Социјалистите договорија коалиција – заврши ли политичката криза во Шпанија ?

Шпанската Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на Педро Санчез и помалата левичарска формација Унидас Подемос денеска потпишаа договор за формирање „прогресивна влада“, почеток на обид за формирање коалициска влада во Шпанија.

ПСОЕ и Унидас Подемос немаат доволно пратеници за сами да формираат влада, така што во наредните недели ќе се обидат да ги придобијат помалите левичарски , центристички и регионални партии.

Денеска Санчез и Пабло Иглесијас, лидер на Унидас Подемос, не кажаа кој ќе ја извршува премиерската функција во идната влада. Тие двајцата за истото преговараа во јули, кога нивните преговори за формирање на левичарска коалиција пропаднаа по редовните избори во април.

Во неделата, на предвремените парламентарни избори, двете партии ја изгубија поддршката на гласачите во споредба со изборите во април.

ПСОЕ изгуби три места и освои 120 места во парламентот од вкупно 350 места, додека Унидас Подемос изгуби седум места.

Заедно имаат 135 пратеници, а потребно им е мнозинство од 176 пратеници за да формираат влада.

„Ќе има влада за следните четири години и јасно е дека ќе биде прогресивна“, изјави Санчез. Иглесијас истакна дека целосно може да му верува на неговиот Унидас Подемос.

Во неделата, Шпанците гласаа на четвртите парламентарни избори во последните четири години.

Ристески: Судството ќе биде целосно ослободено од извршната власт

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, особен фокус во работењето ќе стави на правосудниот систем и борбата против корупцијата.

Судството ќе биде целосно ослободено од извршната власт. Ќе спроведеме политики за расчистување со судирот на интереси во правосудството, присутниот непотизам, партизацијата и кронизмот. Кандидатите за судии и кандидатите за претседатели на судовите ќе се рангираат по законски критериуми. Ќе ги регулираме и постапките за преземање и префрлање на судиите во другите судови.

Предвидуваме нова програма за испитување на исполнетоста на условите на професионалните и образовните критериуми за избор на судии. Ќе спроведеме целосна ревизија на приемот на кадидати на Академијата за судии и јавни обвинители.

Предвидуваме распуштање и целосна реформа на судскиот совет кој се покажа досега како ранлив од надворешни влијанија.

Ќе следува проверка на имотот на судиите и обвинителите.

Предвидуваме немилосрдна борба со корупцијата на секое ниво за што ќе биде формирано владино координативно тело против корупцијата, а преку реформи ќе имаме силен и ефикасен државен завод за ревизија. Ќе воведеме механизам преку кој ќе има зголемени санкции против функционерите, а преку посебна мерка ќе имаме нула корупција во јавните набавки.

Почитувани, ова се само мал дел од проектите за подобар правосуден систем и борба против корупцијата. На 8-ми мај, со заокружување на број 2 за листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и број 2 за Гордана Силјановска Давкова, ќе ставиме крај на хаосот и безредието кој владата предводена од СДС и ДУИ ги остави. Број 2 за достоинствена и горда Македонија.

Прес конференција на кандидатот за пратеник Петар Ристески.

Кливленд го оствари најголемиот камбек во „мајсторка“ од НБА плејофот по 1997 година

 Екипата на Кливленд кавалирс имаше негатива од 18 поени во првото полувреме од седмиот натпревар од нивната плејоф серија со Орландо меџик.

Кливленд губеше 31:49 на 4 минути до крајот на втората четвртина, но успеа да ја надмине негативата и да го добие натпреварот со резултат 106:94.

Кавалирс го направија најголемото враќање во седми натпревар од плејоф серија на најсилната кошаркарска лига на светот по 1997 година.

Тимот предводен од тренерот Џеј Би Бикерстаф се пласираше во второто коло од плејофот за прв пат од 2019 година.

Во четвртфиналето од разигрувањето за шампионскиот трофеј, ривал на Кливленд ќе биде тимот на Бостон селтикс.

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот!

Ви се обраќам со длабоко чувство за важноста на двојните избори во среда. Државата ни е на крстопат, одлуката која ќе ја донесеме ќе ја обликува судбината на Македонија во годините што доаѓаат. 

„Ви се обраќам со длабоко чувство за важноста на двојните избори во среда. Државата ни е на крстопат, одлуката која ќе ја донесеме ќе ја обликува судбината на Македонија во годините што доаѓаат. Вашиот глас нема да биде само исполнување на граѓанска должност, туку и влог во наследството кое ќе го оставиме“, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во изборна единица 2.

Тој истакнува дека секој глас е скапоцен, притоа посочувајќи дека избори може да се добијат или изгубат со мали разлики, но со големи последици.

„Затоа секој од вас е важен за да продолжиме по нашиот пат кон Европската унија.

Да не дозволиме да отстапиме од тоа што седум години го градиме заедно и внимателно. Вашата желба за европски стандард и квалитет на живот е најважна, а тоа може да го исполниме со заокружување на бројот 1“, вели Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ и кандидат за пратеник, Битиќи потсетува дека пред седум години излеговме од сенките на поделеноста и заробената држава, притоа предупредувајќи дека национализмот и изолацијата повторно демнат, како што тој вели, на нашиот праг.

„Тоа не треба да не' плаши бидејќи ние ја имаме моќта да одлучуваме за нашата судбина.

Секој од нас сноси одговорност, никој не е изоставен. Без разлика дали сте земјоделци, учители, доктори или студенти - вашиот глас е важен. Затоа на 8-ми мај излезете на гласачките места и дадете го својот глас за СДСМ и Коалицијата за европска иднина, изберете го напредокот, оставете зад себе наследство на напредок, единство во различностите и просперитет“, порачува Фатмир Битиќи, ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во изборна единица 2.

притисни ентер