Сочувство за трагедијата упатија Мицкоски, Филипче и Агелер и неколку политички партии - Канал 5

Сочувство за трагедијата упатија Мицкоски, Филипче и Агелер и неколку политички партии

Градоначалници ги ставаат на располагање сите нивни општински ресурси за помош.

Сочувство за трагедијата упатија Мицкоски, Филипче и Агелер и неколку политички партии

Со длабока тага ја примив веста за страшната трагедија, Владата е целосно мобилизирана и ќе стори се што потребно за да се справи со последиците и да се утврдат причините за тоа што се случи – напиша премиерот Христијан Мицкоски за кобната вечер во Кочани, кој изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите. Најави дека откако ќе ги согледа околностите од институциите ќе се обрати на јавноста со повеќе детали за чекорите кои се преземени.

-Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна. Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите – сила да ја издржат оваа незамислива загуба. Народот и Владата ќе направат сè што е во нивна можност барем малку да ја ублажат нивната болка и да им помогнат во овие најтешки мигови, стои во објавата на премиерот на социјалните мрежи премиерот. Воедно повика на заедништво, сплотеност, хуманост и одговорност, а упати повик и до сите надлежни институции да преземат итни мерки секаде каде што е потребно.

На обединување повика и претседателот на опозициската Венко Филипче, кој се понуди како лекар да помогне за повредените од пожарот.

-Во овој момент на длабока тага, сакам да изразам најискрено сочувство до семејствата кои изгубија најблиски и да им посакам брзо закрепнување на повредените. Во вакви моменти, единствено што е важно е солидарноста и поддршката. Како лекар, стојам на располагање за секој вид помош што можам да ја дадам во оваа тешка ситуација. Сега не е време за поделби, туку за обединување во тагата и во напорите да помогнеме, напиша Филипче.

Сочувство упати и американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.

„ Срцето утрово ми се кине за многуте жртви во синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани. Нашето најдлабоко сочувство оди до жртвите и нивните најблиски во ова страшно време, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Загубата на толку многу млади животи во една заедница е страшна трагедија. Му понудив секаква помош и целосни ресурси на Амбасадата на САД на премиерот, како и нашите молитви за сите оние кои страдаат денес. “

Се огласија и неколку политички партии – ЛДП и Демократски сојуз бараат уште веднаш длабока истрага и одговорност за сите кои придонеле да се случи ваква голема трагедија. Градоначалници пак ги ставаат на располагање сите нивни општински ресурси за помош.

YouTube video

Ангелов: Не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома

„Не очекувам дека САД ќе се повлечат од Балканот“

Ангелов: Не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома

Не доаѓаат предвид уставни имени без гаранции, ние не само што не ги добиваме, туку имаме анти-гаранции. Нам не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома. Помали сме и понемоќни ос САД, државите од БРИКС се „малку“ далеку. Секој сака билатерална спогодба со САД, не секој сака со Македонија. Суровата реланост налага пат кон ЕУ и НАТО, плативме скапа цена но надворешно сме безбедни. Не очекувам дека САД ќе се повлечат од Балканот. Договорот со Британија е се' замо не е про-руски чекор, вели Стојанче Ангелов во Само Вистина.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

Александар Вучиќ објави видео на Инстаграм од парк каде што седи на клупа за вежбање.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

„Далеку сум од добра форма, но Србија е повторно на вистинскиот пат“, напиша српскиот претседател во описот на објавата. Во видеото, тој почна да ги наведува проектите што има намера да ги заврши во наредниот период.

Потоа рече:

„И треба да го искористам ова кратко време пред ручек како да правам нешто, за да биде помалку забележливо она што ќе го јадам. Во секој случај, Србија е повторно на вистинскиот пат. И време е да ги подобрам моите физички карактеристики, да бидам за нијанса помалку дебел и со малку повеќе енергија отколку во претходните неколку месеци.“ Тој не правеше никакви вежби.

Неговото видео набрзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето му пишуваа дека се бламира.

„Лошо се храниш“, се пошегуваа некои во коментарите со емотикони за сендвичи.

Алмеида нoв тренер на Севиља

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

Алмеида нoв тренер на Севиља

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина./МИА

притисни ентер