2Пентагон во август собориле околу 100 дрона на јужната граница на САД- нарко картелите се закануваат
3Пентагон одбива да исплати отштети за загинатите војници во војната со Иран- причината е неверојатна
МакедонијаСобраниската Комисија за здравство даде зелено светло за годишниот извештај Фондот за здравствено осигурување за 2024Собраниската Комисија за здравство, со која раководеше претседателката Рашела Мизрахи, денеска го разгледа извештајот за работата на Фондот за здравствено осигрување (ФЗО) за 2024 година и даде зелено светло тој да биде усвоен на пленарна седницаИзвештајот пред пратениците го образложи директорот на ФЗО, Сашо Клековски, кој на почетокот истакна дека во 2024 година Фондот имал 1.839.537 осигуреници, што е намалување за над 17.000 во споредба со 2023 година, просечно од осигуреник во Фондот се слеваат речиси 3 илјади денари, а бројот на вработени осигуреници е 557 илјади и е стабилен, како и бројот на пензионери, кој изнесува 353 илјади. - За здравство се одвојуваат 5-6 отсто од БДП и тоа е адекватно за такви земји во развој како што е нашата. Тоа го давам како инфомраицја за приходната страна за да можеме да разговараме што се реализира. Во 2024 година, благодарение на ребалансот на буџетот, добивме дополнителни средства и бевме во можност да го зголемиме за речиси сите категории на финансирање и во ФЗО спектарот на услуги што ги покрива се од примарното, секундарното, терцијарното, дијализа, кардиохирургија, рехабилатација во бања, ортопедски помагала, рефундации, лекување во странство, следење на меѓународните договори и во сите овие категории имаме зголемување - истакна Клековски. Додаде дека има зголемување на бројот на лекови издадени на позитивна листа и за тоа се издвоени 525 милиони денари плус, односно зголемен е и бројот на рецепти, а во 2024 година има и прво зголемување на платите во јавното здравство и тоа ќе се следи во наредните години во договор со синдикатите. Членовите на Комисијата за здравство поставија повеќе прашања до директорот Клековски како што се за бројот на лабараториите во државата, немањето на одредени реагенси за испитување на некои болести, можноста за враќање на средства на пациентите доколку се принудени да направат одредено испитување во приватни болници и други прашања. На крајот од седницата директорот Клековски посочи дека има сериозен проблем во псоледно време со акутен недостигот на анестезиолози, као што е случајот во Кумановската болница каде има 25 хирурузи, а нема ниту еден анестезиолог. Според него овие специјалисти се дефицитарни и во Европа и постојано ќе постои дополнителна награда ако некој анестезиолог замине во странство. Додаде дека Фондот е во постојана комуникација со болницата во Куманово и набргу треба да се најде решение. Во заклучокот од седницата Клековски посочи дека проблемите во здравството се многу големи и затоа треба сите заедно да работат, да се споделуваат информациите и очекувањата и да се разговара за структурни прашања со постигнување на заеднички конзенсус, бидејќи ако не се постигне конзенсус за структурните работи, тогаш ќе е тешко и дел од решенијата може да бидат и непопуларни, но ќе мора да се спроведуваат. Тој смета дека Собранието има централна улога во носењето на политиките и сите заедно од власта и опозицијата треба да комуницираат околу клучните политики.Тагови: Комисија за здравство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
ФормулаВо Португалија е приведен 95- годишниот Берни Еклстоун, во авионот му пронашле сачмаркаБерни Еклстоун (95), поранешен шеф на Формула 1 и човек кој со децении беше една од најмоќните личности во светскиот автомобилизам, беше приведен во Португалија во понеделник откако во неговиот приватен авион беше пронајдена пушка.Инцидентот се случил на аеродромот „Тирес“ во Каскаис, недалеку од Лисабон. Португалските медиуми пишуваат дека Еклстоун слетал на аеродромот со својот приватен авион, по што при рутинска проверка било пронајдено оружје. Првите информации велеа дека акцијата ја извршиле припадници на португалската полиција, но „Ренасенса“ подоцна објави дека интервенцијата всушност ја извршила Португалската даночна и царинска управа. Полицијата потврди за овој медиум дека нејзината аеродромска единица не учествувала во постапката. Засега не е познато дали Еклстоун ќе биде изведен пред судија или ќе му биде даден статус на осомничен во процесот без да оди на суд. Тој веќе беше приведен за оружје. Ова не е прв ваков случај на Еклстоун. Во мај 2022 година, тој беше приведен во Бразил откако полицијата пронајде пиштол калибар .32 во неговиот багаж додека се подготвуваше да патува за Швајцарија со приватен авион. Еклстоун потоа призна дека го поседува пиштолот, но тврдеше дека не знаел дека оружјето е во неговиот багаж. Откако плати кауција од 6.060 бразилски реали, или приближно илјада евра според девизниот курс во тоа време, му беше дозволено да ја напушти земјата. Еден од највлијателните луѓе во историјата на Формула 1 Британскиот милијардер практично ја водеше комерцијалната страна на Формула 1 со децении и одигра клучна улога во нејзината трансформација од релативно ограничено автомобилско натпреварување во глобален спортски бизнис. Пред неговата бизнис кариера, тој се обиде и како возач, а подоцна беше менаџер за возачи и сопственик на тимот Брабам. Ги контролираше комерцијалните права на Формула 1 и преговараше за телевизиски договори кои силно влијаеја на растот на натпреварувањето. Откако „Либерти Медиа“ го заврши преземањето на Формула 1 на почетокот на 2017 година, Еклстоун се повлече од функцијата извршен директор и ја доби почесната позиција на заслужен претседател. Денес, тој дел од своето време го поминува во Португалија, каде што има резиденција во Кашкаиш. Тагови: Берни Еклстоун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКралот Чарлс: Хари и Меган немаат официјални кралски должностиВојводата и војвотката од Сасекс нема да извршуваат официјални кралски должности ниту да се вклучуваат во јавен протокол по враќањето во Велика Британија. Ова е јасно наведено во писмото испратено во име на кралот Чарлс, кое го дефинира статусот на принцот Хари и Меган откако се вратија од Калифорнија со своите деца Арчи и Лилибет минатиот месец, пишува Би-Би-Си. Дефиниција на статус и должности Писмото потврдува дека двојката сè уште не може да ги користи титулите „Негови и Нејзини Кралски Височества“ (НВВ). Документот, испратен во име на кралот од страна на високиот дворски службеник Лорд Чемберлен, ги опишува како „приватни граѓани со комерцијални и добротворни интереси“. Според судски извори, меморандумот е испратен до тимот на принцот Хари, владата, војската и кралските регенти. Со оглед на тоа што тие често организираат кралски посети, ова упатство наведува дека сите идни појавувања на Сасекс ќе бидат од исклучиво приватна природа и дека двојката не го претставува кралското семејство. Договорот од 2020 година останува на сила Писмото, исто така, потврдува дека договорот од Сандрингам, склучен во 2020 година, останува непроменет. Ја отфрли можноста за хибриден статус „половина внатре, полунадвор“, што би му овозможило на двојката истовремено да развива комерцијални интереси и да извршува службени должности за круната. „Општо е познато дека во јануари 2020 година војводата и војвотката се откажаа од своите претставнички должности во име на суверениот и дека повеќе не се активни членови на кралското семејство“, се вели во писмото. Пораката од дворот, според тоа, потврдува дека овој статус не се променил и дека нивното добротворно учество е приватна работа. „Добротворната работа на војводата и војвотката е нивна лична работа и тие ја извршуваат во приватен капацитет“, се заклучува во писмото. Тагови: Кралот Чарлс Меган Маркл Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРусија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург: Германците предизвикаа ескалацијаРусија денеска објави дека го затвора Генералниот конзулат на Германија во Санкт Петербург, како одговор на одлуката на Берлин да го затвори Рускиот конзулат во Бон и Рускиот културен центар во Берлин.Германија презеде свои мерки откако ја обвини Москва за обид за напад со беспилотни летала врз аеродромот Лајпциг/Хале, што Русија го нарече апсурдна измислица. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека германскиот конзулат во Санкт Петербург мора да престане со работа најдоцна до 18 септември. „Германија предизвика ескалација“ Исто така, потврди дека културните центри на германскиот Гете-институт во Русија мора да престанат со работа, а на вработените им е наредено да ја напуштат земјата најдоцна до 13 септември. „Германските власти повторно се тие што предизвикаа нова рунда ескалација во билатералните односи. Германската влада сноси целосна и целосна одговорност за последиците“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.Тагови: конзулат русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter