Собраниска делегација на 151. Собрание на Интерпарламентарната унија во Женева - Канал 5

Собраниска делегација на 151. Собрание на Интерпарламентарната унија во Женева

Во рамките на 151. Собрание на ИПУ се одржале седници на четирите комисии на ИПУ. 

Собраниска делегација на 151. Собрание на Интерпарламентарната унија во Женева

Делегацијата на Собранието, предводена од Бобан Карапејовски, а во чиј состав се Ели Панова и Славјанка Петровска, како и генералната секретарка, Марина Димовска учествува на 151. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 19 до 23 октoмври во Женева, соопшти собраниската прес-служба.

Во рамките на 151. Собрание на ИПУ се одржале седници на четирите комисии на ИПУ. Пратеничката Славјанка Петровска учествувала во работата на Комисија за мир и меѓународна безбедност, каде што се одржала стручна расправа на тема: „Улогата на парламентите во воспоставувањето на цврсти механизми за пост-конфликтно управување и во обновувањето на праведен и траен мир“.

Во своето обраќање Петровска го подвлекла значењето на парламентите во процесот на постконфликтна обнова, истакнувајќи дека завршувањето на војната претставува почеток на долготраен процес на градење доверба, владеење и правда.

-Петровска се осврна на искуството на Северна Македонија, која во 2001 година, благодарение на конструктивната улога на Собранието, го избра патот на дијалог и политичко решение. Како клучен пресврт во овој процес таа ги посочи Охридскиот рамковен договор и воведувањето на „Бадинтеровиот принцип“, кои овозможија инклузивно донесување одлуки и изградба на култура на консензус, вредности кои повеќе од две децении претставуваат темел на демократската стабилност во земјата, се наведува во соопштението.

Пратеничката Петровска го истакнала и значењето на реформите за правична застапеност на сите заедници, и воспоставувањето на Комитетот за односи меѓу заедниците, како превентивен механизам за решавање чувствителни прашања.

Петровска предложила во Предлог-Резолуцијата на следното 152. Собрание на ИПУ, да биде вклучена препорака за воспоставување механизми за инклузивно одлучување и платформи за интеретнички дијалог во парламентите, нагласувајќи дека искуството на земјава покажува како парламентарната посветеност може да изгради траен мир и стабилно општество.

На седницата на Комисијата за одржлив развој, на која се дискутираше за „Влијанието на глобалното затоплување: парламентарен повик за заштита на најранливите“, учествувала пратеничката Ели Панова.

Во своето излагање, таа нагласила дека последиците од глобалното затоплување дополнително ги продлабочуваат постоечките економски, социјални, географски и родови нееднаквости. Според неа, најсиромашните и најмаргинализираните заедници се изложени на најголем ризик од екстремните климатски појави.

Панова истакнала дека без решителни мерки, климатските промени можат да ја чинат нашата земја до 4 отсто од БДП до 2050 година. Таа информиралае дека во 2021 година, нашата земја го поднесе ревидираниот Национален утврден придонес (NDC), со кој се обврза на намалување на нето емисиите на стакленички гасови за 82 отсто до 2030 година во споредба со нивото од 1990 година, како и постигнување на нето нула емисии до 2050 година, што претставува една од најамбициозните цели во нашиот регион.

-Пратеничката Панова нагласи дека во Парламентот постои силна поддршка за дејствување на полето на климатските промени, со интегрирани политики кои ги земаат предвид ранливите категории во секторите земјоделство, вода, здравство и инфраструктура. Таа заклучи дека е неопходно да се промовираат амбициозни и инклузивни климатски политики, со цел да се заштитат најранливите категории на население, се наведува во соопштенито на собранската прес-служба.

Интерпарламентарната унија, се додава во соопштението, е светска организација на парламентите, во која членуваат 182 национални парламенти и 15 меѓународни парламентарни собранија. Основана во 1889 година, ИПУ е најстарата мултилатерална политичка организација и најголемата меѓупарламентарна асоцијација. Унијата работи на зачувување на мирот и промовирање позитивни демократски промени преку политички дијалог и конкретни активности. Светската организација на парламентите има седиште во Женева и тесно соработува со Организацијата на Обединетите нации и другите партнерски организации, чии цели ги споделува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер