Солен ролат готов за само 10 минути – Задолжително предјадење за новогодишната трпеза - Канал 5

Солен ролат готов за само 10 минути – Задолжително предјадење за новогодишната трпеза

Солен ролат што ќе ве воодушеви уште при првиот залак.

Солен ролат готов за само 10 минути – Задолжително предјадење за новогодишната трпеза

Доколку деновиве сте во дилема што би можеле да приготвите како предјадење или лесен оброк за новогодишната трпеза, овој солен ролат е одлична идеја. Се приготвува лесно, а состојките ги имате во вашата кујна. Гостите ќе бидат воодушевени и од неговиот изглед и од неговиот вкус.

Состојки:

5 јајца

5 лажици брашно

прашок за пециво

2 лажици масло

300 гр сирење

една павлака

шунка

сол

ситно сечкана пиперка

Подготовка:

За да се направи кората потребно е да се изматат јајцата, да се додаде масло, половина павлака, брашно, прашок за пециво и малку сол. Добро изматете ја смесата, па премачкајте ја тавата со масло и истурете ја смесата во неа. Кога кората ќе се испече, ставете ја на влажна крпа, завиткајте ја и оставете ја да се излади. За тоа време, направете го филот. Во еден сад ставете го сирењето, половина од павлаката, а доколку сте љубители на печен сусам, можете да додадете тоа или ситно сечкана пиперка. Расукајте ја кората и намачкајте ја со филот, па преку него наредете ги парчињата шунка и повторно замотајте ја. Оставете ја во фрижидер да се излади. Доколку сакате ролатот да има зелена боја, при правењето на кората можете да додадете ситно сечкан спанаќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела.

Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација.

Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период.

„Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков.

На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Досегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места.

Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место.

Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер