Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, девет возеле без положен возачки испит
Ковачевски: Намалени инвестиции во болници, училишта и земјоделство, новиот буџет не носи подобар животен стандард
1Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, девет возеле без положен возачки испит
2Ковачевски: Намалени инвестиции во болници, училишта и земјоделство, новиот буџет не носи подобар животен стандард
МакедонијаСообраќајот се одвива непречено, по суви коловозиИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта. На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот. Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: Од ден 26.05.2025 започнaa со градежни активности - санација на мост на река Драгор на ул. “Довеџик” општина Битола, со што има затворање на сообраќајот кај мостот на ул. “Довеџик" при што сообраќајот се пренасочува по времен премин - девијација. Патниот правец Р2337 Кичево – крак со с. Цер од ден 12.05.2025 е целосно затворен за сообраќај од 10.00ч. – 16.00ч. поради изведување на градежни работи на пат – (асфалтирање). На ден 13.05.2025 започнa со градежни активности - санација на мост на река Вардар на државен пат А2, делница Гостивар-Стража, односно ќе се воспостави времена измена на режимот на сообраќај. Од 24.04.2025 г. има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино - Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување. Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 г. до 31.5.2025 г., поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е пренасочен во левата тунелска цевка. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 09.04.2025 година(Среда), ќе се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот ќе се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Овој времен режим е започнат од 03.04.2025 година и ќе трае до завршувањето на градежните активности На експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, од 17.03.2025 г. до 04.04.2025 г., поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница. На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 г., поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот. Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот. “Доо Стентон Градба – Битола” известува дека согласно Одобрение за времена измена на режим на сообраќај, на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп ќе врши санација на ударни дупки од 19.12.2024 г. до завршување на градежните работи. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект. На 08.10.2024 година поради изградба на патен коридор 10Д, делница Прилеп - Битола, извршено е пренасочување за секаков вид на сообраќај и тоа од клучка Тополчани по Р1101 до депонија Алинци. Временскиот режим ќе трае во временски период од една година. СТРАБАГ АГ Подружница СТРАБАГ Скопје известува за времена измена на сообраќајот од 08.10.2024 до 31.12.2024 година на автопат А1 делница Велес – Неготино поради изградба на делница Градско - клучка Дреново. Сообраќајот ќе се одвива под времен режим со соодветно поставена сообраќајна сигнализација. Од 09.07.2024 г., на десна коловозна лента на автопат Скопје - Куманово извршена била времена измена на режим на сообраќај, при што во должина од 1000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот ќе се одвива по левата сообраќајна лента за претекнување. Жикол Дооел Струмица известува дека поради вршење на градежни активности на објект: Реконструкција со проширување на регионален пат Р1109 делница Понов мост - влез во Богданци, сметано од 24.06.2024 година ќе биде поставен времен режим на сообраќај. Времена измена на режим на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово, заради извршување на градежни активности. Измената на режим на сообраќај ќе започне да се применува од петок, 31.05.2024, а во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп - Битола", и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата. На 26.03.2024 година од 14.15 часот извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот 300м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ за време на поправка и рехабилитација на државен пат А1/А2 делница Скопје-Куманово (десна коловозна лента) каде што со ветикална сообраќајна сигнализација во должина од 200м сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) сообраќајна лента во средната (за возење) сообраќајна лента за да потоа во должина од 1500м целиот сообраќај ќе се одвива по сообраќајната лента за претекнување (левата), а средната и сообраќајната лента за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај. Од 18.03.2024 г. има измена на режимот на сообраќај на државниот пат Р1101, делница Прилеп – Битола, заради интезивирање на градежните активности во врска со проект Санација на патот, кај мост на река Шемница. Започнувајќи од 11.12.2023 год. ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп - Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи. Започнувајќи од 05.12.2023 год. е изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово - Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните. Oд 24.11.2023 година, режимот на сообраќајот на делницата од автопатот А-1, Куманово – ГП „Табановце “поточно кл. Куманово-кл. Кр. Паланка, десната сообраќајна лента за присилно запирање и застанување е затворена за сообраќај во должина од 500м, додека сообраќајот се одвива по сообраќајната лента за возење и претекнување. ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно ново издаденото одобрение за времен режим на сообраќај поради изведување на градежни работи на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 – од 08.11.2023 г. постоечкиот локален пат до с. Блаце од магистраниот пат А4 пред граничниот премин ќе биде затворен, а пристапот до с.Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин, согласно поставената сообраќајна сигнализација. Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на 2 км пред граничниот премин "Блаце" на местото на изведување на градежните работи сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На 07.11.2023 г извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од Автопат А1, Пeтровец – Катланово - рехабилитација со проширување на автопатот А1 (лево и десно коловозот во двата правца) во должина од 6000 м, сообраќајот ќе се одвива по новоизградената коловозна лента (Катланово - Петровец) двонасочно, со вертикално поставена сигнализација, додека коловозната лента Петровец - Катланово ќе биде затворена за сообраќај. Oд 24.10.2023 година ќе се започне со реконструкција на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација. ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 - проширување на постоен пат А4 од ГП "Блаце" до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот Премин "Блаце" од 06.10.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива нов времен двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) со поставена соодветна соорбаќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Oд 11.9.2023 г. воспоставен е времен режим на сообраќај во тунелот на патниот правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Поставена е светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата. БИОН ДОО Тетово известува дека од 20.05.2023 година на патниот правец "Државен пат А3, делница: Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид" ќе има измена на времениот режим на сообраќај поради изведување работи што се предвидени на објектот "Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема на државен пат А3, делница Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид". Режимот ќе биде според сообраќајниот проект. Работите на објектот се предвидени да завршат на 29.02.2024. Од 14.06.2023 година почнува проектот „Санација на трупот на патот Р1303, делница Македонски Брод – Прилеп, премин Барбаpос. Сообраќајот на овој патен правец ќе се одвива непречено со ограничување на максимална брзина до 30 км/час. Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208. Работите започнуваат на 09.6.2023 г., а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Почнувајќи од 06.03.2023 г., на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување. Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново на државен пат А1, делница Велес-Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско. На патниот правец Градско - Прилеп се изведуваат градежни активности и затоа препорачуваме внимателно возење и прилагодена брзина на движење. На патниот правец Кичево - Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, девет возеле без положен возачки испит Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит, и тоа: М.Х.(22), К.Ш.(32), М.Б.(21) сите од Скопје, Н.Ј.(20) од с.Грушино, Општина Арачиново, Е.С.(18) од с.Гошинце, Општина Липково, Џ.Ф.(73) од с.Калиште, Општина Врапчиште, Ф.Ц.(31) од с.Голем Радобил, прилепско, како и Д.К.(41) од с.Дедино , Општина Конче и Р.М.(62) од Гостивар, кои биле и под дејство на алкохол. Додека, пак, А.И.(41) од с.Порој, тетовско, управувал возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКовачевски: Намалени инвестиции во болници, училишта и земјоделство, новиот буџет не носи подобар животен стандардПратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски, потенцираше дека Предлог-буџетот за 2027 година не нуди ниту развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните.Пратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски, потенцираше дека Предлог-буџетот за 2027 година не нуди ниту развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните, а Владата продолжува да ги зголемува тековните расходи, додека средствата за капитални инвестиции и развојните програми во клучните области се недоволни или се намалуваат. „Граѓаните не го оценуваат буџетот според бројот на милијарди денари што владата ќе ги потроши, туку според тоа дали полесно стигнуваат до лекар, дали нивните деца добиваат поквалитетно образование, дали можат да си дозволат сопствен дом, дали дишат почист воздух и дали земјоделците можат да живеат живеат од својот труд“, истакна Ковачевски. Ковачевски предупреди дека особено загрижувачко е намалувањето за околу 60 проценти на средствата за реконструкција и проширување на јавните здравствени установи. Тој посочи дека токму овие инвестиции се неопходни за подобрување на условите во болниците и модернизација на здравствената инфраструктура. „Здравствениот систем мора да обезбеди пократки листи на чекање, подобра достапност на лекови, навремена дијагностика и задржување на медицинскиот кадар, наместо декларативни заложби и буџетски зголемувања без конкретни резултати“, посочи Ковачевски. За состојбите во образованието, Ковачевски посочи дека иако за оваа област се планирани околу 49 милијарди денари, развојните расходи на Министерството за образование се намалуваат за 28,5 проценти. Средствата за изградба на основни училишта се намалуваат за 59,5 проценти, а за изградба на средни училишта за дури 72,3 проценти. Тој предупреди дека ваквите кратења значат помалку инвестиции во современи училишта, подобри услови за учениците, дигитални вештини, стручни кадри и истражувачка инфраструктура. „Не можеме да зборуваме за дигитална трансформација, а да не вложуваме доволно во дигитални вештини, стручни кадри, современи наставни програми и поврзување на образованието со потребите на пазарот на трудот“, истакна Ковачевски. Ковачевски се осврна и на сè поголемиот проблем со достапноста на домувањето, посочувајќи дека цените на становите во Скопје и другите поголеми градови продолжуваат да растат, поради што сè повеќе млади луѓе и семејства не можат да си дозволат сопствен дом. Дополнително, податоците од пописот покажуваат дека околу една третина од станбениот фонд во државата е ненаселен. Ковачевски нагалси дека во Предлог-буџетот не се гледа јасна и системска политика за достапно домување, ниту долгорочни програми за поддршка на младите семејства, развој на станбен фонд за изнајмување и социјално достапни станови. „Животниот стандард не се мери само преку номиналниот раст на платите кој едвај ги покрива инфлаторните движења. Се мери преку тоа колку останува во семејниот буџет по плаќањето на храната, енергијата, превозот, киријата, кредитите и основните услуги“, посочи Ковачевски. Осврнувајќи се на земјоделството, Ковачевски посочи дека и покрај растот на вкупниот буџет на Министерството за околу 29 проценти, структурата на средствата отвора сериозни прашања. Средствата во програмата за финансиска поддршка во земјоделството се намалуваат од 7,3 на 6,8 милијарди денари. Особено загрижувачко, како што нагласи, е намалувањето на средствата за водостопанство и системите за наводнување од околу 122 милиони на само 16 милиони денари, што претставува пад од речиси 87 проценти. Ковачевски предупреди дека ваквото намалување е особено несоодветно во услови на климатски промени, суши и сè поголема неизвесност во земјоделското производство. „Земјоделецот не може да планира производство ако нема сигурен пристап до вода, ако нема предвидливост во исплатата на поддршката и ако нема услови за складирање и пласман на производите“, истакна Ковачесвки. Ковачевски нагласи дека на македонската економија не ѝ е потребен само раст на буџетската потрошувачка, туку пред сè раст на продуктивноста, поголема конкурентност на домашните компании, технолошки развој и работни места со повисока додадена вредност. Посебно ја истакна потребата младите да добијат реални можности за професионален развој во сопствената држава, преку квалитетни работни места, платено практикантство, пристап до прво вработување и можности за напредување. Осврнувајќи се на вкупната структура на Предлог-буџетот, Ковачевски посочи дека се планирани приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари, со буџетски дефицит од 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. Тој потенцираше дека клучниот проблем е распределбата на средствата. Од вкупните расходи, 399,6 милијарди денари се наменети за тековни расходи, а само 40,8 милијарди денари за капитални расходи. Тоа значи дека околу 91 процент од буџетот оди за тековно функционирање, а само 9 проценти за капитални инвестиции. „Кажано поедноставно, од секои 100 денари јавни пари, околу 91 денар се наменети за тековно функционирање, а само 9 денари за капитални инвестиции“, нагласи Ковачевски. Тој предупреди дека тековните расходи се зголемуваат за околу 5,1 процент, додека капиталните расходи растат за само 1,7 проценти. Во однос на вториот ребаланс за 2026 година, капиталните расходи се зголемуваат за само околу 698 милиони денари. Ковачевски укажа и на неусогласеноста меѓу Предлог-буџетот и Фискалната стратегија за 2027 година, подготвена од истата Влада. Во споредба со стратегијата, приходите се пониски за околу 3,1 милијарди денари, тековните расходи се повисоки за 2,2 милијарди денари, капиталните расходи се пониски за 2,7 милијарди денари, а дефицитот е повисок за 2,6 милијарди денари. Овие разлики покажуваат дека Владата отстапува од сопствените фискални планови, со помалку средства за развој и поголеми расходи за тековно функционирање. Ковачевски предупреди и дека планираниот буџетски дефицит од 3,5 проценти од БДП е над законското фискално правило од 3 проценти. Дополнителен ризик, како што посочи, се макроекономските проекции на Владата, која очекува економски раст од 3,8 проценти и инфлација од 3,2 проценти, иако меѓународните проекции упатуваат на поумерен раст и повисоки инфлаторни притисоци. „Прашањето е како ги троши и за кои приоритети и со какви резултати. Бидејќи на крајот успешноста на еден буџет не се мери според тоа колку милијарди денари се испланирани, туку според тоа дали граѓаните живеат подобро, дали младите гледаат перспектива, дали компаниите стануваат поконкурентни и дали државата создава услови за сигурна и одржлива иднина. Тоа е мерката која треба да се оценува предлог буџетот за 2027 година и токму според таа мерка сметаме дека овој буџет не нуди доволно силен развоен одговор на проблемите со кои се соочуваат граѓаните и македонската економија. Не нуди доволно добар одговор на подобрување на услугите во здравството, подобрување на перформансите на образованието и подобрување на економските извозни потенцијали на македонската економија“, потенцираше Ковачевски, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПенков: Резултатите се и видливи и Македонија може да се премине на следната фазаРезултатите се и видливи и Македонија може да се премине на следната фаза, а тоа е постигнување раст на БДП повисок од 4% и постепено да се зголемува.Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Пенков, на денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет, посочи дека за да се развива држaвата не смее да има никакви ограничувања во делот на преземање мерки и активности за да се забрза економскиот развој, а како што вели и за повисоки стапки на раст, како и подобар животен стандард. Според него, тоа се оптималните економски граници кои треба да се дефинираат, а ги истакна и детерминираните проекции во Предлог буџетот за 2027 година. „Вкупните приходи се детерминирани на 395,4 милијарди денари, а вкупните расходи на 440,4 милијарди денари. Буџетскиот дефицит 45 милијарди денари, капиталните расходи 40,8 милијарди денари, даночни приходи 223,1 милијарда, а социјалните трансфери 220,8 милијарди денари. Исплатата на пензиите е детерминирана на 123,8 милијарди денари. Растот на буџетските приходи 5,7%, а на расходите 4,8. Буџетскиот дефицит 3,5% од бруто домашниот производ. Проектираниот реален економски раст 3,8% поени при проектирана инфлација од 3,2“, рече Пенков и додаде: „Проекцијата за растот на бруто домашниот производ за наредната година поткрепено со продолжувањето на инвестицискиот циклус во инфраструктурата, процесот на дигитализацијата, растот на платите, пензиите, модернизација на земјоделството, поддршка за младите, повеќе пари за социјална политика и сето ова почитувани мои колешки и колеги во услови на доспеани обврски ако внимателно го следев колегата Стојаноски некаде околу 2,4 милијарди евра. Секоја нормална држава знае дека тие обврски мора, доспеани обврски мора да се да се платат во услови кога имаме високи стапки на раст на бруто домашниот производ во неколку последователни квартали“. Според него, постои одлична база и подготовка, а резултатите се и видливи со цел како што вели, да може да се премине на следната фаза, а тоа е постигнување раст на БДП повисок од 4% и постепено да се зголемува. „Основата на ова значи дека повисокиот раст означува повеќе новосоздадена вредност и притоа врската помеѓу реализацијата на буџетот со приватниот сектор е најважниот сегмент на економската логика, најважниот сегмент на економската политика. Основата секако треба да биде домашното производство, секако треба да биде извозот, при обезбедена фискална стабилност. Еве ја фискалната стабилност. Таа треба да ни биде основа. Таа треба да ни биде основа за повисок економски раст“, истакна Пенков,се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter