Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
МакедонијаСончево и многу топло, портокалово ниво на опасност од високи температуриВремето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степени и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје и околината сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени. Утре ќе се задржи стабилно и многу топло време и ќе дува засилен, повремено силен, јужен ветер. Одново ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Во вечерните часови, во текот на ноќта и в петок ќе има зголемување на облачноста и услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата ќе се намали за 3 до 5 степени. Министерството за здравство вчера соопшти дека денеска и утре целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза, па согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето. Мерките опфаќаат ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени, стари и изнемоштени лица и бездомници. – Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, потсетуваат од Министерството. Населението треба да остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка, да се носи светла и лесна облека. При директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крем со висок заштитен фактор, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна, да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, како и да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри и на хронично болните лица им се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари. Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката, информираат од Министерството и посочуваат дека Комисијата за следење на ефектите од високите температури во континуитет ја следи состојбата и по потреба ќе предлага мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиМарко Џорлев го освои светскиот врв – злато за Македонија на СП во ПолскаМакедонскиот карате репрезентативец во кадетска конкуренција Марко Џорлев го освои златниот медал на Светското првенство во Полска, триумфирајќи во финалето со 4-1 против унгарецот Адам Баги.Македонското карате доби нов светски шампион! Марко Џорлев се искачи на највисокото место на пиедесталот на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21, кое се одржува во Бјелско-Бјала, Полска, откако во финалната борба во кадетската конкуренција до 63 килограми го совлада Адам Баги од Унгарија со 4-1. Со сигурен настап, одлична тактичка подготвеност и контрола врз финалната борба, Џорлев го потврди својот квалитет и го заокружи настапот на светскиот шампионат на најдобар можен начин. Овој резултат претставува исклучително достигнување за младиот македонски репрезентативец и значаен успех за македонското карате на меѓународната сцена. Пет победи до светскиот врв Патот до светската титула беше исполнет со одлични настапи. Џорлев забележа пет победи, совладувајќи ги сите противници со убедливи резултати. Во почетните фази од натпреварувањето, македонскиот каратист беше поуспешен од Алехандро Перез од Куба со 10-6, Хозе Андрес Гарсија од Гвајана со 6-1 и Леонс Акоповс од Латвија со 6-0. Во полуфиналето следуваше уште една доминантна изведба, во која Џорлев го совлада Јан Мата од Панама со 8-0, обезбедувајќи пласман во големото финале. Таму, со победата од 4-1 над унгарскиот претставник Адам Баги, македонскиот репрезентативец го потврди својот статус на најдобар во светот во својата возрасна и тежинска категорија. Резултати на Марко Џорлев – кадети, -63 кг: Марко Џорлев – Алехандро Перез (Куба) 10-6 Марко Џорлев – Хозе Андрес Гарсија (Гвајана) 6-1 Марко Џорлев – Леонс Акоповс (Латвија) 6-0 Полуфинале: Марко Џорлев – Јан Мата (Панама) 8-0 Финале: Марко Џорлев – Адам Баги (Унгарија) 4-1 Успех зад кој стојат континуитет и квалитетна подготовка Светската титула е продолжение на одличната натпреварувачка година за Џорлев. Тој претходно го освои златниот медал на натпревар од Светската младинска лига на Светската карате федерација (WKF) во Пореч, а на Европското првенство го освои петтото место. Неговите резултати го позиционираа и на врвот на светската ранг-листа во неговата категорија. Зад овој успех стојат посветената работа, натпреварувачкиот напредок и искуството стекнато на меѓународните турнири. Со триумфот во Полска, Џорлев направи уште еден голем чекор во својата спортска кариера и испрати силна порака за потенцијалот на младата македонска карате-генерација. Важна улога на ова светско првенство одигра и неговиот селектор Дејан Ристески Посебно значајна улога во настапот на македонскиот репрезентативец има селекторот во борби за кадети Дејан Ристески, кој ја предводеше македонската кадетска репрезентација во борби на ова светско првенство и го следеше Џорлев во овој важен натпреварувачки предизвик. Настапот на најголемата светска младинска сцена бара не само физичка и техничка подготвеност, туку и тактичка зрелост, концентрација и правилен пристап кон секоја борба. Освојувањето на златниот медал е големо признание за самиот натпреварувач, но и значаен момент за стручниот тим што ја подготвува и ја води македонската репрезентација на меѓународните натпреварувања. Успехот на Џорлев претставува силен поттик за сите македонски каратисти кои настапуваат на шампионатот и потврда дека македонските спортисти можат да се борат за највисоките одличја и во најсилната светска конкуренција. Македонската репрезентација продолжува со настапите Светското првенство во Бјелско-Бјала собра 2.022 каратисти, со вкупно 1.970 натпреварувачки влезови, од 114 држави, што дополнително ја нагласува тежината на постигнатиот резултат. Македонските репрезентативци продолжуваат со своите настапи, а вниманието е насочено и кон Реџеп Рушити, кој во конкуренцијата до 21 година, во категоријата до 84 килограми, ќе се бори за бронзениот медал. Златото на Марко Џорлев е голем ден за македонското карате и потврда дека со посветена работа, квалитетна подготовка и вистински натпреварувачки пристап може да се стигне до светскиот врв. Честитки до Марко Џорлев за историскиот успех, до селекторот Дејан Ристески и до сите членови на македонската репрезентација кои ја претставуваат државата на ова големо натпреварување. Огромен придонес во развојот и подготовката на Џорлев секако имаат и неговите клупски тренери Сашко и Жарко Арсовски, кои со својата долгогодишна работа придонесуваат за напредокот на младите каратисти и за постигнувањето значајни резултати на меѓународната сцена.Тагови: карате Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАкциски контроли на возачи на електрични тротинети – 871 прекршок констатиран во септемвриПри спроведените контроли констатирани се вкупно 871 прекршок, од кои најголем дел, односно 377, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на лесни електрични возила (електрични тротинети). При спроведените контроли констатирани се вкупно 871 прекршок, од кои најголем дел, односно 377, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига). Најголем број на прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Битола - 290 прекршоци, потоа Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирала 167 прекршоци, СВР Охрид 125 прекршоци, СВР Струмица 113, додека другите прекршоци се констатирани на подрачјето на другите сектори за внатрешни работи. Во рамки на контролите евидентирани се и осум случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Исто така, во текот на контролите одземени се 17 електрични тротинети. Дополнително, констатирани се и 5.362 прекршоци што ги направиле други учесници во сообраќајот. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на лесни електрични возила задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да се движат на површините предвидени за нивно безбедно учество во сообраќајот.Тагови: електрични тротинети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
ЗдравјеУниверзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилствоВо пораст е бројот на пациенти кои побарале помош од ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија поради стрес поврзан со претрпено семејно или партнерско насилство. Психијатри од клиниката ретроспективно ги прегледуваа електронските здравствени записи во системот „Мој Термин“ за периодот од јануари 2025 до јули 2026 година, за дијагнозите F.43 (растројства поврзани со стрес ), со цел идентификување на случаите на семејно или партнерско насилство поврзани со оваа дијагноза. Податоците покажуваат дека во 2025 година биле евидентирани 79 лица кои имале потешкотии поврзани со трпење семејно или партнерско насилство, а само во првите седум месеци од 2026 година – 101. Ова покажува дека вкупните 101 случај во првите седум месеци од годинава веќе ја надминуваат бројката за целата 2025 година. Оваа медицинска евиденција ја претстави проф. д-р Славица Арсова на предавањето „Форензички аспекти на семејното насилство: епидемиологија, последици врз менталното здравје и терапевтската и форензичката улога на психијатарот“, во рамки на Меѓународната конференција за форензичка психијатрија 2026 што викендов се одржува во Охрид. Најголем број случаи во 2026 година биле евидентирани во март - 27, април - 23 и во јуни - 21. Токму овој период се поклопува со трагичниот настан кога мајка заедно со своето дете скокна од балкон во Скопје, како последица на претрпено долготрајно семејство насилство. Проф. д-р Арсова посочи дека бројките од Клиниката треба да се толкуваат како податоци за евидентирани случаи во медицинската документација и тие сами по себе не мора да покажуваат дека насилството во општеството се зголемило. Промената може да биде поврзана и со подобро препознавање, документирање или упатување на пациентите или со поголема ажурност на институциите кога станува збор за случаите поврзани со семејно насилство. Анализираната медицинска документација покажува дека психолошките потешкотии поврзани со семејно или интимно-партнерско насилство, во вид на акутен одговор на стрес ,пострауматско растројство или потешкотии во адаптација се евидентирани кај пациенти од различни возрасни групи. Просечната возраст во анализата е 40 години. Евидентирани се 19 пациенти помлади од 18 години и 29 пациенти на возраст од 60 години или повеќе. Во однос на полот, три пати повеќе се застапени жените. Податоците од Клиниката за психијатрија се надоврзуваат на пошироката слика во државата. Според статистиката на Министерството за внатрешни работи, пријавите за семејно насилство се зголемиле од 4.421 во 2022 година на 5.436 во 2025 година, што е раст од 23 проценти. Во 2025 година, во категориите на МВР најчесто како жртви биле евидентирани сопруги – 1.438, родители – 1.000 и поранешни брачни партнери – 708. Во истиот период биле регистрирани 1.195 кривични дела поврзани со семејно насилство, наспроти 1.117 во 2022 година.. Во предавањето беше нагласена потребата здравствените професионалци да поставуваат прашања за безбедноста на пациентите, обезбедувајќи сигурен простор, систематски да ги документираат видот и траењето на насилството и да ги следат протоколите за вклучување на сите надлежни институции. Препознавањето на насилството е важно за соодветна психијатриска поддршка, процена на ризикот и поврзување на пациентите со потребната заштита.Тагови: психијатрија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter