СОНК повика да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата, бара средба со Љутков - Канал 5

СОНК повика да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата, бара средба со Љутков

Претседателот на СОНК  Јаким Неделков денеска на прес-конференција  ги повика директорите да не постапуваат според новите упатства од Министерството за култура и вработените да не ги прифаќаат новите решенија за пресметка на плата.

СОНК повика да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата, бара средба со Љутков

Зголемување на коефициентите на сложеност по работно место за 10 проценти, а дополнително и за 0,7 проценти, преку заеднички анекс на Колективниот договор како системско решение за исплата на платите на вработените во културата за кои доцни исплатата на мартовската плата, предлага Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК).

Претседателот на СОНК Јаким Неделков денеска на прес-конференција ги повика директорите да не постапуваат според новите упатства од Министерството за култура и вработените да не ги прифаќаат новите решенија за пресметка на плата коишто им се доставуваат од вчера, најавувајќи дека ќе ги обжали во случај да бидат потпишани. Неделков очекува најдоцна до петок да бидат повикани на средба со ресорниот министер Зоран Љутков за да го претстават решението, а во спротивно на седница на Советот ќе се одлучува за идните чекори и оти не исклучена и одлука за штрајк поради доцнењето на платата и непочитувањето на законот и на колективните договори..

- Ситуацијата е доста сложена, на повидок не е решение на проблемот иако ние апелиравме многу рано и на почетокот на април го известивме Министерството за култура дека може да има проблем во исплатата на платите знаејќи го искуството во минатите години дека при секоја промена на минималната плата доаѓа до проблем при пресметката на платата во културата. Проблемот произлегува од недореченоста или лошото толкување на Општиот колективен договор (ОКД) каде платите во јавниот сектор треба во 2023 година да се зголемат за 10 проценти. Овие 10 проценти во 2023 година установите во дејноста култура ги сметаа на бруто плата така само што додаваа 10 проценти без да се вградат во системот на пресметка на плата. Сега од аспект на минатата 2023 и 2024 годоина тие 10 проценти само летнаа во воздух и ги нема никаде. Согласно Колективниот договор за култура методологијата за пресметка на плата е многу едноставна - вредноста на минималната плата на национално ниво се множи со соодветен коефициент на сложеност на работно место со додатоци. Овие 10 проценти од ОКД ги нема никаде и многу е едноставно решението - треба да се вградат во коефициентот на сложеност на работно место, рече Неделков.

Тој дополни дека со ОКД во 2024 година за сите вработени во јавниот сектор платите се зголемија за 0,7 проценти заради инфлацијата во првите шест месеци, но оти повторно во културата не биле вградени во системот 0,7 - те проценти поради што дополнително треба коефициентот да се зголеми за 0,7 проценти.

Доколку остане упатството што го дало Министерството за култура до вработените од културата, наведе Неделков, повторно ќе нема системско решение на проблемот, повторно ќе се стави проблемот под тепих, зголемувањето ќе биде паушално и невградено во системот и 100 проценти сме сигурни дека во 2026 година повторно ќе се видиме на протести или штрајк.

Со решенијата за определување плата што се изготвуваат од вчера попладне, посочи Неделков, директорите се ставаат во многу непријатна ситуација бидејќи ние ќе ги обжалиме решенијата и ќе покренеме правна постапка против установата односно против директорот.

Повторувајќи дека има решение го повика министерот за култура на средба што побрзо за да му образложат како е најисправно да се пресмета плататата.

- Доколку го послушаат нашиот совет и ги зголемат коефициентите по процедура како што е пропишано по закон помеѓу два односно три социјални партнери да направиме заеднички анекс на колективен договор тогаш повеќе од сигурно е дека колегите од дејноста култура во 2026 година ќе немаат проблем. Остануваме со барање што поитно да се сретнеме со министерот за култура да ја исправиме грешката со цел колегите од култура што поскоро да ја земат платата, за жал велигденските празници ги поминаа со празна трпеза и да не испадне така и за првомајските празници. Доколку не се изготви решение така како што налагаат колективните договори и законот ќе заседаваат органите на СОНК ќе се направи анализа и ќе се донесе одлука што понатака, рече Неделков.

На новинарско прашање дали во идните чекори е можна одука за штрајк Неделков одговори дека се е возможно и оти се надева дека нема да дојде до тоа. Возможно е, потецираше, прво поради доцнење на платата и непочитување на закон и колективен договор што повикува на организирање протести и штрајкови.

Според Неделков, СОНК предлага вистински пат до решение наспроти тој на Министерството за култура кој рече дека е ставање на проблемите под тепих со симболична оштета на вработените во културата од 600 до 2000 денари.

- Не знам како ќе се однесуваат директорите, ќе прават или не плата, апелирам до колегите да не ги потпишуваат решенијата со таква плата, тоа ќе биде доволен сигнал да кажат - не, благодарам, ние не се согласуваме со ваквиот начин на пресметка на плата, нелегитимен е. КД многу јасно кажува како се пресметува плата во дејноста култура во член 86, а во нивното упатство е поинаква методологијата за пресметка на плата што не кореспондира со Колективниот договор. До крајот на неделата, четворток петок, очекувам да имаме разврска, во спротиво ќе се преземеме мерки и ќе се состане советот, наведе претседателот на СОНК.

Синдикатот на културата (СКРМ) вчера одржа протестен совет пред Министерството за култура поради неисплатените плати и непочитување на колективните договори. На советот претставниците на Синдикатот побараа достоинствени услови за работа, почитување на колективните договори, транспарентност и професионално управување со културните институции, стратегија за развој на културата, како и Закон за култура со учество на културните работници во нивно изготвување.

Претседателката на СКРМ, Вера Атанасовска за време на протестниот совет информираше дека од сметководствените и правните служби во институциите за култура, добиле известување дека од страна на Министерството за култура и туризам се доставени нови насоки за пресметка на плата. Тоа значи, како што посочи, дека досегашните насоки каде што беше пресметана платата согласно колективните договори, поточно колективниот договор за култура и општиот колективен договор, не важат, туку сега се дадени нови насоки каде што на некаков поинаков начин се пресметуваат тие 10 проценти, согласно општиот колективен договор.

Министерот за култура пред два дена преку социјалните мрежи им се извини на вработените за доцнењето со ветување дека ќе ги добијат платите заедно со зголемувањето на почетокот на оваа недела. Љутков појасни дека причина за доцнењето е усогласувањето на платите со Министерството за финансии.

Во телевизиско гостување синоќа Љутков рече дека се надева оти денеска до 16 часот ќе бидат исплатени платите за март за околу 3000 луѓе вработени во културата во 120 институции.

Доцнењето се должи на новиот начин на пресметка на платата што, рече, е многу обемен процес, но нагласи дека е првпат со консензус од сите чинители односно пресметката е усогласена со Министерството за финансии и со двата колективни договора – општиот и посебниот. Посочи дека околу 6 отсто ќе биде во просек зголемувањето на платите кај сите вработени и дека процентот ќе биде согласно двата колективни договора.

Како што појасни, досега платите се исплаќале според Колективниот договор потпишан во 2019 година помеѓу синдикатите СКРМ и СОНК со Министерството за култура кој, рече, бил „набрзина донесен“ и без согласност од Министерството за финансии. Поради тоа, за да обезбедат покачувања во однос на минималната плата, во наредните години институциите крателе од буџетот наменет за програмите.

Неодржливо е дури 81 отсто буџетот да оди за плати, а 19 отсто за програми. Тоа е неодржливо и ова е најправилниот начин како да се реши. Зголемувањето кое е направено е и според Општиот колективен договор, и според Посебниот колективен договор, и според закон, бидејќи првпат се усогласуваме сите. Досега секое исплаќање било незаконски зашто немало согласност од Министерството за финансии за колективен договор и тоа значи дека треба сами да си ги обезбедувате средствата од внатре. И секогаш растеле платите, се намалувала продукцијата, немало средства за капитални, ни за обични инвестиции ќе нема и на тој начин ќе дојдеме до ситуација да нема ни за плати. Сега, на овој начин на кој ќе ги исплатиме платите, конечно се решава четиригодишниот проблем, рече Љутков.

СКРМ и културните работници добија поддршка од Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж со Алцхајмерова болест преживеал 11 дена во Амазонија- го барале со дронови и термални камери (ВИДЕО)

74-годишниот Жанарино Фереира дос Сантос, кој боледува од Алцхајмерова болест, е пронајден жив откако поминал 11 дена сам во амазонската дождовна шума во Бразил.

Маж со Алцхајмерова болест преживеал 11 дена во Амазонија- го барале со дронови и термални камери (ВИДЕО)

Тој се опоравува во болница во градот Макапа, а спасувачите откриле дека преживувал јадејќи диви бобинки и пиејќи вода од природни извори, објави АП.

Човекот се движел во кругови

Дос Сантос бил пронајден во густа шумска област на околу 10 километри од Макапа.

Спасувачите рекле дека тој правел импровизирани хамаци од листови од палма асаи за да се одмори во текот на ноќта.

Ренерот на паркот Аниел Кардозо, кој учествувал во потрагата, рекол дека тој и волонтерите биле одведени до исчезнатиот човек по траги кои покажувале дека одел во кругови.

Тие пронашле две леи од палмини лисја, а свежината на втората укажувала дека човекот сè уште е во близина.

Дос Сантос бил пронајден бос и облечен само во долна облека. Не можел да зборува ниту да оди и бил многу жеден, рече Кардозо.

YouTube video

Операцијата била комплицирана поради густата вегетација

Потрагата започнала денот по неговото исчезнување, а во неа учествувале членови на семејството, волонтери и безбедносни служби.

Пожарникарите и специјализираните тимови користеле хеликоптери, беспилотни летала и термални камери, додека неговата внука повикала потрагата да продолжи на социјалните мрежи.

Спасувањето од прашумата на Амазонија било комплицирано поради густата вегетација, поплавените подрачја и мочурливата земја.

Спасувачите затоа направиле импровизирана носилка од јажиња и го пренеле по непристапен терен.

Кардозо рекол дека Дос Сантос ја напуштил својата куќа на работ на дождовната шума додека неговите роднини биле во посета на сосед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масовно труење со алкохол во Индија: Најмалку 17 починати, над 200 завршија во болница

Најмалку 17 лица починаа откако пиеле затруен алкохол во североисточна Индија, а повеќе од 200 се хоспитализирани, според официјални лица и извештаи на локалните медиуми!

Масовно труење со алкохол во Индија: Најмалку 17 починати, над 200 завршија во болница

Џумнам Хемчанд Синг, главен министер на индиската држава Манипур, потврди во изјава на социјалните мрежи дека бројот на жртви се искачил на 17, во споредба со 11 два дена претходно, пренесе Пипл.

Тој претходно изјави дека се верува дека алкохолот потекнува од градот Чакпикаронг во округот Чандел во државата Манипур, во близина на границата на Индија со Мјанмар.

„Тајмс оф Индија“ и „Хинду“ објавија дека 228 од 1.130 лица испитани поради сомневање за труење биле хоспитализирани во два медицински центри, додека 38 пациенти биле на дијализа.

Хемчанд рече дека владата формирала комисија за истрага и „да се обезбеди виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата што е можно поскоро“. Тој додаде дека примероци од алкохолот се испратени на анализа во Националната лабораторија за храна на Индија, како и во форензичката лабораторија во Манипур и Државната лабораторија за јавно здравје, и дека се запленети речиси 1.200 галони алкохол. Портпаролот на владата, Токчом Радешјам Синг, изјави дека се уапсени шест лица, објави „Тајмс оф Индија“.

Тој ги повика локалните жители да соработуваат со властите и да пријават секој што е осомничен за производство и продажба на фалсификуван или неправилно подготвен алкохол, додавајќи дека истрагата ќе продолжи за да се идентификуваат другите вклучени. Хемчанд првично во петок, 20 ноември, изјави дека 181 лице е хоспитализирано. Тој ги повика болниците вклучени во третманот на пациентите да „обезбедат најдобра можна медицинска нега и сета потребна поддршка“, додавајќи дека медицински тим предводен од специјалист се упатува кон областа за да помогне во третманот.

„Им посакувам на пациентите брзо и целосно закрепнување и изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на починатите“, рече тој, заедно со фотографии на кои се гледа како разговара со некои од хоспитализираните лица.

„Владата ќе спроведе истрага и сторителите ќе бидат казнети“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Големо астрономско откритие: Пронајден е досега најоддалечен познат квазар

Најоддалечениот квазар пронајден досега беше откриен од тимот на астрономот Џулиен Волф, постдокторски соработник во Институтот за астрономија Макс Планк во Хајделберг (сега во Европската јужна опсерваторија во Гархинг во близина на Минхен). 

Големо астрономско откритие: Пронајден е досега најоддалечен познат квазар

Прво беше идентификуван како дел од широкото истражување на небото со телескопот Евклид, а последователните набљудувања од некои од најмоќните телескопи на Земјата и во вселената потврдија дека се работи за квазар, објави Институтот за астрономија Макс Планк.

Квазар означува исклучително светло јадро на активна галаксија. По завршувањето на В.М. Опсерваторијата Кек и вселенскиот телескоп Хабл веќе ги дадоа првите навестувања, Големиот бинокуларен телескоп (LBT) и конечно вселенскиот телескоп Џејмс Веб конечно открија поместување на црвено од z = 8,13, што одговара на космичката старост од 630 милиони години по Големата експлозија.

Црвеното поместување е мерка за тоа колку брановата должина на светлината емитирана од изворот е растегната со космичко проширување до моментот кога ќе стигне до телескопот. Во зависност од тоа како космосот еволуирал со текот на времето, ова црвено поместување може да се претвори во далечина. Познат како J1504+6252, кој тимот го нарече „Dún Aonghasa“, овој квазар постоел 40 милиони години порано од претходниот рекордер и е првиот квазар со поместување на црвено поголемо од осум.

Најсветлите постојани објекти во универзумот

Квазарите се екстремно светли јадра на галаксиите со супермасивни црни дупки фатени при хранење: материјалот во нивната непосредна близина формира турбулентен вртлог од гас кој се загрева додека не свети посилно од целата галаксија пред да се урне во црна дупка. Астрономите овој тип на процес го нарекуваат акреција. Квазарите се најсветлите постојани извори во универзумот, поради што тие можат детално да се проучуваат дури и во првите милијарда години од космичката историја. Последователните набљудувања открија дека квазарот Дун Аонгаса има супермасивна црна дупка со маса неколку стотици милиони пати поголема од Сонцето.

Потрагата по квазари од најраните епохи на универзумот, притискајќи ги моменталните способности за набљудување до крај, не е само трка за нови рекорди.

- Откритието на квазари на растечки растојанија, на самиот раб на видливиот универзум, нè учи нешто за тоа како растеле црните дупки во нивните центри. Колку поблиску ги наоѓаме до Големата експлозија, толку побрзо требаше да растат нивните црни дупки или мораа да бидат помасивни во моментот на нивното формирање - или и двете - вели Џулиен Волф.

Ова става строги ограничувања на механизмите кои им помогнаа на нивните маси да растат толку енормно и брзо.

Сценарија за раст на црните дупки

Волф и неговите колеги пресметале под кои околности предложените сценарија би можеле да создадат црни дупки со толкава маса како онаа што го напојува квазарот Дун Аонгас. Со оглед на разумните стапки на раст, најновите наоди изгледаат во согласност со сценариото за директен колапс, во кое масивен облак од гас се кондензира под сопствената гравитација и директно формира црна дупка која потоа продолжува да расте. Стапката на раст обично е ограничена со саморегулирачки механизам кој, при зголемени температури, го одбива гасот што се распаѓа, вообичаено наречен Едингтонова граница.

Интересно, набљудувачките податоци покажуваат дека Дун Аонгаса расте далеку под таа граница, што покажува дека дури и најоддалечените квазари акредитираат гас со различни стапки. Ако овој квазар отсекогаш растел бавно, ќе барал екстремно масивно почетно семе, што е тешко да се објасни со постоечките модели на формирање. Наместо тоа, раната црна дупка масивна како онаа во квазарот Дун Аонгаса ја поддржува идејата за многу побрзо акредитирање во минатото, можеби дури и над теоретската граница на Едингтон.

Севкупно, условите за почеток на директен колапс мора да биле ретки за време на оваа ера на космичка еволуција, што може да го објасни малиот број квазари пронајдени досега при црвенило поголеми од 7,5. Ако во одреден момент астрономите откријат квазари со значително повисоки поместувања на црвено, односно оние кои се приближуваат до космичка возраст од само неколку стотици милиони години, дури и сценариото за директен колапс може да стане помалку веројатно.

Примордијална црна дупка

Во тој случај, астрономите можеби ќе треба да размислат за друга, поегзотична алтернатива: исконски црни дупки - хипотетички црни дупки формирани веднаш по Големата експлозија, кои би служеле како масивни семиња за акредитација на гас. Дури и без потреба од екстремни стапки на раст, ваквите масивни објекти би обезбедиле почеток, давајќи им на црните дупки доволно време да добијат маси од милиони на милиони сончеви маси. Само идните набљудувања и откритија на можеби уште подалечни квазари целосно ќе ја решат загатката за нивното потекло.

- И тоа може да се случи побрзо отколку што мислиме - изјави Силвија Беладита, научник од Институтот за астрономија Макс Планк.

Таа беше одговорна за клучните последователни набљудувања со LBT кои го потврдија високото црвено поместување на овој извор. Откривањето на квазарот Дун Аонгас се случи само неколку месеци откако истиот тим ги објави првите 31 квазари од првата милијарда години космичка еволуција, откриени како дел од истражувањето на широкото небо на Еуклид (EWS), вклучувајќи го и претходниот носител на рекорд.

„Ова покажува колку брзо Еуклид го проширува нашиот инвентар на најоддалечените квазари. Секое ново откритие нè доближува до разбирањето како супермасивните црни дупки се формирале и растеле во раниот универзум“, рече Беладита.

„Не е јасно колку далеку во минатото постојат овие супермасивни црни дупки што ги напојуваат светлите квазари, но Еуклид има добри шанси да открие каде е таа граница“, заклучи Едуардо Бањадос, водач на истражувачката група и научник во Институтот за астрономија Макс Планк.

Студијата е објавена во Astronomy & Astrophysics.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер