3Николоски на средба со Абдула Ал Себуси: Постои огромен потенцијал за унапредување на соработката со ОАЕ во авиосообраќајот,..
Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
ФудбалСопруга на турската фудбалска легенда,го нарачала неговото убиство (ВИДЕО)Јагмур Ашик, сопругата на легендата на турскиот фудбал Емре Ашик, е обвинета за заговор за убиство на нејзиниот сопруг.Според обвинението поднесено од обвинителството на Дузче, северозападна провинција во Турција, Јагмур Ашик е обвинета дека на својот љубовник Ерди Сунгур му понудила 10 милиони турски лири (1,3 милиони американски долари) за организирање на неговото убиство. „Имавме афера. Таа само размислуваше за парите што ќе ги наследи по смртта на Ашик. Ме замоли да го убијам, но јас одбив “, им рече Сунгур на истражителите, додавајќи: '' Таа еднаш донесе парче месо. Ме замоли да пукам во него. Се обидов да го сторам тоа, но ги затворив очите. „Не можеш да го правиш тоа така“, луто ми викна. Сунгур тогаш ја запознал својата љубовница со убиец, кој бил во затвор за убиство на три лица. Според обвинението, Јагмур Ашик му дала пиштол на убиецот и заедно ги пребарувале руралните области во Дузче за да најдат безбедно место за погребување на поранешниот фудбалер, откако убиецот ќе го погубел. Во последен момент, убиецот се откажал од нарачката. Yağmur Aşık'ın Emre Aşık'ı öldürtmek için cinayet planı yaptığı ortaya çıktı Boşanma sürecinde olan Emre-Yağmur Aşık çifti bu sefer de kan donduran bir olayla gündeme geldi. Yağmur Aşık'ın, sevgilisiyle birlikte kocasını öldürtmek istediği, hatta mezar yeri aradığı ortaya çıktı. pic.twitter.com/14QzQqaKHT — BASINTÜRK (@basinturkBT) September 24, 2020 Емре Ашик беше член на златната генерација на турскиот фудбал од раните 2000-ти, а како репрезентативец освои бронза на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја. Тој е еден од ретките играчи кои играле за трите најголеми турски клубови - Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче. Yağmur Aşık`ın korkunç planı ortaya çıktı - https://t.co/giPs8pHxpw pic.twitter.com/1IIbTLGfaW — Beyaz Gazete (@BeyazGazete) September 24, 2020 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младитеЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младите. Пријавувањето започнува на 1 октомври.Европската Унија доделува нова серија од 41.000 бесплатни билети за воз на 18-годишници за патување низ Европа. Младите можат да аплицираат онлајн од 1 до 15 октомври; право на учество имаат сите граѓани на ЕУ родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2008 година, под услов да пополнат краток квиз за ЕУ и иницијативите за млади. Право на учество имаат и жителите на земји надвор од ЕУ кои се вклучени во програмата за размена „Еразмус+“ (Erasmus+). До седум дена патување со воз низ Европа Европската комисија ќе ги извести успешните кандидати и ќе им додели билети за воз кои важат за патување во траење до седум дена, во рамките на еден месец, во периодот од 1 март 2027 година до 31 мај 2028 година. Иницијативата „DiscoverEU“ е дел од програмата „Еразмус+“ и беше лансирана во 2018 година со цел да им овозможи на младите граѓани на ЕУ „да патуваат и да ја истражуваат разновидноста на Европа, да го откриваат нејзиното културно наследство и историја, како и да се поврзуваат со луѓе од целиот континент“. Според информациите од ЕУ, Обединетото Кралство повторно ќе се приклучи кон програмата во 2027 година – за првпат по Брегзит (неговото повлекување од Европската Унија). Досега, околу 473.000 млади луѓе ги искористиле бесплатните билети за воз доделени преку иницијативата „DiscoverEU“, при што нови серии билети се пуштаат во оптек двапати годишно.Тагови: воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Расчистен случајот со објавеното видео со палење на македонското знаме на Тик-токПолицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, .Полицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, со што е сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“.. Станува збор за малолетно лице под 14-годишна возраст од Тетово кој го објавил овој чин на својот профил. Со согласност на родителот, за потребите на постапката и фотодокументирањето на доказите, обезбеден е мобилниот телефон од кој било поставено видеото.. Во просториите на полицијата, во присуство на родител и претставници од Центарот за социјална работа Тетово, со малолетникот е извршен службен разговор, при што тој го признал делото, а во текот на службениот разговор, малолетникот посочил уште три малолетни лица кои учествувале во настанот. Тие дополнително ќе бидат повикани во полициска станица за целосно расчистување на случајот.. По целосното документирање на предметот, до надлежното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесен соодветен поднесок.. , информираат од МВР..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Платформата“ со конкретен план за суштински реформи во СДСМПлатформата, составена од поранешни и сегашни челници на СДСМ, следните денови ќе излезе со конкретен предлог за суштински реформи во СДСМ.На денешниот брифинг со новинарите објаснија дека планот прво ќе СДСМ му го презентираат на претседателот на партијата, Венко Филипче. Поводот е тоа што, според нив, опозициската партија не успева да дејствува обединувачки кон граѓаните кои се антивладино расположени. дополнително, не се задоволни од моменталниот рејтинг на партијата и сметаат дека ваквиот СДСМ, ако излезе на избори, ќе доживее катастрофален пораз кој може трајно да ѝ наштети на партијата и да ја спушти под егзистенцијалниот минимум. Од Платформата исто така сметаат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува едни од најслабите перформанси на една владеачка гарнитура во изминативе 35 години, без да направи прогрес на ниту едно поле. Според нив, за да може да се настапи против таквите политики на владеачката партија, потребна е силна опозиција која ќе формира и поширок опозициски фронт. Според најавите, во текот на викендот ќе објават повеќе детали околу конкретните чекори. Според Филипче постојат сомнежи дека тие луѓе се платени од власта за да ја раситнат опозицијата и уште еднаш ги повика ако сакаат да помогнат во опозициската битка дебатата да ја водат во рамките на партијата, а не со платформи надвор од неа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00