Sono Motors Sion се полни на сончева енергија, како воздушен филтер му служи мов (ВИДЕО) - Канал 5

Sono Motors Sion се полни на сончева енергија, како воздушен филтер му служи мов (ВИДЕО)

Германскиот старт-ап Sono Motors од Минхен претстави прилично достапен и многу иновативен електричен автомобил.

Sono Motors Sion се полни на сончева енергија, како воздушен филтер му служи мов (ВИДЕО)

Најважниот детал: автомобилот наречен Sion може да ги полни батериите со сонце и тоа го прави многу ефикасно.

Соларните панели на електричните автомобили не се ништо ново, на пример сегашниот Ioniq 5 има таков и со него може да наполни доволно енергија за 5 до 6 километри дневно, што е мала заштеда. Sion, според производителот, може да направи повеќе.

Sono Motors тврдат дека во идеални услови нивниот автомобил може да наполни доволно енергија за 245 километри за една недела, што е веќе респектабилно растојание, некои возат помалку километри неделно. Меѓутоа, бидејќи идеалните услови се многу ретки, Sono Motors наведе и просечна вредност.

Тие веруваат дека во текот на годината автомобилот ќе полни доволно енергија за да вози просечно 112 километри секоја недела со помош на сонцето.

Секако, автомобилот може да се полни и на класичен полнач со максимална моќност од 75 kW. Капацитетот на батеријата е добри 54 kWh, а декларираниот домет на автомобилот е 305 километри. Најавената цена на автомобилот е 29.900 евра, со што би станал еден од најевтините електрични автомобили на пазарот.

Sono Motors планира да започне со производство во втората половина на следната година во фабриката Valmet Automotive во Финска, а клиентите веќе можат да го резервираат Sion онлајн со депозит од 500 евра.

Плановите на производителот се доста големи. Во текот на следните седум години тие имаат намера да произведат дури 257.000 автомобили.

Тајната на ефикасното соларно полнење е фактот што овој, не најубав автомобил е покриен со соларни панели. Тие се на покривот, на капакот на моторот, но и на горните делови на страничните врати и калниците.

Има и други иновативни идеи. Мов се користи како филтер за воздух (не е шега или грешка). Мовот се наоѓа зад шофершајбната во внатрешноста и би требало да сопре 20 проценти од ситната прашина од воздухот со своите електростатички својства. Не се знае дали треба да се полева.

YouTube video

Автомобилот е долг 447 сантиметри, широк 183 и висок 166, а багажникот собира 650 литри. Електричниот мотор развива 163 КС и 270 Nm, а максималната брзина е ограничена на 140 km/h. Со цел да се намалат трошоците за одржување, компанијата има намера јавно да ги објавува упатствата за поправка и одржување, а не да ги чува само за своите овластени сервиси.

Сето ова звучи малку чудно и премногу добро за да биде вистина. Дали навистина Sono Motor е сериозен играч ќе дознаеме најдоцна за година и пол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

Општина Центар информира дека средствата предвидени за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик се целосно искористени.

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

Поради тоа, Јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен, а по објавувањето на ова известување во Архивата на Општина Центар нема да се примаат нови барања.

До моментот на завршувањето на повикот се доставени над 1.300 барања.

За оваа намена од Буџетот на Општина Центар за 2026 година беа издвоени 7 милиони денари, а помошта беше удвоена – од минатогодишните 2.500 на 5.000 денари. Со тоа се исполни ветувањето за посилна поддршка на повозрасните сограѓани кои најмногу ја чувствуваат тежината на животните трошоци.

Општина Центар им благодари на сите граѓани кои се јавија на повикот.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус

ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.

Јанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус

Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус.

Во рамки на ЛАПСИ - Локални активни платформи за социјални иновации, младите работеа во групи, ги мапираа предизвиците во својата општина и развиваа идеи за конкретни решенија и подобрување на локалната заедница, а денес им беа доделени сертификатите како потврда за нивното учество, посветеност и стекнатите знаења.

ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел се соочува со можна политичка блокада: Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до формирање на Влада

Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до освојување на минимум 61 пратеничко место во Кнесетот за формирање на Влада – Израел се соочува со можна политичка блокада иако се уште во тек е пребројувањето на гласовите. 

 Израел се соочува со можна политичка блокада: Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до формирање на Влада

Според досегашните резултати, владеачката партија – Ликуд останува водечка, сепак, комбинираниот опозицискиот блок би можел да добие мнозинство доколку соработува со арапските партии – опција која голем дел од нив ја исклучија. Бенјамин Нетанјаху повика на формирање националистичка десничарска влада и изјави дека арапските партии не смеат да имаат пристап до владата.

-Што се однесува до Ликуд — две работи станаа јасни. Првата е недвосмислена: Ликуд е најголемата партија во Израел. Мораме да формираме силна, десничарска, националистичка влада. Забрането е, едноставно забрането, да се стави Израел во ризик преку формирање влада која се потпира на непријателски арапски фракции. Пред Израел стои единствена, историска можност — заедно со нашите партнери и претседателот Трамп — еднаш засекогаш да се отстрани егзистенцијалната закана од Иран.- Бенјамин Нетанјаху, преоден премиер на Израел и лидер на Ликуд

Гади Ајзенкот вети дека ќе формира ционистичка влада со задолжителна воена служба - вклучително и за ултра-ортодоксните евреи, кои досега беа изземени, што е чувствително прашање во Израел.

-На сите милиони што денес гласаа за општа воена служба и за но во раководство, сакам да им порачам дека ќе ги вложам сите свои сили за да формирам ционистичка влада посветена на општа служба за државата. Ова ќе биде влада што ќе се придржува до принципите што ги застапував цело време: признавање на државата Израел како еврејска и демократска, посветеност на вредностите од Декларацијата за независност, посветеност на донесување закон за „Служба за сите“ и посветеност на уништување на Хамас.- Гади Ајзенкот, кандидат и лидер на Јашар

Според светските медиуми, доколку официјалниот резултат покаже дека никој нема мнозинство, израелскиот претседател – Исак Херцог би можел да се обиде да ги насочи двете најголеми партии кон формирање влада на национално единство. Херцог веќе изјави дека ќе стори се што е во негова моќ да спречи нови избори и политички застој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер