Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство
1Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
ЖивотСофија Лорен на 81 година изгледа одлично и порачува: Сфатете го животот сериозно!На иконата на филмот, Софија Лорен, во Њујорк и беше доделена награда за животно дело.Иако најславните улоги ги одигра во минатиот век, Софија Лорен вели дека нема намера да се пензионира и да се повлече од шоу бизнисот. - Тоа е ужасно, зборот пензија. Никогаш! Секогаш кога нешто почнувам, сметам како тоа да е почеток на долга кариера! За младите актерки кои сакаат да бидат успешни Софија порачува - однесувајте се кон работата со респект. И не само тоа! - Мојот совет е да се сфати животот сериозно. Правете ги вистинските работи и не го сфаќајте животот површно како што некогаш прават младите девојки, бидејќи немаат искуство. Ним им се потребни добри мајки, добри родители - вели Софија Лорен. - Никогаш ништо не се менува, не само во светот на филмот, и во животот за жал - вели Лорен на прашањето дали наскоро може да се очекува еднаквост меѓу половите во филмската индустрија и еднакво платена работа. Софија Лорен ја почна кариерата на 14 години откако во 1949 година победи на избор за убавици. Уште тогаш таа го привлече вниманието на филмскиот продуцент Карло Понти, 22 години постар од неа. Карло Понти и Софија Лорен се венчаа во 1966 година. Во биографиите на Софија Лорен пишува дека Понти освен што и бил сопруг, бил и единствената татковска фигура во нејзиниот живот. Имено, таа и нејзината сетсра Марија биле вонбрачни деца на Рикардо Скиколоне кој имал друга сопруга и никогаш не се согласил да се ожени со мајката на Софија и Марија, Ромилда Вилани, која сама се грижела за своите ќерки. Како тинејџерка Софија Лорен, под водство на Понти, игра главни улоги во многу италијански филмови. Во 1957 почнува успешна кариера во САД. Имала само 22 години кога 53 годишниот Кери Грант и понудил брак, но го одбила. И шеесеттите и седумдесеттите се нејзини години - таа ќе игра со Пол Њумен, Марлон Брандо, Грегори Пек, Чарлтон Хестон... Софија Лорен и карло Понти имаат две деца - Карло јуниор и Едуардо. Во 2007 година, сеуште преубава на 72 години, таа позираше за Пирели календарот. За жал, истата година, на 94 годишна возраст, ќе почине нејзиниот сопруг Карло Понти. Во шест децениската кариера Софија Лорен доби над 50 награди. Позната е нејзината изјава - Јас работам во шоу бизнисот, не сум шоу бизнис! И една уште позначајна, која гласи: Невозможно е во животот да се љуби два пати! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВнатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегствоОдделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи ги испитува околностите под кои битолчанецот приведен за физичко и психичко насилство врз 21-годишната партнерка, избегал низ прозорец од СВР Битола и веќе пет дена е во бегство.Девојката на 10 ноември пријавила дека била физички нападната од партнерот, кој ја давел и ја удирал, по што побарала лекарска помош. По пријавата, насилникот дошол во СВР Битола во придружба на родител, но, кога му било соопштено дека ќе биде задржан, скокнал низ прозорецот и избегал од полициската станица. Бидејќи пријавениот сè уште не е пронајден, девојката е сместена во шелтер-центар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСВР Битола го лиши од слобода лицето пријавено за семејно насилствоДенеска полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки лицето доброволно да се предаде во СВР Битола.Денеска во 12:00 часот, К.У. доброволно се предал и е лишен од слобода. Со него се врши службен разговор од страна на инспектори од криминалистичката полиција при СВР Битола. Против него, на 11.11.2026 година, е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Загрозување при семејно насилство“ по член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик. Се преземаат понатамошни мерки и активности во координација со надлежното Основно јавно обвинителство Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКина и САД разговараа за царините и трговијатаКина и Соединетите Држави (САД) одржаа прв состанок на трговски совет во рамките на нивниот билатерален механизам за економски и трговски консултации, соопшти кинеското Министерство за трговија. Двете страни преку видео-врска разговараа за аранжман за взаемно намалување на царините – кој опфаќа стоки во вредност од 30 милијарди долари од секоја страна – како и за трговијата со земјоделски производи и други прашања, објави весникот *Global Times*. Во своето соопштение, кинеското Министерство наведе дека разговорите биле искрени и конструктивни. „Двете страни ќе продолжат да го користат овој совет за решавање на трговските прашања, проширување на соработката и намалување на преостанатите проблеми“, се додава во соопштението. Хе Јадонг, портпарол на кинеското Министерство за трговија, претходно изјави дека взаемното намалување на царините би можело да помогне во стабилизирање и проширување на вкупната трговија меѓу Кина и Соединетите Држави. Тој нагласи дека двете страни остануваат во близок контакт во врска со спроведувањето на договорот и го повика Вашингтон да соработува со Пекинг за да се осигура дека оваа трговска рамка наскоро ќе стапи на сила, со што ќе се олесни трговијата со земјоделски производи, пренесува Танјуг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook