Сончево и топло, попладне дожд и грмежи - Канал 5

Сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. 

Сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во повисоките делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До петок времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, особено во петок. Во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно и малку посвежо со умерен, повремено засилен северен ветер.

Арсенал го договори трансферот на Ѓокереш

 Лондонски Арсенал се договори со Спортинг за трансферот на шведскиот голгетер Виктор Ѓокереш (27), за кого премиерлигашот ќе плати 73,5 милиони евра отштета, јавија денеска британските медиуми.

Арсенал го договори трансферот на Ѓокереш

Преговорите добија забрзан тек, откако спортскиот директор на Арсенал, Андреа Берта, пристигна во Лисабон кон крајот на минатата недела. Првичната понуда на англискиот клуб беше 70 милиони евра, но Спортинг ја одби.

Ѓокереш, кој минатата сезона постигна 54 голови во сите натпреварувања, има тригодишен договор со Спортинг и откупна клаузула од сто милиони евра. Сепак, португалскиот клуб ја намали цената, а медиумите тврдат дека шведскиот репрезентативец веќе се договорил со Арсенал околу неговата годишна плата.

Ѓокереш дојде во клубот од Лисабон во летото 2023 година од англискиот второлигаш Ковентри во трансфер вреден 24 милиони евра и за две сезони во дресот на Спортинг постигна 97 голови и додаде 28 асистенции.

Проја со блитва

Блитвата ѝ дава на пројата не само убав вкус, туку и прекрасен изглед.

Проја со блитва

Состојки:

4 јајца

100 грама крем сирење

150 мл масло

150 мл млеко

150 мл минерална вода

1 чаша (200 мл) пченкарно брашно

1 чаша бело брашно

1 чаша пченкарен гриз (пaлента)

1 прашок за пециво

сол

300-400 грама бланширана блитва

150 грама рендано сирење

Подготовка:

Изблендирајте ги јајцата со крем сирењето со миксер, додадете го маслото, млекото и минералната вода и на крај сувите состојки и солта. Соединете сè, потоа додадете ги блитвата и сирењето и измешајте. Истурете ја смесата во плех за печење со димензии 20x30 см обложен со хартија за печење. Печете на 180° 30-40 минути додека пројата не ја добие бојата како на сликата. Исечете ја малку изладената проја во посакуваните форми и консумирајте ја. Чаша млеко или јогурт ќе биде убава со оваа проја..

Сервирање:

Лесен ручек или вечера без месо. Пројата е подеднакво вкусна топла или ладна. Значи, можеме да ја носиме на работа или на патување.

Наместо крем сирење, можете да користите урда, а наместо блитва, спанаќ.

Голем пожар синоќа зафати неколку куќи во скопско Злокуќани

Голем пожар се случи синоќа во Злокуќани во општина Карпош, на улицата „Скупи“, при што беа зафатени неколку куќи.

Голем пожар синоќа зафати неколку куќи во скопско Злокуќани

Нема сериозно повредени во пожарот, освен неколкумина кои вдишиле чад.

На местото на опожарените домови е Здравко Димитров.

Здравко повели со информациите колку куќи беа зафатени од пожарот ?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

притисни ентер