Собранието со 67 гласа „за" го утврди нацртот на амандманот XXXIII

Собранието на Република Македонија на продолжението на 64. седница со 67 гласа „за", четири „воздржан" и 23 „против" го утврди нацртот на амандманот XXXIII на Уставот на Република Македонија.

Со првиот амандман се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија" да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија", а зборот „Македонија" се заменува со зборовите „Северна Македонија", освен во членот 36, кој има историски апсект и се однесува на "посебните социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија".

Според пратениците од владејачкото мнозинство амандманот 33. се однесува на името на државата и со него конечно се дефинира името на нашата држава во поширок историски контекст и географската одредница Северна која се додава е практично реално, но и историско решение на дефинирање на модерна држава, која сака своето постоење да го гради на универзални принципи во глобализиран свет.

Пратеникот Панчо Минов, од ГРОМ, рече дека очекувал повеќе од расправата за амандаманот, бидејќи тој претставува суштина на државните и стратешки приоритети на Република Македонија и побара јасно да се дефинира дека промената на името ќе се однесува на насловот и текстот на уставот, односно нема да има промена на преамбулата, како и дека промената на името ќе биде условена и настапи по нашето членство во НАТО и ЕУ.

– Моето произнесување по овој амандман ќе зависи од произнесувањето по мојот предлог, рече Минов.

Фандил Зендели, од БЕСА, рече дека како опозициска партија го поддржале Преспанскиот договор, за кој ценеле дека е предуслов за нашите стратешки евроатлантски интеграции, иако имале забелешки и сугестии за договорот.

– Прашањето на референдумот согласно законските определби не се исполни. Сега сме во уставни измени, кои од Владата се предложени согласно Преспанскиот договор. Бидејќи уставот не се отвора секој ден, како политички субјект побаравме да се постават и други прашања, како што е јазичната рамноправност и кои ги засегаат меѓуетничките односи, рече Зендели.

Пратеничката Дафина Стојаноска, од ВМРО-ДПМНЕ рече дека договорот е капитулантски и дека со него проблемите нема да завршат, туку само ќе се отворат нови, бидејќи со договорот се става крај на Република Македонија.

– Ниту гласав за отворање на постапката за носење на уставните измени, ниту ќе гласам за носење на овие амндмани. Македонија без грам барут ќе ја снема, изјави Стојаноска.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во реплика кон опозициските пратеници, рече дека мисли како да живеат на различни планети.

– Кога влеговме во ОН, нашата куќа почнавме да ја градиме со обврска да го решиме проблемот со Грција. Со копањето назад по антиката, ги изгубивме пријателите. Дали е точно дека нашата држава не го опфаќа целиот регион Македонија, рече Димитров.

Собранието ја почна расправата по амандманот XXXIIII на Уставот на Република Македонија. /МИА

Карлеуша отвори нов профил на Инстаграм, но и тој е избришан

Карлеуша направи нов профил на Инстаграм, па и тој беше избришан, му се закани на претседателот на Еко гардата: „Ти дадов 24 часа“

Петицијата на иницијатива на групата „Еко Стража“ вроди со плод бидејќи профилот на Инстаграм на мегапопуларната српска пејачка Јелена Карлеуша, кој го следеа околу 2,4 милиони луѓе, беше затворен.

Контроверзната пејачка не ја поднесува лесно оваа одлука за затворање на нејзиниот профил.

На почетокот не беше веднаш јасно дали пејачката сама го избришала профилот или е укинат од платформата Мета, пренесува 24.sata.hr.

Еко Стража испрати соопштение во кое изјавија дека добиле потврда дека профилот навистина е отстранет и дека Карлеуша се обидела да отвори нови профили, но и дека се обидува да преземе некои фан профили за да може да комуницира преку нив. Во меѓувреме таа сепак успеа да отвори нов профил кој го нарече „Новиот профил на Јелена Карлеуша“, од кој потоа испрати заканувачка порака до групата Еко стража.

-Тоа што го направивте не беше само напад врз мене, туку и врз слободата на изразување и ќе ги сносите последиците за тоа. Ви дадов 24 часа да го прекинете ова однесување или лично ќе преземам чекори за да исчезне вашиот профил засекогаш. Не сте свесни со кого си играте. Можеби мислите дека сте моќни зад екранот, но јас имам повеќе ресурси, повеќе поддршка и, верувајте ми, повеќе истрајност отколку што можете да замислите. Со затворањето на мојот профил не ме спречи, ја разбуди лавицата. Ова е твоето последно предупредување. Добро размислете за вашите постапки бидејќи времето ви истекува, 24 часа – му порача Карлеуша на претседателот на Еко гард, Бојан Симишиќ.

Еко Стража ја објави преписката на својот Х профил, а набргу по заканувачката порака новиот профил на Карлеуша беше избришан.

Почнаа ли системските реформи во правосудството, ЕУ интеграции, дел од вечерашните теми

Сотир Костов и Љубиша Николовски, гости во „Само Вистина”

Сотир Костов:

- Овој Обвинител направи нешто ненаправено до сега, обвини двајца колеги без аргументи и ги оцрни и суспендира Хајрулахи, па Цветановски.

- Обвинителството нема резултати, треба промени.

- Кривични пријави за фирми од Струмица се даваат на Обвинители од Струмица. Зошто е така - за да се заташкаат.

Љубиша Николовски:

- Не е страшно да се смени Обвинителот, но назначувањето.

- Полицијата секогаш е иницијатор за на суд да не паѓаат случаите оти остануваат нејасни работите.

- Ако веќе сме се кадисале да следиме чекори и нечие искуство, сме го прифатиле аки-то на Европа, треба да го почитуваме и чекор по чекор да реализираме.

СДСМ ќе избира претседател на 16 март, најавува и пакет решенија за подобар животен стандард

- СДСМ ќе избира претседател на 16 март и ќе понуди пакет решенија за подобар животен стандард, одлучи партискиот Централен одбор (ЦО).

ЦО на седницата што се одржа попладнево избра нов состав на Централната изборна комисија и го усвои Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на партијата. Го одобри и планот за интензивни теренски активности кои ќе почнат овој месец, на средби со членовите и граѓаните ширум земјата. Паралелно, како што информира СДСМ, ќе течат и подготовките за локалните избори оваа година.

-Согласно Статутарните одредби, Централниот одбор донесе Одлука за распишување на директни внатрепартиски избори за избор на Претседател на СДСМ кои ќе се одржат на 16 март 2025 година. СДСМ е единствената партија во земјата во која членството бира претседател на дирекрни внатрепартиски избори што говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите, наведува СДСМ.

Централниот одбор оценил дека со погрешните политики на актуелната власт животниот стандард на граѓаните се влошува.

-Граѓаните имаат се помалку пари додека платите стагнираат. Власта покажува голема неспособност, нема одговор за покачувањето на цените, за осум месеци не понуди ниту една успешна економска мерка додека во здравството се случува хаос и недостаток на лекови, образованието уназадува и генерално земјата се движи во погрешна насока. СДСМ останува посветена на борбата за подобар животен стандард. Како одговорна партија СДСМ ќе понуди пакет на законски решенија за заштита и подобрување на животниот стандард на граѓаните, информира СДСМ.

притисни ентер