Сон на секоја девојка:Ова се најпопуларните песни за првиот танц на венчавка! - Канал 5

Сон на секоја девојка:Ова се најпопуларните песни за првиот танц на венчавка!

Постојат голем број на одлуки кои треба да ги направите пред вашата венчавка.

Сон на секоја девојка:Ова се најпопуларните песни за првиот танц на венчавка!
Морате да изберете цвеќе, декор, торта, место каде ќе се одржи венчавката, прекрасна венчаница како и 100 други работи како на пример какви пијалаци да одберете за венчавката и дали би требало да го поканите соседот на вашата мајка или не.
Една од најголемите одлуки која двојките мораат да ја донесат пред големиот ден е која песна ќе ја користат за нивниот прв танц. Тоа е тешка одлука, затоа што секоја двојка е различна.
Изборот на вистинската песна е тешка задача. Дали да одберете омилена песна од детството или онаа која ве потсетува на втората половина?
Можеби е најдобро да одберете класика како на пример Елвис Присли?Или вашиот партнер сака да ги изненади гостите и да ги повтори движењата на омилениот пејач?Ако се други не успее, најновиот албум на Ед Ширан има најмалку пет погодни нумери.
Spotify е тука да ви помогне доколку се уште не сте се одлучила за ваша песна. Услугата на стирминг сервисот ги открила најпопуларните песни за првиот танц на венчавка. Немојте да бидете изненадени доколку видите нумери од Ед Ширан во првите пет.
Се надеваме дека идните младоженци ќе најдат инспирација на оваа листа. Преслушајте ги овие нумери и изберете една заедно со вашиот партнер.
1. Kodaline – The One
YouTube video
>2. Etta James – At Last
3. Jason Mraz – I Won't Give Up
4. Ed Sheeran – Thinking Out Loud
5. John Legend – All of Me
6. Ellie Goulding – How Long Will I Love You
7. Al Green – Let's Stay Together
8. Elbow – One Day Like This
9. Ray LaMontagne – You Are the Best Thing
10. The Lumineers – Ho Hey
11. Elvis Presley – Can't Help Falling in Love
12. Jack Johnson – Better Together
13. Eric Clapton – Wonderful Tonight
14. Christina Perri – A Thousand Years
15. Ellie Goulding – Your Song
16. Adele – Make You Feel My Love
17. The Wannadies – You And Me Song
18. Glen Hansard – Falling Slowly
19. Snow Patrol – Chasing Cars
20. Paul Weller – You Do Something To Me

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска се се одржува надзорната расправа во врска со последните случувања во АЛТА банка.. 

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

30-ина актуелни и поранешни функциониери се на списокот сведоци, кои ќе треба да дадат одговори има ли и чија е институционалната одговорност за АЛТА банка..

Во Собраниете е Јана Јосифоска која ја следи расправата , Јана повели со информациите ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен поранешен министер на Србија

Раде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.

Уапсен поранешен министер на Србија

Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови!

Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб.

Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Во среда (04.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Емилија Мицевска.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешко филе

20 гр. сув вргањ

150 - 200 мл. топла вода

500 мл. павлака за готвење

1 мало шише бело суво вино

40 - 50 гр. пармезан

1 коцка говедска супа

1 лажица путер

1 лажица маслиново масло

1 чешне лук

сол, бибер, свеж магдонос

мајчина душица

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер