Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат
2Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат
Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
БалканСочувства за загинатите во трагичниот пожар во Кочани-книгата на жалост во амбасадата во АтинаСочувства за загинатите во трагичниот пожар во Кочани ја исполнија книгата на жалост во амбасадата во АтинаБукет цвеќе од непознат испраќач со пораката „RIP Kocani“ и нацртано срце, оставено пред портата на објектот на амбасадата во Атина, најдоа вработените во нашето дипломатско претставништво, каде што во изминатите денови беше отворена книга на жалост, јави дописничката на МИА од Атина. Цвеќиња, свеќи и пораки на сочувство имаше пред низа наши амбасади низ светот каде што живеат Македонци, но во Атина, конкретниот потег остава впечаток со оглед на тоа што е многу мал бројот на нашинците во грчката метропола. Книгата на жалост беше отворена во понеделникот, прва се потпиша амбасадорката Лидија Бошковска, а веќе страниците се исполнети со пораки на сочувство за трагично загинатите млади лица од дискотеката „Пулс“, но и со пораки на љубов и поддршка, како за повредените, така и за македонскиот народ. Речиси целиот дипломатски кор во Грција или се потпиша во книгата или електронски испратија порака со сочувство, а вчера во амбасадата беше и заменик-министерот за надворешни работи на Грција Јанис Ловердос. Како што вчера објави МИА, го пречека амбасадорката Бошковска, со која имаа кус разговор, по што се потпиша во книгата на жалост, а потоа пдржаа и тет-а-тет средба. - Да знаете дека Владата и народот на Грција во овие моменти на голема тага, на жал ќе бидат секогаш покрај вас. Ние, Грците сме многу чувствителен народ, имаме и ние претрпено слични трагедии, истакна заменикот МНР и посочи дека „некогаш зборовите се непотребни“, но и дека „за жал, многу пати трагедиите ги приближуваат народите“, а паралелно нагласи дека грчкиот народ ја чувствува тагата и сочувствува со соседната земја. Амбасадорката Бошковска му се заблагодари за поддршката и помошта од грчката Влада. -Би сакала да изразам голема благодарност за брзата и одлична реакција од персоналот на Службата за итна помош, на персоналот во болниците и во Солун и во Атина, на одличната соработка со грчката амбасада во Скопје. Оваа трагедија ни влијаеше на сите, истакна амбасадорката. Книга на жалост, освен во Атина, отворена беше и во конзулатот во Солун. Грција беше меѓу првите земји што прими повредни со изгореници, тројца млади уште во неделата попладне беа префрлени во солунската болница „Папаниколау“, следеа уште двајца во воената болница во Солун, додека пак во понеделникот и вторникот со авиони Ц-27 на грчкото воено воздухопловство беа транспортирани уште вкупно седум лица. Паралелно, официјална Атина, континуирано ја истакнува подготвеноста за помош на повредените, подготвеност што уште еднаш ја повтори портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на вчерашниот редовен брифинг со новинарите - Здравствениот оперативен центар на Националниот центар за итна помош во рамките на оперативното планирање за управување со транспортот и лекување на повредени со изгореници, продолжува да ги одржува во состојба на зголемена подготвеност Одделенијата за изгореници во соодветните здравствени установи во Солун и Атина, рече Маринакис. Освен на официјално ниво, како што веќе има објавено МИА, понуди за помош од Грција пристигнаа и од низа организации, здруженија и слично, меѓу кои и Црвениот крст, Здружение на бизнис жени од Грција, Грчката асоцијација за лица со изгореници итн. Иако во мал број, Македонците во Грција, преку социјалните мрежи експресно се организираа и се пријавија за евентуална помош на повредените кои се хоспитализирани во Солун и Атина и за нивните семејства, помош пријавена и до дипломатските претставништва, кои засега целосно се погрижија за роднините кои се во Грција. Македонците во Солун, утре напладне на плоштадот Аристотел ќе одржат собир „Солун во молк за Кочани“ за да им оддадат почит на загинатите и да изразат поддршка. Трагедијата во Кочани, уште од првиот момент континуирано ја следат медиумите во Грција, а вчера известуваа за погребите на загинатите, карактеризирајќи ги како сцени од „последниот чин од античка трагедија“. Речиси сите грчки телевизии, од неделата испратија новинари во Кочани, кои секојдневно преку јавувања во живо ја информираат грчката јавност за градот завиен во жал и тага, но и за детали од истрагата за пожарот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку осуммина загинати и 17 повредени во уривање на зграда во Њујорк (ВИДЕО)Осум лица загинаа кога се урна трикатна зграда покрај градилиште во Бруклин, објави градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани. Најмалку 17 лица се повредени, вклучувајќи тројца пожарникари, рече Мамдани, додавајќи дека спасувачките операции продолжуваат. Противпожарната служба на градот претходно изјави за Ројтерс дека четири лица се во критична состојба. Несреќата се случила кога трикатна зграда во населбата Флатбуш во Бруклин се урнала во среда околу 16 часот по локално време и паднала врз соседното градилиште каде што се вршеле градежни ископувања. Телевизиската станица Њујорк WABC-TV објави дека најмалку четири преживеани, вклучувајќи една бремена жена, биле извлечени од урнатините околу два до два и пол часа по уривањето. BREAKING: 8 people are dead and more than dozen injured after massive building collapse in Brooklyn, New York City https://t.co/WPuUagHAYr — Insider Paper (@TheInsiderPaper) November 12, 2026 Службениците објавија дека во времето на уривањето на зградата, изградена во 1930-тите, не било веднаш познато колку луѓе биле во своите домови. Тие не открија колку работници биле на градилиштето во тоа време. Градската противпожарна комисија, Лилијан Бонсињор, изјави дека меѓу погодените од уривањето има седум деца, но не прецизираше дали меѓу жртвите има деца или возрасни. Bystanders watch as people climb out of rubble, assisted by rescue crews, after a building collapsed in Brooklyn, New York. At least two people are dead and over a dozen others are injured, according to New York City authorities. https://t.co/j5NVr646et — ABC News (@ABC) November 12, 2026 Непознат број на исчезнати Мамдани рече дека градскиот Оддел за згради и полицијата ја истражуваат причината за уривањето. Пожарникарите, кои биле во близина, пристигнале на местото на настанот во рок од една минута по уривањето и помогнале да се извлечат првите жртви од урнатините, изјавија властите за новинарите на прес-конференција во среда вечерта. Снимките од локалната телевизија покажаа спасувачи со кучиња трагачи како ги чешлаат урнатините и ги отстрануваат остатоците во кофи, барајќи знаци на живот за луѓето кои можеби биле заробени во шуплините под урнатините. Џон Еспозито, шефот на градската противпожарна служба, рече дека ќе бидат потребни неколку дена за спасувачките екипи да ги „пребараат сите потенцијални жртви“ во областа. „Не знаеме колку луѓе се исчезнати вкупно“, рече Еспозито. Околу 250 членови на противпожарната и итна медицинска помош беа испратени на местото на настанот, објави противпожарната служба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЗа првпат отворена стоматолошка ординација за деца со посебни потребиСо нов апарат видео ларингоскоп што претставува побезбедна интубација на децата кои се со аутизам и со деца со посебни потреби е обезбедена новата ординација за деца со посебни потребни на Клиниката за стоматологија. Директортката на клиниката Николоска објаснува дека со новите услови им се помага на децата без проблеми и болки да имаат интеревенции на стоматолог. Министерот Клековски посочи дека за здрави заби е потребна во сите установи да има општа анестезија, а барања за отворање на ординации за деца со посебни потреби има и во други градови. Министерот за здравство посочи дека во клиниката има многу новини и нова опрема обезебедена од страна на министерството за здравство и фондот за здравство во вредност од 40 милиони денари и учество на општествено одговорни компании. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПолициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваатПолициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер на 15 март лани, кога се случи трагедијата во дискотеката Пулс, не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат во КочаниПолициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер на 15 март лани, кога се случи трагедијата во дискотеката Пулс, не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат во Кочани, туку само добиле усна наредба дека треба да вршат службени активности во Кочани. Ова денеска пред судот го изјави сведокот Даниел Василевски, полициски началник од Пробиштип, на рочиштето против 13 полициски службеници, обвинети дека не постапиле согласно акцискиот план при извршена контрола во дискотеката Пулс. Според зборовите на Василевски, полицајците од Пробиштип, однапред не биле воопшто запознати што ги очекува во Кочани, туку само ги следеле наредбите на службените лица од Кочани -Полицајците од Пробиштип пред упатувањето на работните задачи во Кочани не беа запознати со безбедносните ризици со кои можат да се сретнат таму, ниту пак беа запознати со планот за справување со ризици, бидејќи со таков план ОВР Пробиштип не располагаше. Планот за тоа како ќе се постапува таа вечер го имаа во ОВР Кочани и нашите полициски службеници инструкциите за постапување ги добија дури по доаѓањето во Кочани, - Сведок Даниел Василевски, полициски началник од ОВР Пробиштип. Според родителите на жртвите во Пулс пак, неразбирливо е како полициски службеници од Пробиштип добиле усна, а не писмена наредба за контроли во Кафулиња во Кочани. - Денес слушаме дека полициските службеници од Пробиштип не биле информирани за целта и точките на акциската контрола. Дали е професионално да се спроведува акција без соодветна информираност и координација на службите? Кој требало да знае, кој требало да постапи и кој ја презел одговорноста?- изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова. Судењето против 13 полициски службеници за непостапување при извршување на службените активности во дискотеката Пулс во Кочани, се наоѓа во доказна постапка, а по испитување на сите сведоци на одбраната, ќе се изведуваат и материјалните докази. Во пожарот на 15 март лани по активирање на пиротехнучки средства за време на настап на групата ДНК во дискотеката Пулс во Кочани, загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook