Собранието усвои Етички кодекс

Собранието во рамки на 47. седница  денеска едногласно со „84“ гласа усвои Кодекс за етичко однесување на пратениците. 

Целта на документот е да ја зајакне етиката кај пратениците и да ја зголеми довербата во Парламентот како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт.

Финалното усогласување на Етичкиот кодекс пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата го постиганаа на превата средба во рамии на Жан Моне процесот во Охрид во мај годинава. Во тек е усогласување на измените на Деловникот за работа на Собранието, што исто така беше на дневен ред на оваа средба.

Во текот на расправата, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека текстот на кодексот е добра основа за надградба на етичките правила во иднина, но оти е еден од идните чекори на патеката од повеќе километри.

Според Димовски, клучно за тоа дали овој парламентарен состав има капацитет и сила да си ја свати улогата и поимот што треба да работи, ќе биде дали и какви измени на Деловникот и на изборното законодавство ќе донесе наесен.

- Ако го постигнеме тоа, сигурен сум дека Владата ќе се чувствува многу поодговорно и повнимателно и многу повеќе ќе трепери од секое доаѓање во Собранието каде 120 достојни дами и господа треба да бидат во име на граѓаните, контрола на се што прави власта со сите механизми со кои располага. Ова е во ред, но е само еден чекор на патека од повеќе километри, рече Димовски.

Тој наведе и дека Собранието во целост не си ја извршува уставната улога како највисок државен орган и контролен орган врз извршната власт.

Според координаторот на СДСМ Томислав Тунтев, ова е свечен ден во Собранието затоа што првпат се носи документ како прв чекор кон регулирање на односот на пратениците во Парламентот сами кон себе, кон колегите, кон јавноста и кон институциите.

- Затоа мислам дека ова е голем чекор напред кон она што веќе подолго време го заговараме дека не можеме да очекуваме никој да ја почитува институцијата пратеник или Собрание доколку со своето однесување токму пратениците не покажат дека се достојни за почит и не покажеме дека ги знаеме, владееме и умееме да ги користиме основните универзални вредности од аспект на морал, етика, професионалност, стручност, колегијалност, рече Тунтев.

Тој негираше дека се носат закони по скратена постапка и дека Собранието е гласачка машина. За една година, како што рече, се поднесени 157 закони, од кои 43 во скратена постапка, дел од Владата, поголем дел од пратеници, а во шест од нив учествувале и власта и опозицијата. Наспроти тоа од 2010 до 2014 од 907 донесени закони 297 закони во скратена. Во 2015 година опозицијата не беше присутна во Собранието и од 574 закони 339 беа по скратена постаока.

Артан Груби од ДУИ побара како што надвалдеа духот на консензусот при подготовката на кодексот така и да се продолжи при носењето на Деловникот, други закони со двотретинско мнозинство и Планот 18 на Владата.

- Даваме целосна поддршка затоа што кодексот е исполнување на реформска обврска добиена како мнозинство и како парламентарен состав во Собранието и се надевам во истиот дух да го измениме и Деловникот. Поентата е да се превенира како била можност на влијание врз пратениците, посочи Груби.

Според Етичкиот кодекст, пратеникот во вршењето на својата функција треба да се придржува кон основните етички начела, да ја извршува својата функција без дискриминација, да се води од јавниот интерес и да ја почитува личноста на секој поединец.

Пратеникот не смее да ги прекинува говорниците и да дофрлува од местото или на кој било начин да го нарушува текот на седницата и да користи навреди, фрази и гестикулации со кои можат да се навредат другите пратеници или носители на јавни функции. Пратеникот се воздржува од говори со кои може да предизвика омраза и насилство, треба да ги почитува правилата на однесување, правилата кои се однесуваат на спречување на судирот на јавниот и приватниот интерес, забраната на корупција и забраната на примање подароци. Во кодексот се нормираат лесни и тешки повреди на кодексот, за кои се предвидуваат и мерки, како што се: опомена за лесните повреди и јавна опомена за тешките повреди.

На 47. седница на Собранието беа усвоени и Одлука за испраќање припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите Нации „UNIFIL“ во Либан, како и законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина. /МИА

Драма во САД: Уште еден брод се заби во мост, блокиран е сообраќајот (ВИДЕО)

Во Галвстон, Тексас, речен брод удри во мост.

Според извештаите, бродот удрил во мостот на островот Пеликан, предизвикувајќи полицијата и другите служби за итни случаи веднаш да го блокираат целиот сообраќај, јавува Click2Houston.

Засега не се познати деталите за инцидентот, па не е јасно како дошло до судирот, ниту што му претходело. Не се знае дали има повредени или во каква состојба е мостот.

Претставниците на Галвстон рекоа само дека шлеп удрил во мостот, што предизвикало истекување на нафта.

Крајбрежната стража е повикана да помогне во спречувањето на излевањето на нафтата, а инженерите на TxDot се на терен за да помогнат.

Да потсетиме, на крајот на март во Балтимор, брод удри во мостот и го урна, а во таа прилика загинаа шест работници кои работеа на одржување на мостот.

Камионите се пренасочуваат од Блаце- има проблем со терминалот

На 15.05.2024 година во 18.30 часот од страна БПС започнато е со пренасочување на товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце .

На 15.05.2024 година во 18.30 часот од страна БПС започнато е со пренасочување на товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце заради проблем со терминалот на Македонска царина на ГП Блаце.

Товарниот сообраќај ќе биде пренасочен се додекa не се надминe проблемот, соопшти АМСМ.

Манекенка поминала низ скенер на аеродром- цариниците шокирани што имала во главата

Манекенка од Тајван доживеала шок при безбедносната проверка на аеродромот, па решила да им ги открие деталите на своите следбеници.

Фанг Киуан (36) е самопрогласена „фанатик за пластична хирургија“ со повеќе од 19 операции, а нејзината објава собрала 1,3 милиони прегледи.

Фанг потрошила преку 250.000 долари на различни естетски зафати, вклучувајќи две операции на челото, пет на очните капаци, исто толку на носот, две на брадата...

Неодамна поминала низ скенерот кога машината „засвирила“. Не ѝ било јасно што се случува, додека не се утврдило дека има неколку „туѓи предмети“ во главата, пренесува New York Post.

Така сфатила дека ѝ останала хируршка завртка во брадата по операцијата пред осум години. Но, тоа не било сѐ.

„На видеото се гледаат и завртките во носот“, рекла Фанг и додала дека „се чувствува како вуду кукла“.

Нејзините фанови останале шокирани од фотографиите кои ги објавила на Инстаграм.

„Ова е тешко за гледање“, напишал еден, а друг продолжи: „Еве што прават луѓето за убавина“.

Фанг откри дека закажала нова процедура за отстранување на металните предмети.

притисни ентер