Сончево со мала до умерена облачност и температура до 20 степени - Канал 5

Сончево со мала до умерена облачност и температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена облачност и температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно и стабилно време, освен во петок кога ќе има слаби локални врнежи од дожд кои на повисоките планини ќе бидат од снег. Утре ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, а од петок до крајот на периодов, ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Во рамките на Форумот на идни глобални лидери организиран од Светскиот економски форум во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на сесијата „Trade in a Changing World“.

Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Во своето обраќање, Муцунски се осврна на промените во глобалниот трговски систем, растечката геоекономска конкуренција и потребата постојната институционална архитектура на меѓународната трговија, создадена во 20 век, да се приспособи на реалностите на 21 век.

„Кога постојат оние што го доведуваат во прашање сегашниот модел, а ние сме загрижени поради тоа, мора да погледнеме и кон самите себе и да се запрашаме што можеме да направиме за да го модернизираме системот во наша заедничка корист“, истакна Муцунски.

Посебен акцент стави на односот меѓу отвореноста, безбедноста и отпорноста, нагласувајќи дека иднината на глобалната трговија не треба да се поставува како избор меѓу отвореност и безбедност.

„Мора да ја направиме отвореноста побезбедна. Отпорноста во никој случај не значи изолација“, порача Муцунски.

Во тој контекст, подвлече дека најуспешни ќе бидат државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства.

„Нашето цврсто уверување е дека државите што ќе успеат во следните пет, десет, петнаесет или дваесет години нема да бидат оние што ќе изградат најголеми ѕидови, туку оние што ќе изградат најотпорни мостови“, нагласи министерот.

Осврнувајќи се на позицијата на помалите економии во глобалната конкуренција, Муцунски истакна дека нивната сила не произлегува од големината, туку од способноста да бидат сигурни и предвидливи партнери.

„Големите економии се натпреваруваат преку обем. Малите економии се натпреваруваат преку доверливост“, истакна тој.

Муцунски се осврна и на економскиот суверенитет, нагласувајќи дека тој е тесно поврзан со инфраструктурната и енергетската поврзаност.

„За нас, економскиот суверенитет е длабоко поврзан со поврзаноста. Ако не сте добро поврзани, не можете истовремено да бидете и суверени“, посочи министерот.

Во таа насока, тој ги издвои инвестициите во Коридорите VIII и X, патната и железничката инфраструктура и енергетската диверзификација, додавајќи дека енергетската независност е неопходен предуслов за економски развој и инвестиции во индустриите на иднината.

Осврнувајќи се на економската меѓузависност и глобалните конфликти, тој истакна дека нивните последици одамна не се ограничени само на државите директно вклучени во нив.

„Првата жртва на секој конфликт е човечкиот живот. Втората жртва е економскиот просперитет – не само на државите вклучени во конфликтот, туку и пошироко, затоа што нашите синџири на снабдување и трговски рути се силно меѓусебно поврзани“, истакна Муцунски.

Тој нагласи дека во услови на глобални промени, одговорот не треба да биде изолација, туку поголема поврзаност, модернизација на меѓународниот систем, инвестиции во отпорност и поефикасна мултилатерална соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дербито во ЗМанлестер за бранителот на тронот ПСЖ, Реал со пресврт до триумф во Рим

Спектакл во Манчестер и Рим, но не помалку возбудливо беше и во другите градови, каде што се одигра 2. коло од Лигата на шампионите!

Дербито во ЗМанлестер за бранителот на тронот ПСЖ, Реал со пресврт до триумф во Рим

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Манчестер Сити со 4:2 на „Етихад“, додека Реал Мадрид, по неверојатен пресврт, ја победи Рома со 4:3 на Олимпискиот стадион.

Уште од самиот почеток, ПСЖ покажа дека е подготвен за уште еден голем европски подвиг, а прашањето за победникот практично го реши уште во првото полувреме.

Од друга страна, Реал Мадрид и Рома приредија вистински фудбалски трилер во италијанската престолнина. Кралевите од Мадрид со резулатски превсрт ги освоија бодовите против Рома.

среда

ЛАСК Линц - Ливерпул 3:6

Феенорд - Комо 3:2

Бетис - Порто 3:2

Рома - Реал Мадрид 3:4

Астон Вила - Фенербахче 6:0

Боде Глимт - Борусија Дортмунд

Манчестер Сити - Пари Сен Жермен 2:4

Шахтјор - АЕК 3:1

Слован Братислава - Штутгарт 0:3

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува

Илон Маск посочи дека американската влада можеби стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува и да остане поврзано со интернет мрежата Старлинк и Спејс икс.

Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува

„Старлинк“ е витална алатка што му овозможува на Киев да насочува беспилотни летала кон руски цели, а исто така и да го штити сопственото небо, но во вторник вечерта Украина соопшти дека неочекуваните нови ограничувања на брзината ги нарушуваат нејзините мисии на бојното поле.

Советник на Зеленски рече дека верува оти ограничувањата не се случајност и се поврзани со најновите тензии меѓу Киев и Вашингтон.

Маск рече дека „Старшилд“ е контролирана од американската влада и „сите ограничувања на брзината или употребата ги одлучува американската војска и на крајот Маск - пишувајќи на X - одговараше на молбите од украинските власти за враќање на поврзаноста, вклучително и од Зеленски, кој за британските медиуми изјави: „Се надевам дека е грешка, можеби технички проблем. Владата на САД не коментираше.во раните утрински часови во четврток, руските напади убија две лица во регионот Дњепропетровск, изјави регионалниот гувернер.

Иако обете компании се во сопственост на „Спејсикс“ на Маск, „Старлинк“ е цивилна услуга што користи сателити во ниската земјина орбита за да обезбеди пристап до интернет, особено во оддалечени области, додека „Старшилд“ е дизајниран за владина и воена употреба.најмалку 600.000 луѓе низ цела Украина останаа без електрична енергија, а жителите рекоа дека не добиле никакво предупредување за дроновите пред да удрат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер