Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 20 степени - Канал 5

Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 20 степени

Утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 20 степени

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.

Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Утре облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Дневните температури ќе бидат без значителни промени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најопасната држава на светот вложува 80 милијарди долари во туризам- се отвора и Националниот музеј

Ирак, кој важи за една од најопасните земји во светот, веќе подолго време е во голема мера недостапен за туристите од целиот свет!

Најопасната држава на светот вложува 80 милијарди долари во туризам- се отвора и Националниот музеј

Препораките на министерствата за надворешни работи за патување во овој регион се менуваа низ годините, поради различни конфликти и безбедносни закани.

И денеска на сила е препораката да не се патува во одредени делови од оваа земја, додека за другите области се препорачува да се избегнуваат сите патувања освен оние кои се апсолутно неопходни.

Сепак, и покрај ова, оваа блискоисточна земја неодамна забележа нов бран инвестиции во туристичкиот сектор. Реновираниот национален музеј на Ирак треба да биде отворен следниот месец, пишува Breaking Travel News.

Музејот во Багдад беше затворен две години, а во него се сместени десетици илјади антиквитети поврзани со минатото на земјата. Музејот беше ограбен во 2003 година за време на инвазијата предводена од САД, и оттогаш беше затворен неколку пати.

Повторното отворање е важен чекор во напорите на Ирак да ги обнови своите историски споменици и да привлече повеќе туристи во земјата, објави Дејли Меил.

Како дел од тие напори, се градат нови хотели, додека историските локалитети, вклучително и Абасидската палата од 12 век, се обновени и повторно отворени за посетителите. Предвидено е и Музејот на културата во Мосул повторно да биде отворен за јавноста до крајот на годината.

Повеќе од 80 милијарди долари се инвестирани во ирачкиот регион Курдистан, кој ФЦДО во моментов го советува против сите, освен апсолутно неопходни патувања, а бројот на туристи вртоглаво се искачи од 377.000 во 2006 година на осум милиони во 2024 година.

Од почетокот на војната со Иран на почетокот на оваа година, туризмот на Блискиот Исток претрпе големи последици, поради прекините на воздушниот сообраќај и честите промени во препораките за патување.

Некои патници, сепак, не се откажуваат од своите планови. Компаниите како Untamed Borders сè уште нудат тури во Ирак. Основачот на Untamed Borders, Џејмс Вилкокс, изјави за Breaking Travel News:

„На прв поглед, Ирак можеби не изгледа како најочигледната туристичка дестинација, но земјата има богатство на локации од светска класа.

„Вавилон и Багдад ја евоцираат историјата и мистеријата на Блискиот Исток. Овие инвестиции во античките места и туристичката инфраструктура во Ирак несомнено ќе придонесат земјата да стане значајна туристичка сила во регионот.

„Иако нестабилноста значи дека многу посетители се претпазливи, патувањето во Ирак е можно и вредно“.

Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство предупредува дека туристите кои ги посетуваат земјите кои имаат совети за патување треба да го преземат потребното осигурување.

„Ако одлучите да патувате и покрај советите на FCDO, истражете ги вашите дестинации и добијте соодветно патничко осигурување. Осигурувањето треба да ги покрие вашата маршрута, планираните активности и итни трошоци“, се вели на страницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Интензивно и во ноќни услови го асфалтираме автопатат на Коридор 10 од Гевгелија до граничниот премин Богородица. 

Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој изврши увид во рехабилтација на автопатот.

„Вечерва сме на граничниот премин Богородица, на најфреквентниот граничен премин којшто државата го има. Ова е граничен премин на коридорот 10 којшто нè спојува со Грција. Во рамки на програмата што ја имаат Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт, се прави целосна реконструкција и рехабилитација на влезот во Македонија во должина од околу 5 километри од граничниот премин Богородица до после Гевгелија. Се работи на интезивно, како што гледате, се работи и навечер со цел што побрзо да заврши оваа рехабилитација, да имаме супер модерен влез во државата. На овој начин покажуваме дека се грижиме за сите делови од државата и дека се грижиме инфраструктурата да е во одлична состојба насекаде државата. Сакав еве вака во една вечерна, ноќна посета да ги поздравам сите оние коишто работат овдека, да видам како се одвиваат активностите. Навистина активностите се одвиваат одлично и за многу брзо време ќе имаме супер модерен влез во државата”- изјави Николоски, соопштуваат од МТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати од Брисел по завршувањето на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Брисел.

Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент

Мицкоски најрвин го најави проектот „Roam like at home“ со што македонските граѓани ќе може да разговараат на телефон по цена како да се дома.

Продолжуваме да испорачуваме проекти , кои се дел од реформската агенда, рече Мицкоски и додаде дека во овој декемвриски период да бидеме најдобри.

„Очекуваме за 10 проценти зголемување од веќе добиените 750 милиони евра. Посветеноста останува. Да зборуваме за заслуги, за учинок и ние како Македонија го правиме и тука. Ќе се бориме за она што е наш аргумент, ќе продолжиме да се бориме за македонските граѓани.“, рече Мицкоски и го најави своето учество на седницата во Собранието за пратенички прашања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер