Сони за 3,6 милијарди долари ја купува компанијата за видео игрите Destiny и Halo - Канал 5

Сони за 3,6 милијарди долари ја купува компанијата за видео игрите Destiny и Halo

Sony ја купува Bungie, компанијата која ги разви популарните игри Destiny и Halo, за 3,6 милијарди долари.

Сони за 3,6 милијарди долари ја купува компанијата за видео игрите Destiny и Halo

Веста за аквизицијата доаѓа веднаш откако Microsoft објави дека го купува Activision Blizzard, познат по серијата хит игри како World of Warcraft и Call of Duty, за 68,7 милијарди долари.

Како што објави извршниот директор на Bungie Пит Парсонс на својот блог, Bungie „ќе продолжи самостојно да објавува и развива игри “.

„Во CEE (подружница за забава и игри на Sony, оп.а.) најдовме партнер кој безусловно нè поддржува во се` што сме и сака да ја забрза нашата визија за создавање забава за сите генерации, истовремено одржувајќи ја креативната независност што победува во срцето на Банџи“, напиша Парсонс.

„Како и ние, така и CEE верува дека игрите се само почеток на она што нашата соработка може да го донесе. додаде тој..

Bungie ќе продолжи да развива игри за повеќе платформи и ќе остане независно студио и издавач, потврди извршниот директор на Sony Interactive Entertainment, Џим Рајан. Bungie потврди дека нивните идни игри нема да мора да се играат само на PlayStation, познатата гејмерска конзола на Sony.

„Не, ние сакаме световите што ги создаваме да бидат достапни секаде каде што луѓето играат игри. Ќе продолжиме да објавуваме сами, да останеме независни во нашата креативност и да продолжиме да водиме обединета заедница на гејмери“, рече Bungie како одговор на прашање за како спојувањето ќе влијае на нивниот успех, објави Верж.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период.

„Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков.

На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Досегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места.

Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место.

Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Во четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

250 - 300 гр. мелено месо

1 главица кромид

150 мл. доматен сос

3 чешниња лук

маслиново масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер