Сочувство до семејствата и најблиските на загинатите во пожарот од Амбасадата на Русија - Канал 5

Сочувство до семејствата и најблиските на загинатите во пожарот од Амбасадата на Русија

Амбасадата на Русија во Македонија изразува сочувство до семејствата и најблиските на загинатите во пожарот во ноќниот клуб во Кочани.

Сочувство до семејствата и најблиските на загинатите во пожарот од Амбасадата на Русија

-Со горчина и болка ја примивме веста за страшната трагедија – пожарот на 16 март 2025 година во ноќен клуб во градот Кочани, кој однесе животи на многумина млади луѓе. Во ова тажно време жалиме заедно со македонските граѓани, ја споделуваме болката за голема загуба. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата и најблиските на загинатите. Им посакуваме брзо закрепнување на повредените, се вели во објавата на Фејсбук на руската Амбасада во земјава.

Во синоќешниот пожар во Кочани, според последните информации што ги објави МВР, починале 59 лица, а 155 се повредени. За четири лица распишана е централна потерница, а досега извршени се разговори со десет хоспитализирани лица, како и со еден од членовите на групата ДНК.

Халанд повторно тренира со првиот тим

Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, се врати на тренинзите со првиот тим откако се закрепне од повредата на глуждот, објави денеска англискиот клуб.

Халанд повторно тренира со првиот тим

Дваесетичетиригодишниот Норвежанецот се повреди на 30 март во победата против Борнмут (2:1) во четвртфиналето од ФА Купот, а оттогаш тренира според индивидуална програма.

Халанд постигна 39 голови за клубот и репрезентацијата оваа сезона, а сè уште не е познато кога ќе се врати на теренот. /МИА

САД ја затвораат програмата на Пентагон за учество на жените во мировни мисии

 Пентагон ги сведува на минимум активностите во рамки на програмата „Жени, мир и безбедност“, пишува весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се извори од администрацијата. 

САД ја затвораат програмата на Пентагон за учество на жените во мировни мисии

Одлуката е донесена поради, како што се укажува „фокусирање на водење војна“ и долгогодишна критика од страна на военото раководство за прекумерната бирократска тежина на програмата.

Оваа програма е нова и развиена со учество на министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем и државниот секретар Марко Рубио, а со цел зајакнување на улогата на жените во спречување конфликти. Но, новиот министер за одрана, Пит Хегсет, ја окарактеризира како „феминистичка агенда поддржана од леви активисти“, со тврдење тврдејќи дека војската ја презира.

Од Белата куќа соопштија дека станува збор за „враќање на програмата на нејзините изворни цели“, и дека ќе бидат укинати деловите од агендата додадени за време на администрацијата на Џо Бајден.

Законот за оваа програма беше потпишан со цел да се зајакне стабилноста преку инклузивно учество на жените. Програмата претходно беше пофалена и од страна на Доналд Трамп како „важен чекор кон демократија“.

Јермак: Путин сака да ја замрзне војната, а не да ја заврши

Русија не бара мир, туку има намера да ја замрзне војната за да продолжи со агресијата во иднина, напиша шефот на кабинет на украинскиот претседател Андриј Јермак во авторски текст за весникот „Гардијан“.

Јермак: Путин сака да ја замрзне војната, а не да ја заврши

„Путин денеска се обложува на заморот на Западот. Тој сака да ја замрзне војната - а не да ја заврши. И затоа секое примирје без гаранции и правда само ќе отвори врата за нова агресија. Олеснувањето на санкциите, отстапките или преговорите според условите на Кремљ се стапица. Не можете истовремено да зборувате за мир и да се вооружувате за нов напад“, напиша Јермак, пренесува Укринформ.

Тој нагласи дека Путин не бара мир, туку одложување.

Според Јермак, повиците за прекин на огнот сега се исклучително корисни за Кремљ.

„Москва не ги промени своите цели. Напротив, Руската Федерација ги користи дипломатските преговори за да купи време, да се прегрупира, да ги заобиколи санкциите и да ја продолжи војната во време што ќе го избере“, нагласи тој.

Блискиот соработник на украинскиот претседател Володимир Зеленски нагласи дека единствениот пат кон мирот е да се поразат империјалните амбиции на Русија, а не да се легитимираат преку уште едно „привремено примирје“.

Пред два дена, рускиот претседател Владимир Путин објави примирје за периодот од 8 до 10 мај, кога Русија ќе ја прослави победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека нема потреба да се чека на 8 мај за да се заврши непријателството, бидејќи тоа може да се случи веднаш.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сака траен прекин на огнот во Украина за да се запре крвопролевањето, потсетува Укринформ. /МИА

притисни ентер