Сопругата на Вил Смит не сакала да се омажи за него: Плачев на свадбата (ВИДЕО) - Канал 5

Сопругата на Вил Смит не сакала да се омажи за него: Плачев на свадбата (ВИДЕО)

Иако поминаа две недели од церемонијата на Оскарите на која Вил Смит го удри Крис Рок, целиот свет се уште зборува за Смит и неговата врска со сопругата Џејда.

Сопругата на Вил Смит не сакала да се омажи за него: Плачев на свадбата (ВИДЕО)

Познато е дека тие двајца се во отворен брак, а Џејда имала неколку афери кои му ги признала на сопругот. Една од нив дури и јавно во 2020 година, кога во емисијата Red Table Talk детално му објаснила зошто стапила во врска со младиот рапер Аугуст Алсин.

Новинарите сега откопаа уште една епизода од споменатата емисија во која Џејда објаснува дека не сакала да се омажи за Смит и како плачела на свадбата. Таа рече дека плачела додека се приближувала до олтарот.

„Бев под голем притисок, знаете, јас бев млада актерка, а бев бремена и едноставно не знаев што да правам. Никогаш не сакав да се мажам“, додала таа.

На снимката од 2018 година, Пинкет Смит се присетила како нејзината мајка Адриен Банфилд-Норис ги принудила неа и Вил да се венчаат, бидејќи во тоа време била бремена со нивниот син Џејден.

„Навистина не сакав да се омажам“, повторила Пинкет Смит додека седи на тркалезна маса со нејзиниот сопруг, мајката и ќерката Вилоу.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Дипломатијата мора да биде активна и да ги штити националните интереси

Има постојан дијалог за деблокада на македонските евроинтеграции и ние се држиме до црвените линии, нема отстапки за идентитетот, јазикот, историјата и културата- изјави шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. 

Муцунски: Дипломатијата мора да биде активна и да ги штити националните интереси

Во последните неколку недели вели дека активна комуникација со европските инситууции нема поради летните одмори, но очекува во следниот период интензивни разговори за европскиот пат на Македонија, а дел од нив вели е утрешната средба со чешкиот министер за надворешни работи, Петр Мацинка.

-Имаме дијалог со сите засегнати страни во овој процес, ние со земјите членки на ЕУ, со инсититуциите на ЕУ, коишто се насочени кон изнаоѓање решение во рамките на тие позиции кои Владата ги има претставено пред јавноста. /Сакам да нагласам дека позициите на нашата држава се сосема јасни дека ние очекуваме систем на гаранции од европските институции, очекуваме почитување на реципроцитетот кога се во прашање човековите права и очекуваме да има решение коешто ќе биде насочено кон заштита на нашите позиции поврзани со идентитет, јазик, култура и историја,- Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и надворешна трговија.

Муцунски официјално потврди дека во Софија амбасадор ќе биде Крум Ефремов, кој во моментов е ангажиран во директоратот за економска дипломатија во МНР и е екс амбасадор во Украина, за кој што рече дека е еден од поквалитетните во рамките на министерството. Сепак, министерот поради тајноста на информациите не откри дали во Атина ќе биде испратен Филип Пасху, поранешниот директор на скопски паркинг, кој нема соодветно искуство во дипломатијата.

-Праксата покажала дека предлозите коишто ги имаме пуштено од моментот кога ние ја имавме формирано Владата, над 60 отсто од кандидатите за генерални конзули и амбасадори се професионални дипломати. Значи, не само што се почитува законското решение, туку одиме и над минимумот којшто ние го поставивме на таков висок праг. По прашањето за амбасадор во Атина, бидејќи постапката е во фаза во која е класифицирана. Доколку би коментирал, би направил кривично дело,- Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и надворешна трговија.

Муцунски на прес конференцијата го најави амбасадорскиот совет кој ќе се одржи во четврток и петок во Скопје, седум години по последната физичка средба на македонската дипломатска мрежа. Ќе разговараат за евроатлантската агенда, геополитичките и безбедносните промени, конзултарното работење и економската дипломатија. Тој кажа дека во моментов од вкупно 59 амабасади, Македонија нема свој димпломатски претставник на околу 10 места, а до крајот на годинава ќе се испразнат уште неколку позиции поради истек на мандатите на актуелни амбасадори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Горди сме на македонската Армија и успехот да биде дел од најмоќниот сојуз-НАТО

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод Денот на Армијата, упати честитка до сите припадници на Армијата на Република Македонија.

Филипче: Горди сме на македонската Армија и успехот да биде дел од најмоќниот сојуз-НАТО

Филипче порача дека Армијата е еден од столбовите на нашата безбедност и стабилност, а припадниците на Армијата имаат огромна заслуга во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на државата.

„Честит 18 август - Денот на Армијата на Република Македонија. Денес оддаваме признание и почит на сите припадници на македонската Армија за нивната професионалност, посветеност и несебичен ангажман во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на државата. Армијата е еден од столбовите на нашата безбедност и стабилност. Горд сум што бев дел од Владата на СДСМ, која со правилни државнички политики овозможи државата да биде дел од најмоќниот воен сојуз НАТО, што е историски успех за нашата држава. Со членството во НАТО ја обезбедивме безбедноста и територијалниот интегритет на земјата, а нашите војници заедно со војниците на земјите-членки дејствуваат согласно стандардите на Алијансата, даваат помош на граѓаните при елементарни непогоди и учествуваат во сите меѓународни мировни мисии. Како држава мора да продолжиме да градиме институции кои се сигурни, професионални и подготвени да одговорат на секој предизвик и да ја продолжиме борбата за европската иднина на Македонија. Честит Ден на Армијата“, порача Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целата држава во зона со висок ризик од пожари

Од мала искра до голема катастрофа  – најголемиот дел од територијата на Македонија е во „портокалова боја“, односно сериозен ризик од појава на пожари со висок интензитет поради временските услови.

Целата држава во зона со висок ризик од пожари

Во жолта фаза се само околината на Охрид и Ресен и дел од Шар Планина. Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и максимално одговорни, особено при посета на природа и да не се пали оган на отворен простор.

-Поради временските услови високите температури постои висок ризик од појава и ширење на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата територија на државата. ЦУК постојано апелира до граѓаните на максимална внимателност и одговорно однесување особено при престој и движење во природа, да не се користи оган на отворено, да не се пали оган на отворено, да не се фрлаат отпушоци и запаллив отпад во природата и секое забележано чадење веднаш да се пријави на 112 во ЦУК,- - Надица Вчкова – Центар за управување со кризи.

Од утринава активни се неколку пожари. Во Македонски брод, кој е значително намален според првиот човек на ДЗС – Ангелов, активен е пожарот и кај Студеничани, истиот е оддалечен од селата и не претставува опасност за жителите.

пожарникарите и доброволните друштва имаа драматична ноќ, а под најголем ризик биле оние кои се справуваат со пожарот кој го зафати појасот Велес – Зелениково. Пожртвувано, со ползење покрај самата огнена линија и пробивање во екстремно густа вегетација полна со трње, изложувајќи се на ризик значително го намалиле пожарот и заштитиле две села од пламените јазици.

Жестоки борби се воделе кај Јегуновце каде успешно е спасен манастир, а во прилепското село Чаниште, огнот навлезе во селото. Жртви и повредени нема, а од пламенот се изгорени неколку постари и напуштени куќи.

Жителите преспале дома, евакуација не била потребна. Заедно со професионалните пожарникари од Прилеп, таму се борело и доброволното друштво – Архангел Михаил, кои пред секоја борба со пламенот кажуваат молитва.

Со пламен се бори целиот регион – а во Србија беше регистрирана и првата жртва, по вдишување на чад и изгореници животот во срспко Смедерево го загуби 70 годишник, а повредено е и младо лице кое се обидувало да го спаси. Во областа Перистерија во Грција, во својот дом загина повозрасен брачен пар, а повеќе од 500 лица добија наредба за евакуација од регионот. Претходно една жртва имаше и во страотните пожари во Хрватска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер