Социолошка одговорност на Турците за пример! - Канал 5

Социолошка одговорност на Турците за пример!

Неверојатна  глетка, граѓаните оставаат пакети со храна по улиците.

Социолошка одговорност на Турците за пример!

Во време кога на сите им е потребна солидарност, на социјалните мрежи се појавија интересни видеа, кои ја покажуваат хуманоста на луѓето и нивната подготвеност да им помагаат на другите.

Според постови објавени на социјалните мрежи, граѓаните на Турција на улиците оставале пакети со храна за оние кои поради изолацијата се најзагрозени.

Наводно, пакетите се оставени за оние кои поради коронавирусот не можат да си заработат за прехрана на себе и своето семејство.

„Ми се допаѓа тоа што луѓето се зближуваат со другите и додека практикуваат социјално дистанцирање, напишала една корисничка на Твитер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжи судењето за случајот „Државна лотарија“

Три стана во сопственост на Артан Груби и неговото најблиско семејство, проценети на околу 335 илјади евра, се понудени како гаранција за да му биде вратен пасошот.

Продолжи судењето за случајот „Државна лотарија“

Неговиот адвокат не откри за што конкретно му е потребен пасошот, но вели дека гаранцијата е посилна мерка за обезбедување од одземањето на патната исправа. Куќниот притвор на Груби истекува на 13 октомври. Од Кривичниот суд и од Јавното обвинителство денеска нема одговор дали е доставено мислењето за понудената гаранција, ниту кога би можела да се очекува одлука на Кривичниот совет.

-Не можам да одговорам зошто му треба пасошот. Гаранцијата е појака мерка на претпазливост од одземена патна исправа. Куќниот притвор истекува на 13 октомври, легитимно право на обвинетиот е преку одбраната што поднесе такво нешто, гаранцијата во секој случај е појака мерка за обезбедување. Недвижен имот на обвинетиот Артан и на најблиското семејство. Три стана,- изјави – Гоце Ристески – Адвокат.

Во меѓувреме, на денешното рочиште продолжи сведочењето во предметот „Државна лотарија“. Сведокот пред судот објаснуваше како се одвивала јавната набавка на ВЛТ терминалите, за кои потврди дека биле набавени, но никогаш не биле ставени во употреба.

-Тие никогаш не беа ставени во употреба за потребите на Државна лотарија. Од страна на надлежниот сектор беа доставувани барања до УЈП и до Министерството за финансии, меѓутоа имајќи предвид дека апаратите се наоѓаат во магацините на Државна лотарија, и не се ставени во употреба, не можам да кажам во кој дел сме добиле позитивни или негативни решенија за пуштање во употреба,- -Александар Андонов – Сведок.

Одбраната на Груби смета дека неговиот исказ оди во прилог на нивната теорија на случајот. Според адвокатот Ристески, сведокот потврдил дека Груби немал инволвираност ниту во јавната набавка, ниту во работењето на Државна лотарија. Судењето за овој случај продолжува на 20 октомври а паралелно се води и нова истрага.

Во неа се опфатени две финансиски раководителки во Државна лотарија, осомничени за проневера на речиси 80 милиони денари, односно околу 1,3 милиони евра. За едната е скопскиот Кривиче суд определи притвор, а за другата куќен притвор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата го усвои предлог ребелансот на буџетот, се крати и на приходите и на расходите

Помалку приходи и расходи, но без промена на буџетскиот дефицит. 

Владата го усвои предлог ребелансот на буџетот, се крати и на приходите и на расходите

Со вториот ребаланс, Владата ги намалува и приходите и расходите за по 86 милиони евра, поради како што посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, променетите услови на енергетските пазари и мерките за поевтини горива. Приходите се коригираат од 6,17 на 6,08 милијарди евра, главно поради намалените акцизи, кои паѓаат од 554 на 494 милиони евра. Расходите се намалуваат на 6,84 милијарди евра, при што најголеми кратења има кај капиталните расходи, односно кај проекти што доцнат или се уште не се започнати. Најмногу средства се кратат од Министерството за животна средина и од енергетика, додека истовремено дел од нив се пренасочуваат кон социјалната политика и здравството.

-Обезбедуваме стабилен буџет, редовно финансирање на сите обврски и заштита на граѓаните. Правиме корекции таму каде што се неопходни, штедиме таму каде што можеме, но продолжуваме да инвестираме таму каде што е најважно за идниот економски раст. Овој ребаланс не е чекор назад. Тој е навремена адаптација на буџетот на новите услови и потврда дека остануваме посветени на стабилни јавни финансии, заштита на животниот стандард и продолжување на економскиот раст,- Гордана Димитриеска – Кочоска – министерка за финансии.

Димитриеска-Кочоска потврди и дека пред два дена државата се задолжила со 150 милиони евра, наместо 250 милиони колку што претходно било објавено. Задолжувањето е направено со камата од 5,25 проценти, а како што посочи министерката, тоа е веќе предвидено во проекциите од првиот ребаланс и не ги менува проекциите за јавниот долг. Парите, вели, се потребни за сервисирање на обврските кои доспеваат до крајот на годината, односно за отплата на главница и камата.

- Каматата е некаде уште 100 милиони евра за исплата до крајот на годината, 54 милиони евра некаде е главницата. Така што овој износ отприлика ќе го користиме за да го дофинансираме тој дел. До крајот на годината се планирани одредени задолжувања во рамки, како што кажав, не на овој ребаланс, во суштина на првиот ребаланс, каде што ќе треба одредено рефинансирање доспеваат одредени кредити, ќе се задолжуваме за да ги вратиме тие кредити. Така што она што значи отплата на долговите мора да го иссервисираме,- Гордана Димитриеска – Кочоска – министерка за финансии.

Со вториот ребаланс, непроменет останува буџетскиот дефицит, со околу 753 милиони евра или 4,1% од БДП. Непроменета останува и проектијата за економски раст од 3,5%, додека прогнозата за инфлацијата е намалена од 4,5 на 3,8%. Димитриеска- кочоска не ја исклучува можноста за нова прераспределба на средства до крајот на годината, онаму каде институциите нема да ги реализираат планираните средства.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот за земјоделие и претседателот на советот на манифестацијата „Денови на македонското пчеларство“

На плоштадот „Магнолија“ во Битола од денес се одржува 29-та манифестација „Денови на македонското пчеларство“, во организацијата на пчеларското здружение „Нектар“ од Битола.

Министерот за земјоделие и претседателот на советот на манифестацијата „Денови на македонското пчеларство“

Манифестацијата беше посетена од министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој додели осум решенија за упис на корисници на заштитената географска ознака „Мариовски мед“.

„Нашите пчелари знаеме дека вредно работат, исто како и пчелите и не случајно се заедно, едни со други во партнерски однос и произведуваат еден прекрасен, одличен мед, кој што е препознаен и во регионот, а слободно можам да кажам и пошироко и ние како министерство стоиме во партнерски однос заедно, секогаш кога има и каде има потреба да застанеме заедно и да се соочиме со сите предизвици. Имаме година каде што има намалени количини во производство на мед, но сепак климатските промени мораме да разбереме дека се реалност и ние нормално треба да се прилагодуваме кон истите и сите позитивни практики кои ги имаме и сите научни испитувања кои што се во делот на пчеларството мораме да ги применуваме, за да дојдеме до една позитивна пракса која што ќе ни даде нов пристап кон пчеларството, а нормално и зголемување на приносите“, истакна министерот Серафимовски.

Во име на Општина Битола на манифестацијата присуствуваше претседателот на Советот Бојан Бојкоски, кој кажа дека општината во континуитет дава поддршка на ваквите настани.

„Ќе продолжиме да ја даваме истата поддршка која што ја дававме и досега. Се надеваме дека наредната јубилејна година на 30 годишнината на манифестацијата, ќе имаме и поголем број на производители и се разбира локалната самоуправа во делот на надлежностите кои што ги има, најголем дел од надлежностите се во комуналната инфраструктура, Општина Битола како едно централно, урбано подрачје, континуирано вложува во руралните средини преку изградба на сите оние пристапни патишта, локална инфраструктура, водовод, канализација, со цел жителите кои што живеат во тие рурални средини да останат во местата на живеење, да не ги напуштаат истите, односно да немаме како што беше во изминатиот период миграција село-град“, рече Бојкоски.

Манифестацијата ќе трае до 10 октомври.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер