Софија: Бугарија е најсилниот и безусловен поддржувач на европската интеграција на Македонија

Република Бугарија е најсилниот и безусловен поддржувач на европската интеграција на Западниот Балкан и во таа смисла и на Република Македонија.

Време е Владата на Република Македонија да се откаже од манипулативната теза дека Бугарија го оспорува правото на самоопределување и идентитетот на Република Македонија или правото да го нарекуваат сопствениот јазик како што сакаат, се наведува во денешното соопштение на бугарското Министерството за надворешни работи, кое преттсавува реакција на вечарашната изјава на македонската Влада.

– Република Бугарија е најсилниот и безусловен поддржувач на европската интеграција на Западниот Балкан и во таа смисла и на Република Македонија. Со позицијата изразена во вторниот во рамки на состанокот на Советот за општи работи, Република Бугарија уште еднаш посочи зошто во ова фаза не може да даде согласност за одобрување на Преговарачката рамка за Република Македонија со ЕУ и за одржување на првата Меѓувладина конференција до крајот на 2020 година, се наведува во соопштението.

Бугарското Министертсво наведува дека позиција на Софија целсоно произлегува од рамковната позиција усвоена на 9 октомври 2019 година, поддржана од бугарското Народно собрание, каде се содржани барањата од кои ќе зависи натамошната поддршка на Бугарија за интеграцијата на земјава во ЕУ.

– Предлозите на Бугарија за вклучување на Преговарачката рамка на Република Македонија се засновани на јасни принципи, но за жал не беа ставени на разглдување од актуелното претседателство. Тие се во согласност и со заклучоците на Советот на ЕУ од 25 март 2020 година, во кои се истакнува важното значење на постигнување опипливи резултати и доселедно спроведување на договорите на Република Македонија со Бугарија и со Грција, како дел од процесот на проширување, се истакнува во реакцијата.

Според бугарското Министерство, во оваа фаза Предлог-преговарачката рамка не содржи гаранции, кои ги бара Бугарија за да даде поддршка за нејзино одобрување.

– Бугарија ќе продолжи со конструктивните напори за време на следното претседателство со Советот на ЕУ, се потенцира во соопштението.

Бугарското Министерство во реакцијата изразува жалење, поради како што вели „дипломатска и медиумска кампања", што наводно ја спроведува земјава, за „дискредитација на позициите на Република Бугарија, при што во јавноста постојано беа презентирани лажни информации во врска со бугарската позиција".

– Со наследен тоталитарен историски наратив, тешко е да се најде поддршка од Бугарија. Бугарија беше првата земја во светот што ја призна независноста на Република Македонија, со што започна процесот на меѓународно признавање на тогашната млада држава и со текот на годините и даваше помош во најтешките моменти. Оваа помош продолжува и денес, се додава во реакцијата.

Сепак, според бугарското Министерство, Бугарија „не прифаќа афирмацијата на идентитетот на граѓаните на Република Македонија да се изврши во конфронтација со соседните земји и на штета на нивните национални интереси".

– Врз основа на нејзината одговорност да не носи отворени прашања во ЕУ и да ги штити нејзините интереси, вредности и авторитет, Република Бугарија ќе продолжи да бара трајни решенија што ќе овозможат понатамошен развој на билатералните односи и оптимален процес на преговори на Република Македонија со ЕУ, се истакнува во реакцијата на бугарското МНР.

Словачкиот суд му одреди притвор на атентаторот на премиерот Фицо

Цинтула го погоди премиерот со четири од пет куршуми кога тој им пријде на приврзаниците по владината седница во Хандлова, во централна Словачка, за да се поздрави со нив.

Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.

Обвинителот побара притвор за осомничениот да не избега или да го повтори делото, а по сослушувањето судот не се согласи со писмените гаранции на Цинтула, ниту со предлогот тој да се брани додека е на слобода под надзор.

Цинтула го погоди премиерот со четири од пет куршуми кога тој им пријде на приврзаниците по владината седница во Хандлова, во централна Словачка, за да се поздрави со нив.

Цинтула веднаш бил уапсен. Од полицијата до медиумите протече видео на кое тој вели дека пукал во премиерот затоа што не му се допаѓаат политиките на неговата влада поради промените во судството, обидот за контрола на јавниот сервис РТВ и прекинот на помошта за Украина.

Но, адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно бидејќи веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.

Министерот за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток рече дека напаѓачот немал соучесници, дека е очигледно дека нападот врз премиерот е политички мотивиран и дека Цинтула најмалку еднаш присуствувал на демонстрациите против Владата во градот Долна Крупа. /МИА

Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според првичните информации се случила во лифт во угостителски објект во Штип.

Надлежните од СВР Штип потврдуваат за трагедијата, која се случила попладнево во угостителски објект во Штип.

Повеќе детали околу несреќата засега нема, но од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори.

Според првичните информации починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата.

Најмалку 68 луѓе го загубија животот во поплавите во западен Авганистан

Најмалку 68 луѓе го загубија животот во поплавите што ги зафатија планинските области во западен Авганистан по невообичаено обилните сезонски дождови, соопштија денеска властите.

Во најтешко погодената провинција Гор на западот од земјата 50 луѓе го загубија животот и имаше голема материјална штета, а уништени се илјадници хектари обработливо земјиште, објави портпаролот на гувернерот на провинцијата.

Во северната провинција Фаријаб беше соопштено дека животот го загубиле 18 лица, двајца се повредени, имало и значителна материјална штета и се удавиле над 300 говеда.

Главниот портпарол на талибанската влада изрази жалење за „загубата на сограѓаните Авганистанци“ и ги повика „одговорните власти... да ја дадат сета потребна поддршка за ублажување на страдањата“, а „добронамерните донатори“ и хуманитарни организации да помогнат.

Светската програма за храна на ОН на социјалната мрежа Икс објави дека провинцијата Гор во која има 2.500 семејства е најтешко погодена. Тимовите на Светската програма за храна на ОН се на терен за да распоредат помош, се додава во соопштението.

Минатата недела организацијата соопшти дека екстремно во обилните дождови во Авганистан животот го загубиле повеќе од 300 луѓе и се уништени илјадници куќи, главно во северната провинција Баглан.

Преживеаните останаа без куќи, земја и извори на егзистенција. Поголемиот дел од Баглан е „недостапен за камиони“, соопшти Светската програма за храна на ОН, додавајќи дека прибегнува кон секоја алтернатива за да им достави храна на преживеаните

Последната катастрофа следи по разорните поројни поплави во април во кои животот го загубија најмалку 70 луѓе. Во поплавите биле уништени и околу 2.000 куќи, три џамии и четири училишта во западните провинции Фарах и Херат и јужните провинции Забул и Кандахар./МИА

притисни ентер