Сони и Хонда потврдија дека се здружиле за производство на електрични возила (ФОТО) - Канал 5

Сони и Хонда потврдија дека се здружиле за производство на електрични возила (ФОТО)

Sony конечно се одлучи и влезе во последната фаза од проектот за развој на електрични автомобили.

Сони и Хонда потврдија дека се здружиле за производство на електрични возила (ФОТО)

Веќе неколку години слушаме за влез на компанијата во производството на автомобили, а во јануари на CES можевме да видиме како изгледа првиот Sony на четири тркала. Сега сите овие приказни и шпекулации добија и официјална потврда - Sony и Honda ги здружуваат силите, а се знае и кога ќе пристигне првиот електричен автомобил.

Со здружението на проектот добива ново име, Sony Honda Mobility, а познато е дека секој партнер во проектот првично инвестирал 74 милиони долари. Првиот електричен автомобил ќе се појави на пазарот во 2025 година.

Да потсетиме, Sony не е првата, а најверојатно ниту последната компанија што влезе од светот на електрониката во светот на автомобилите. За влезот на Apple се зборува веќе десет години, а Huawei неодамна влезе во светот на автомобилите. Сепак, Sony е дефинитивно првиот што има готов производ.

Honda претходно најави дека ќе инвестира над 37 милијарди долари во електрификација и дека до крајот на деценијата ќе понуди 30 електрични модели. Соработката со Sony секако ќе им користи на двете страни, каде што Sony ќе има производствени технологии и конструкција на возила на располагање, додека Honda ќе има корист од дигиталните технологии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните

СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните, надлежните веднаш ги демантираа, водата во Скопје е безбедна за пиење.

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните

Таман човек ќе помисли дека СДС го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење.

Оваа информација не е само гола политичка критика, туку опасна дезинформација. И сето ова го прават очигледно за политички поени, бидејќи ваква неточна, непроверена информација не само што создава паника, туку во крајна линија може да влијае на здравјето на граѓаните.

СДС и нивниот моментален претседател Венко Филипче кој со својот ментор и партиски другар Зоран Заев се шета по Егејот треба да се смири и да не се однесува како сонцето да му удрило во глава и да дава вакви насоки за вакво ширење паника.

Дополнително, овој обид за дезинформирање на граѓаните и ширење паника покажува само едно дека СДС веќе не знае ни каде удира. Кога немаат што да понудат, останува само политичкото дно, а тоа кај СДС очигледно нема крај.

Надлежните државни институции веднаш реагираа демантирајќи ги со факти, а реагираше и обвинителството. Сепак се очекува исход од истрагата бидејќи вакви дезинформации се опасни. Се очекува деновиве добра вест и од Гостивар дека водата е квалитетна за пиење.

За жал, во оваа држава СДС како опозициска партија почнува да делува и опасно за граѓаните. СДС и актуелното раководство со своите вакви постапки покажува само дека е талогот на Македонија.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Малолетна девојка од Охрид пријавена за исчезната – семејството бара помош

Семејството на малолетната Кристина од Охрид поминува низ тешки моменти, откако девојката е пријавена за исчезната.

Малолетна девојка од Охрид пријавена за исчезната – семејството бара помош

Малолетната Кристина од Охрид е пријавена за исчезната, информираат нејзините блиски.

Според информациите, таа последен пат контактирала со семејството вчера околу 16:00 часот. При излегувањето од дома била облечена во црна маица и широки фармерки.

Случајот е пријавен во полиција, а семејството упатува апел до сите граѓани кои можеби ја забележале Кристина или имаат каква било информација за нејзиното движење, да помогнат.

Информациите може да се пријават на 075/238-015 и 075/238-017, или во најблиската полициска станица.

Секој детал може да биде важен.

Извор/Фото: Охрид прес

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чави е нов селектор на Холандија

Легендата на светскиот фудбал, екс стратегот на Барселона, Чави Ернандез е  назначен за нов селектор на Холандија.

Чави е нов селектор на Холандија

Шпанскиот стручњак Чави Ернандез е новиот селектор на Холандија, соопшти денеска Фудбалскиот сојуз на Холандија.

Како што беше објавено, 46-годишниот Шпанец го наследи Роналд Куман и потпиша четиригодишен договор со раководството на холандскиот сојуз.

Чави ќе дебитира на клупата на „Лалињата“ на 24 септември против Германија во Лигата на нации, а во истото натпреварување, само три дена подоцна, ќе гостува во Белград против Србија. Шпанецот е првиот странски селектор на Холандија по 1978 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер