот одгледувач Ислер постави уште три швајцарски рекорди - за најтешкиот примерок од сортата „Бучел Гард“, тежок 136,6 килограми, највисокиот сончоглед, висок 7,695 метри, и најтешката лубеница, која тежела 97,2 килограми.

Срушени се и други швајцарски и светски рекорди во одгледување џиновски зеленчук.

Семејството Мајер од Детликон, исто така во кантонот Цирих, сега го држи светскиот рекорд за најтежок сладок компир, еден со тежина од 13,6 килограми, додека Јирг Висли од Досвил, во кантонот Тургау, во североисточна Швајцарија, го постави светскиот рекорд за најдолга лута пиперка, со должина од 54,3 сантиметри.

Вкупно 18 џиновски тикви беа измерени на фармата Бихлихоф.

Ништо без виљушкар

На натпреварот учествуваа 16 тима, вклучувајќи два тима одгледувачи и две семејства.

Меѓу 18-те измерени примероци беа 14 портокалови тикви од сортата „Атлантски џин“ и четири зелени тикви.

Актуелниот швајцарски рекорд за најтешка тиква е 1.054 килограми, додека светскиот рекорд е 1.278,8 килограми.

За време на вчерашниот натпревар, разни видови зеленчук беа транспортирани до вагата со виљушкар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево време со температура до 29 степени

Утре времето ќе биде сончево и релативно топло, информираат од УХМР.

Утре сончево време со температура до 29 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

14 Попова Шапка, 17 Крушево, 21 Претор, Маврови Анови, Охрид, 23 Берово, 24 Прилеп, Виница, Битола, 25 Крива Паланка, 26 Тетово, Штип, Демир Капија, 27 Кавадарци, Велес, Скопје Петровец, 28 Струмица, Скопје Зајчев Рид, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер