Сом капиталец тежок 47,5 килограми уловен во Калиманско езеро

Улов тежок 47,5 килограми е последниот подвиг на спортските риболовци од Пијанец кои максимално ги користат благодетите на езерото Калиманци во рамки на риболовната сезона која е во тек. 

Уловот е дело на делчевецот Горанчо Ќурчиски, кој истакна дека ова не му е првпат да „фати” олку голем „капиталец”.

-Калиманскиот сом е тежок 47,5 килограми и е еден од поголемите фатен во водите на езерото. Чести гости сме на Калиманци, езеро кое освен со сом, изобилува со крап, клен, црвеноперка, карас и други видови животински свет, истакна Ќурчиски.

Освен на Калиманци, додава дека предизвик му се и други езера, како во Македонија, така и во соседните земји.

-Годинава поради коронавирусот немавме многу одење во странство, но Дојранското езеро е тука, некои помали акумулации во близина, така што како што велат старите за добар спортски риболовец, не му е проблем било каде да си ја проба среќата, додава Ќурчиски.

Како голем љубител на спортскиот риболов Ќурчиски е пасиониран вљубеник во рибарските чамци и опрема за која има посебна фејсбук страна на која може да се види и набави дел од неговата колекција./МИА

СДСМ: Јакнењето на економскиот стандард на сите граѓани главен императив на новата Влада предводена од СДСМ

Продолжување на растот на платите и обезбедувањето постојана поддршка на домашниот приватен сектор се меѓу главните принципи на новата македонска економија.

СДСМ започна сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници на политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за формирање на демократска, политичка, одговорна Влада, која на прво место од својата агенда ќе ја има новата македонска економија.

Продолжување на растот на платите и обезбедувањето постојана поддршка на домашниот приватен сектор се меѓу главните принципи на новата македонска економија.

Тука се вложувањата во младите и во рамномерниот регионален развој и продолжуваме да водиме посебна грижа за најсиромашните граѓани.

Јакнењето на економскиот стандард на сите граѓани ќе биде императив на новата Влада.

За две и пол години покажавме дека платите и економскиот стандард со СДСМ растат многу побрзо. Во следните 4 години ќе покажеме дека тие ќе растат уште повеќе, за да биде уште подобро.

Граѓаните ни ја дадоа довербата, бидејќи знаат дека во наредните четири години ќе работиме уште повеќе и уште подобро.

СДСМ

Казнети 423 лица за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 423 прекршоци, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со КОВИД-19.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е пред банкрот, граѓаните се на питачки стап, а Заеви трпаат милиони

Зоран Заев и СДСМ преку поскапената струја, која ќе ја плаќаат граѓаните, собираат свежи пари кои подоцна преку тендери треба да ги земат фирми блиски до власта и Заеви.

Додека граѓаните плаќаат поскапи сметки за струја, фирмите на Заеви нижат профити.

Доколку во изминатиов период СДСМ се поставеше домаќински и наместо буџетите на РЕК Битола и ЕЛЕМ да ги гледа како средство за богатење на поединци и се насочеше кон инвестиции и штедење немаше овие компании да имаат намалена добивка.

Наместо да вработуваше партиски војници и да врши директен поткуп пред избори, СДСМ преку ЕЛЕМ можеше да влијае на цената на струјата, која секаде во регионот и Европа во период на пандемија се намалува, само кај нас се покачува.

СДСМ не се грижи за граѓаните, се додека се работи за интересот на поединци блиски до Заеви.

Македонија е колатерална штета на желбата за богатење на Заеви и луѓето околу нив и тоа на сметка на трудот и маката на 2 милиони луѓе.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер