Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка
2Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка
БалканСолун под вода: Надојдените води носат возила и дрвја, порои по улиците (ВИДЕО)Улици и куќи се поплавени, паѓаа дрвја и автомобили се однесени во Солун , откао градот беше погоден од невреме.Силни врнежи ги зафатија и областите до Мудања на Халкидики, каде што дојде до прекин на електричната енергија и областите Полични, Тумба и Диавата. Грчката противпожарна служба примила над 300 повици од регионите во Северна Грција откако екстремните врнежи почнаа во раните утрински часови, се вели во соопштението во 8 часот по локално време. Дотогаш беа извршени најмалку 25 операции за испумпување на вода и најмалку три лица однесени на безбедно. И локалните општински служби биле повикани да помогнат во отстранувањето на шутот од улиците. Жителите и локалните власти се пожалија на социјалните мрежи и локалните канали на доцната реакција за заштита од поплави. Според ажурираниот Билтен за вонредно влошување на времето издаден вчера од Националната метеоролошка служба (EMY), нестабилните воздушни маси на северозападниот дел на Балканот во комбинација со ниски температури во јужниот дел на Егејското Море треба да предизвикаат екстремни временски услови до недела. Дождови и невреме пропратени со голема фреквенција на молњи и по можност град се очекува да ја зафатат речиси целата држава, вклучително и островските подрачја, додека интензивните појави во континенталните области ќе се појават главно околу пладне и во попладневните часови. Централна и источна Македонија, Тракија, Тесалија, Евија, централна Грција, северен Пелопонез, островите во северниот и источниот дел на Егејското Море, Додеканезите и Јонските острови биле погодени од денешното невреме. Утре се очекува лошото време да биде ограничено на островите во северниот и источниот дел на Егејот и Халкидики, источна Тесалија, островите Споради и Евија. Од градот Костур бараат вонредна состојба Според АМНА, градоначалникот на градот Костур, Јанис Коренцидис побарал неговата во општина да биде прогласена во вонредна состојба, бидејќи поројниот дожд што трае со денови предизвикал големи разурнувања и штети низ општината. Поплавите во поширокото подрачје на Костур во голема мера го зафатиле не само самиот град, туку и земјоделските култури каде што постои ризик од губење на овогодинешното производство. Покрај тоа, локалната заедница Клисура претрпе одрони. Со барањето да се прогласи вонредна состојба за неговиот град, градоначалникот на Костур бара да се преземат сите неопходни мерки за заштита на жителите на општината и нивните имоти и за надомест на штетите, објави Грик Рипортер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите„Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран.Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар на изјавата на Бленди Ходаи во однос на студентскиот оброк, порача: „Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран бидејќи на тој начин да се навредуваат како што тој го направи редовни професори, бидејќи и министерката за образование и јас како претседател на Владата сме сепак редовни професори и генерации, генерации студенти сме помогнале да се стекнат со знаење кое што понатаму би им требало во животот за нив и нивните семејства, во најмала рака е непристојно. Јас жалам што тој не беше на оној состанок каде што беа легитимните претставници на студентските движења за кои што разговараме за студентскиот оброк, нешто што ние го работиме во Владата, во рамките на она за кое што јас зборував да можат студентите да ги користат овие привилегии не само за студентски оброк, туку и онаа сума која што ќе биде одобрена на месечно ниво, да продолжат и понатаму да го користат во ланците за дополнителни попусти, дополнителни привилегии. И би сакал да испратам една порака до студентите дека јас како редовен универзитетски професор сум нивен пријател, поддржувач бидејќи на крајот од денот политиката и оваа денешна моја позиција се минлива и менлива категорија. Кога сето ова ќе заврши, јас повторно ќе се вратам на Универзитетот и повторно ќе работам и другарувам со студентите и ќе се потрудам дел од своето знаење и искуство да го пренесам, кое што се надевам дека на голем дел од нив ќе им значи додадена вредност во нивните животи. Тоа го покажавме и го потврдиме како Влада. Сите оние проекти кои што беа застанати од студентските домови, преку електронските уреди кои што ги обезбедивме за секој еден студент, сите ученички и студентски домови кои што допрва ќе се реализираат, новите универзитетски кампуси на неколку универзитети се само потврда дека оваа влада е пријател на студентите, и така ќе продолжи. Поединци се разбира може нема да се согласуваат со оваа политика, но непристојно е би рекол редовни професори на таков начин бидат понижувани и навредувани на отворена сцена.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов. Судењето продолжува во нејзино отсуство. Денеска се сослушуваат вештаци. На предлог на одбраната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“ Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ), кое изминатите денови го претвори Скопје во епицентар на европската и светската кинематографија.Последниот фестивалски ден започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со третиот фестивалски мастерклас, предводен од Ники Никитин, реномиран меѓународен филмски селектор и куратор на СФФ2026. Мастеркласот е посветен на темата „Фестивалски стратегии: Дистрибуција на филмови и ефикасно користење на фестивалскиот пазар“, која нуди насоки и практични совети за младите автори и филмски професионалци. Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамки на „А1 Кинотека“, ќе биде прикажан филмскиот класик „Чувар на плажата во зимски период“ на Горан Паскаљевиќ. Со почеток од 19:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се одржи Свеченото затворање на СФФ2026, во чии рамки стручното жири официјално ќе ги соопшти добитниците на овогодинешните награди и признанија. Веднаш по церемонијата, во 19:30 часот, Скопје Филм Фестивал ќе ја затвори програмата со проекцијата на „Електричен бакнеж“ (The Electric Kiss) во режија на Пјер Салвадори, филм кој ја имаше својата светска премиера во рамки на отворањето на Канскиот филмски фестивал оваа година. Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44