Лефков: Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија
2Лефков: Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија
3Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе
МакедонијаСомнежи за шпионажа во кабинетот на Сиљановска - се истражува дали некој одавал тајни на странска службаОбвинителството за гонење организиран криминал и корупција веќе неколку месеци води предистрага за можни недозволени активности во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-ДавковаОбвинителството за гонење организиран криминал и корупција веќе неколку месеци води предистрага за можни недозволени активности во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, поврзани со сомнежи за извлекување и енкриптирање доверливи податоци.. Како што пишува Слободен печат, до редакцијата и до Обвинителството била доставена анонимна кривична пријава потпишана од „група вработени во МВР“, во која се тврди дека од компјутерскиот систем во кабинетот на претседателката биле копирани и шифрирани податоци, со сомнеж дека можеле да завршат кај странски разузнавачки служби. Според информациите во пријавата под сомнение бил ИТ -администратор во кабинетот, за кого се тврди дека копирал и складирал доверливи материјали, а се споменуваат и други лица од кабинетот и од разузнавачките структури, за кои постојат сомнежи дека евентуално учествувале во прикривање докази.. Од обвинителството за „Слободен печат“ потврдиле дека предистрагата е отворена уште во декември лани, и оти биле издадени наредби за анализа на компјутерска опрема, мобилни телефони и електронски податоци, но досега не бил доставен конечен извештај за содржината на евентуално извлечените информации.. Од кабинетот на Сиљановска засега нема потврда за ваквите информации..Тагови: МВР, Сиљановска – Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТешка сообраќајна несреќа кај Евзони: Судир на автомобил и камион (ВИДЕО)Сообраќајната несреќа се случила по наплатната рампа Малгара, на раскрсницата Евзони, кон Солун.Според првичните информации, автомобилот се судрил со камион, под околности кои засега не се разјаснети. 70-годишна жена го загубила животот во сообраќајната несреќа, а еден маж е однесен во болница со полесни повреди. Νεκρή 70χρονη από το τροχαίο στα διόδια των Μαλγάρων, αυτοκίνητο συγκρούστηκε με νταλίκα#ingr #news #τροχαιο pic.twitter.com/usZCugtep2 — in.gr/news (@in_gr) June 9, 2026 Што се однесува до околностите на несреќата, според досегашните информации, се чини дека автомобилот се судрил со камионот од задната лева страна. Сили на сообраќајната полиција веднаш излегле на местото на настанот за регулирање на сообраќајот и започнување истрага за причините за инцидентот. ‼️ Εθνική Οδός Θεσσαλονίκης – Αθηνών: Θανατηφόρο τροχαίο σημειώθηκε λίγο μετά τα διόδια των Μαλγάρων, με θύμα μία 70χρονη γυναίκα. 🚛 Σύμφωνα με μαρτυρίες, νταλίκα επιχείρησε να μετακινηθεί στην αριστερή λωρίδα, όταν το ΙΧ στο οποίο επέβαινε το ζευγάρι προσέκρουσε με σφοδρότητα… pic.twitter.com/2Lj7pwEYi9 — TA NEA (@ta_nea) June 9, 2026 Поради сообраќајниот метеж и возилата запрени на патот кај Евзони, веќе се забележуваат застои на овој дел од автопатот.Тагови: евзони сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛефков: Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во МакедонијаФилипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија.Додека низ кулоарите во Европската Унија се разговара за пристап на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, вклучувајќи и Македонија како лидер во реформите и Планот за раст, Филипче и Радев бараат уставни измени за внесување на Бугари во Уставот. Без никакви гаранции, без никаква заштита на националните интереси и без предвидливост на евроинтегративниот пат на Македонија кон ЕУ, Филипче и СДС со својот најлош рејтинг во историјата се борат за да направат ново предавство. Филипче и СДС доколку се на власт, ќе потпишат дека Македонија е од 1945 година, а пред тоа сме биле Бугари. Затоа Филипче и СДС се во опозиција, затоа што за власт, моќ, тендери и амнестија на криминалите, цела држава ќе ја продадат! Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаТошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓеТошковски истакна дека поддршката од Европската Унија претставува конкретен придонес во јакнењето на капацитетите на македонската полиција и во унапредувањето на нејзината оперативна ефикасност.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на церемонијата за примопредавање на возила и специјализирана опрема за Министерството за внатрешни работи, обезбедени во рамки на регионалниот ИПА проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“. Во рамки на донацијата беа предадени 30 алатки за проверка на документи, два детектори за срцебиење, за откривање на лица во скриени простори, седум возила (четири теренски возила и три комбиња), како и пет видео камери, наменети за Граничната полиција и Националната единица за борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека поддршката од Европската Унија претставува конкретен придонес во јакнењето на капацитетите на македонската полиција и во унапредувањето на нејзината оперативна ефикасност. „Живееме во комплексно геополитичко време кое бара максимална будност и кохезија на безбедносните структури. Нашите граници се рамноправен дел од безбедносната архитектура на европскиот континент, а нашите институции се на првата линија на одбрана на заедничките европски вредности. Затоа секоја инвестиција во модернизацијата на нашите служби е истовремено инвестиција во мирот и стабилноста на целиот европски простор“, нагласи Тошковски. Министерот посочи дека криминалните мрежи делуваат транснационално и постојано ги адаптираат своите методи, поради што е неопходен координиран и навремен одговор заснован на силна меѓународна соработка. Тој истакна дека проектот EU4FAST претставува успешен пример за заедничко дејствување на институциите од регионот и европските партнери преку обуки, размена на информации и координирани активности на терен. „Донираните возила и специјализирана опрема веднаш ќе бидат ставени во функција, со што значително ќе се зголемат мобилноста, ефикасноста и оперативните капацитети на полициските единици во справувањето со криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе“, истакна Тошковски. Тој нагласи дека овие форми на организиран криминал имаат директни последици врз човечките судбини, поради што Министерството за внатрешни работи продолжува да применува мултидисциплинарен пристап со силна хумана компонента во секоја оперативна активност. На крајот од обраќањето, министерот Тошковски упати благодарност до Европската Унија, донаторската заедница и проектниот тим за континуираната поддршка и доверба, потенцирајќи дека Република Северна Македонија ќе остане активен и кредибилен партнер во сите иницијативи насочени кон зајакнување на безбедноста, владеењето на правото и регионалната соработка. Проектот EU4FAST ги поддржува партнерските институции во регионот во зајакнување на превенцијата, истрагата, гонењето на сторителите како и заштитата на жртвите, преку комбиниран пристап кој опфаќа обуки, техничка помош, набавка на опрема и унапредување на меѓуинституционалната соработка. Проектот е кофинансиран од Европската Унија, Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ), Министерството за внатрешни работи на Италија и Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија. Имплементацијата ја спроведува конзорциум предводен од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), заедно со европски партнери од областа на внатрешни работи и правда. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16