Сончево и многу топло, температура до 41 степен, од утре освежување - Канал 5

Сончево и многу топло, температура до 41 степен, од утре освежување

Топлотниот бран што ја зафати земјава и денеска носи многу високи температути кои ќе достигнат до 41 степен. Ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Сончево и многу топло, температура до 41 степен, од утре освежување

Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 41 степен.

Препораките за заштита на населението од високите температури кои Владата ги донесе на 5 јули завршуваат денеска.

Според најновата прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), земјава ја очекува голема временска промена, од топлотен бран до силен северен ветер и значително заладување.

Од среда навечер и особено во четврток, под влијание на посвежа воздушна маса од север, температурите ќе се намалат дури за 8 до 10 степени. Ќе дува засилен северен ветер, а во северниот дел на државата се очекува повремен дожд.

Во петок има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, но за време на викендот времето повторно ќе се стабилизира. Ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, и со постепен пораст на дневните температури.

Во Скопје, денеска сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 41 степен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали ЕУ добива нова членка?

Фон дер Лајен, денеска во своето обраќање за состојбата на Унијата изјави дека ЕУ сака да го „подигне партнерството со Канада на највисоко можно ниво“

Дали ЕУ добива нова членка?

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во своето обраќање за состојбата на Унијата изјави дека ЕУ сака да го „подигне партнерството со Канада на највисоко можно ниво“ и заеднички да работи на „отворање на вратата за Канада да стане прва придружна членка на ЕУ“.

„Ова не е партнерство против некој друг, туку партнерство за нашата заедничка сила“, рече Фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент – на кое присуствуваше и канадскиот премиер Марк Карни – додека нејзиниот предлог беше поздравен со стоечки овации од присутните пратеници и комесари во салата во Стразбур.

Фон дер Лајен му посака добредојде на канадскиот премиер, кој треба да се обрати пред Европскиот парламент утре, истакнувајќи дека неговото присуство е „симбол на трајното пријателство меѓу нашите народи“.

„Марк, Европа и Канада веруваат во демократијата. Таа моќ не им припаѓа на најсилните, најбогатите или најгласните, туку на сите нас. Тоа значи дека демократиите имаат слобода да изберат со кого ќе соработуваат“. „Токму затоа доброволно ги здружуваме силите“, рече Фон дер Лајен.

Таа изјави дека просперитетот и безбедноста на ЕУ – „во оваа ера на пресвртни моменти“ – нема да се градат само дома, наведувајќи ги како примери новите трговски договори со Австралија, Индија, блокот Меркосур, Мексико и Индонезија.

„Овие партнерства се стратешки избор за Европа, но тие исто така одговараат на пукнатините во меѓународниот систем заснован на правила“, рече Фон дер Лајен.

Според неа, иако некои можеби ќе изберат да дејствуваат самостојно, тоа не е опција за ЕУ.

Таа додаде дека Европа секогаш ќе го предводи патот во одбраната на системот заснован на правила, но повеќе не може да се потпира само на тој систем за да ги обезбеди своите интереси, ниту пак да претпоставува дека правилата ќе ја заштитат од сложените закани со кои се соочува.

Фон дер Лајен заклучи дека во овој нов свет, ЕУ мора итно да ги преиспита своите партнерства и да изгради глобални коалиции за да ја обезбеди својата отпорност и да ја зајакне демократијата.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Австријка нападната од ајкула за време на екскурзија на Бахамите

Триесет и седумгодишна Австријка се здоби со тешки повреди при напад од ајкула на Бахамите, додека учествуваше во туристичка екскурзија што вклучуваше пливање со делфини.

Австријка нападната од ајкула за време на екскурзија на Бахамите

Инцидентот се случил на околу 5,5 километри од брегот на островот Бимини, потврди бахамската полиција, пренесува „ABC News“.

Според официјалните извештаи, жената претрпела тешка повреда на десниот скочен зглоб. Нападот се случил завчера, а веднаш потоа – околу 17:30 часот – таа била пренесена во Клиниката во Бимини.

Поради сериозноста на повредите, 37-годишната жена набрзо била префрлена со хеликоптер во Њу Провиденс, главниот и најнаселен остров на Бахамите, на понатамошно лекување.

Бахамската полиција започна истрага за да ги утврди сите околности на нападот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таен разговор во ВИП-ложата: Камерите ги снимиле Тејлор Свифт и Том Круз на натпревар

Камерите ги снимиле Тејлор Свифт и Том Круз на натпревар, а експерт за читање од усни ја откри темата на нивниот разговор.

Таен разговор во ВИП-ложата: Камерите ги снимиле Тејлор Свифт и Том Круз на натпревар

Невообичаена средба меѓу светска поп-ѕвезда Тејлор Свифт и славен холивудски актер, Том Круз привлече огромно внимание во јавноста за време на неодамнешниот натпревар помеѓу Канзас Сити Чифс и Денвер Бронкос.

Свифт пристигнала на стадионот за да го поддржи својот партнер, играчот на Чифс, Тревис Келс, а Круз ѝ се придружил во ВИП ложата, каде што се снимени како водат интимен разговор.

Виралното видео брзо го привлече вниманието на експертите, а професионален читач на усни Ајриш Стар, успеал да дешифрира дел од нивниот дијалог .

Според неговите наводи, Свифт го започнала разговорот коментирајќи ја импресивната атмосфера.

„Она што навистина ми се допаѓа е енергијата и начинот на кој е организирана публиката“, рекла Свифт. Иако одговорот на Круз не е сосема јасен, експертот за читање од усни тврди дека славниот актер ѝ го свртел вниманието кон нејзините професионални обврски.

„Можеби не си свесна за тоа, но имаш работа што треба да ја завршиш“, наводно рекол Круз. Откако накратко го спуштила пијалакот и потврдно кимнала со главата, Круз наводно упатил загонетна забелешка за „држење на еден “ и за тоа дека ова е „последен пат“, иако поширокиот контекст и точната цел на овие изјави остануваат целосно непознати за јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер