Собранието расправа за измените на законот за данок на личен доход

Собранието денеска во рамки на 116. седница донесе одлука дека Предлог законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението е прифатлив и го проследи на натамошно читање. 

Пратениците потоа продолжија со работа по дневниот ред од 123-та седница, и ги избраа Лилјана Илиевска и Илбер Руфати за нови заменици на народниот правобранител, соодветно во канцеларииите во Битола и во Кичево. Во тек е расправа по измените на Законот за данок на личен доход која треба да продолжи по редовната пауза.

Заменик министерката за финансии Ширет Елези образложи дека со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на личен доход се одложува за 36 месеци примената на прогресивниот данок за три години. Таа посочи дека ваквиот предлог се должи на извршените проверки и анализи.

Според анализите, прогресивниот данок на доход незначително ја подобрил распределбата на доходот, додека предизвикал негативни промени во однесувањето на даночните обврзници, во смисла на изнаоѓање на начини за одбегнување на плаќање на данокот. Имено дел од нив одлучиле својот доход да го префрлат во други даночни системи каде се применува пониска даночна стапка или на други лица со цел да не го надминат прагот за примена на повисоката даночна стапка и да платат повисок данок.

– За да се обезбеди понатамошно намалување на нееднаквоста преку прогресивниот данок, потребно е претходно да се изгради оптимален систем на ефикасно и ефективно прогресивно оданочување, да се намали даночната евазија, да се зајакнат механизмите за елиминирање на сивата економија и да се зајакне довербата на граѓаните во институциите. Оттаму за да се исполнат наведените предуслови, се предлага прогресивниот данок на доход да се стави во мирување во следните три години, така што од 1 јануари 2020 до крајот на 2022 година доходот на граѓаните ќе се оданочува со единствена стапка од 10 отсто, а во меѓувреме ќе се работи на креирање на соодветен систем на прогресивно оданочување, земајќи ги предвид мислењата на засегнатите страни, зголемување на даночниот морал, зајакнување на довербата во институциите и намалување на сивата економија, стои во образложението на Предлог законот.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во текот на дебата забележаа зошто заменик министерката, а не министерката го образложува законот со кој се одложува примената на прогресивниот данок и обвинија дека најголеми виновници за враќање на рамниот данок е премиерот. Прогресивниот данок, кажаа не ги дава резултатите, создава правна несигурност за инвеститорите и побараа целосно укинување, а не замрзнување на три години на овие членови.

Антонио Милошоски рече жали што заменик министерката е доведена во позиција да ги брани, а потоа да ги демантира политиките на Владата која се соочува, вели, со идеолошка конфузија.

– Една од темелните проекти во програмата на СДСМ во 2014 година беше да го направиме прогресивен даночниот систем. Беше обвинувана претходната Влада дека рамниот данок е неповолен, штетен и регресивен за стопанство и дека не е добар за развојот на економијата во РМ. На СДСМ откако формира влада зедно со коалицискките партнери, му требаа 1,5 година за да направи темелни анализи за прогресивниот данок. Ви беа укажувани забелешките и недостатците не само од опозицијата туку и од стопанството, од домашни и од странскит инвеститори. Откако видовте дека самата ваша програма за промена на даночниот систем и воведување на прогресивниот данок е втемелена на погрешни факти, сега се враќате на старото решение. Но најголемата штета со овој проект е што вие како Влада воведувате голем дел од стопанството во стопанска, и економска несигурност. Ваквото повлекување денес не ги намалува консеквенците и последиците што стопанството ги претпе од вашите конфузни политики, рече Милошоски.

Неговиот колега Илија Димовски се задржа на реакциите на стопанските комори кои укажале дека најголем проблем од прогресивниот данок е екононската несигурност и на штетите што ги предизвика, а „најлудата работа" е што, вели ова даночно решение се става во мирување.

– Сега правите уште полуда работа, го ставате во мирување во очи на избори. Владата треба да има храброст и да каже го укинуваме прогресивниот данок, затоа што компаниите кои би сакале да инвестираат во Македонија, прават анализа пет години, а една од основните позиции е даночната политика на државата, рече Димовски и посочи дека за ова треба кривично да се одговара бидејќи македонската економија изгубила милиони затоа што „деца си играат економија во државата".

Маја Морачанин од ДОМ истакна дека е за останување на прогресивниот данок бидејќи тоа е фер и правично и води кон намалување на социјална нееднаквост во општетството.

– Затоа ние нема да го поддржиме ова замрзнување на три години на прогресивниот данок и сметам дека премногу се води сметка за бизнис секторот и тоа е добро што и Владата и Собранието изгласавме закон за финансиска поддршка на инвеститорите и домашни и странски, воведовме многу мерки со кои што им се помага на бизнис секторот, практично да можат да ја зголемат вработеноста и својот профит. Но истовремено сметам дека е фер и бизнис секторот да одвои средства за она што е општо добро, вели Морачанин.

Собранието по паузата ќе продолжи со работа по дневниот ред од 126 седница, на која се утврдени 125 точки. Пратениците кои вчера попладнето, ја завршија расправата по шест од точките, денеска ќе гласаат по нив, а потоа треба да продолжат со работа по 123 седница./МИА

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер