Собранието пред распуштање, договор за законот за ЈО уште нема

 Пет дена пред очекуваното распуштање на Собранието, власта и опозицијата се уште ги немаат усогласено ставовите за законот за јавното обвинителство.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера изјави дека и на 12 февруари до 23:00 часот да дојде усогласен предлог закон има процедурална можност да биде ставен на гласање

– И до 23:00 часот на 12-ти да биде дојден предлог усогласен има процедурална можност тој предлог да биде претворен во закон. Неспорно, но на крај на мандат пред распуштање на Собрание само да се отвори седница, а неусогласен предлог, и да се претвори во театар е тоа немам намера. Нема потреба од некаква тензична ситуација пред одење на избори, изјави Џафери.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски е оптимист дека може да се најде решение и актуелниот парламентарен состав да го донесе законот за јавно обвинителство пред распуштањето на законодавниот дом. Вели дека штом ќе процени дека има поддршка, ќе свика седница на Влада за да го помине законот и да го достави до Собранието. Тоа може да се случи во секој момент во денот и ноќта се до распуштањето на Собранието, потенцира Спасовски.

-Ако можеше овој парламентарен соствав да направи низа чекори и да влече многу храбри потези кои значеа гарантирање на остварувањето на националните заложби, тогаш не гледам причина зошто да не може да се издигне на нивото на задачата и да биде изгласан закон за јавно обвинителство и со тоа да дадеме уште еден позитивен аргумент пред Европскиот совет зошто треба да ги започнат преговорите за членство. Многу е важно да покажеме минимален национален консензус, а тоа значи минимум одговорност пред граѓаните затоа што се наоѓаме во фаза на остварување на нашите национални интереси – членството во НАТО и почетокот на преговори со Европската Унија, изјави Спасовски.

Последен апел за донесување на Законот за ЈО, вчера испрати и евроамбасадорт Самуел Жбогар, кој истакна дека овој закон треба да се донесе бидејќи со тоа ќе покажете промена на начинот на мислење од што е минимумот потребен да се направи за отворање на преговори.

Воедно, Жбогар ја повтори и пораката од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за Јавното обвинителство до сите политички чинители во Скопје.

– Комисијата не го стави Законот за јавното обвинителство како услов, но е нешто што треба да се направи од повеќе причини. Првенствено за граѓаните да веруваат во правда и дека ќе има одговорност за кривичните дела. Бидејќи е важно за повеќе земји членки, како демонстрирање на посветеност за владеењето на провото. На крај, исто така, бидејќи сакаме да покажете промена на начинот на мислење од што е минимумот потребен да се направи за отворање на преговори, кон тоа како да ги искористиме максимално преговорите за промена на нашата држава за младите луѓе да не си заминат, изјави Жбогар.

Комисијата ја заврши својата работа, подвлече евроамбасадорот, нагласувајќи дека има уште работи што треба да се направат и од наша страна за ова партнерство.

– Има работи што се уште треба да се направат за да се демонстрира посветеноста на европската иднина од страна на Северна Македонија. Да се продолжи со добрите реформи, да се спроведат фер и демократски избори и да се продолжи со добрососедските односи, изјави Жбогар.

Додека партиите деновиве дискутираа за одредбите и спорните членови на законот за ЈО, американската амбасадорка Кејт Брнз ги повика партиските лидери да најдат компромис за законот за јавното обвинитество и да овозможат да биде усвоен пред распуштањето на Собранието.

– Усвојувањето на новиот закон за ЈО ќе ги унапреди владеењето на правото, транспарентноста и одговорноста. Ја истакнуваме и важноста случаите на СЈО да продолжат да се процесуираат на кредибилен начин во Јавното обвинитество. Веруваме дека ова се вистинските одлуки за да се создаде доверба кај граѓаните и да се потврди дека поединци кои извршуваат високи функции ќе сносат одговорност за какви било злоупотреби. Ова е важен сигнал. Самиот закон е клучен не само како сигнал за ЕУ, туку и за иднината на земјата. Апелираме до сите политички партиски лидери да седнат заедно, да ги надминат разликите, да ги стават на страна своите партиски позиции и да работат на законот, да го усвојат, пожелно е, пред распуштањето на Собранието, за земјата да продолжи по својот пат, изјави Брнз.

Со тоа, вели амбасадорката на САД, ќе биде испратен и позитивен сигнал до членките на ЕУ во контекст на одлуката за почеток на преговорите за членство со Северна Македонија.

Дебатата за донесување на Законот за ЈО, трае повеќе од една година. Досега законискиот текст беше изменет и дополнет неколку пати, но тоа не беше доволно за политичките партии да ги приближат ставовите и да го гласат во Собранието./МИА

Претседателката Сиљановска Давкова со претставници на меѓународната конференција „ГРЕДИТ 2024“

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претставници на меѓународната конференција „ГРЕДИТ 2024“.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими претставниците на петтата меѓународна конференција за зелен развој, зелена инфраструктура и зелени технологии „ГРЕДИТ 2024“ којашто од 16 до 18 мај се одржува во организација на Машинскиот факултет и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во рамки на БЕНА – Балканската асоцијација за животна средина.

На средбата се разговараше за значењето на зелената агенда за регионот и пошироко како приоритет за зачувување на животната средина и здравјето на граѓаните.

Соговорниците ѝ се заблагодарија на претседателката Сиљановска Давкова за можноста да ѝ ги пренесат своите размислувања и погледи во однос на состојбите и начините за остварување на одржлив развој на мултидисциплинарен начин.

Во таа насока, беше истакнато дека е значајна соработката меѓу сите чинители, носители на одлуки, експерти и активисти за придонес кон зелениот развој за позелена и поздрава иднина за сите.

Претседателката Сиљановска Давкова им посака успешна конференција и плодна работа изразувајќи уверување дека со своите трудови и идеи ќе придонесат за зелениот развој, зелената инфраструктура и зелената технологија во регионот и севкупно во светот.

Лидерите на земјите од З. Балкан ја истакнаа својата посветеност на реформите и европскиот пат

 Лидерите на земјите од Западен Балкан на Самитот за планот за раст на Западен Балкан што се одржува во Котор денеска изразија очекување дека ќе бидат дел од поголем пазар и ја истакнаа својата посветеност на реформите .

Лидерите на земјите од Западен Балкан на Самитот за планот за раст на Западен Балкан што се одржува во Котор денеска изразија очекување дека ќе бидат дел од поголем пазар и ја истакнаа својата посветеност на реформите и процесот на европска интеграција.

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ на отворањето на третиот регионален самит за Планот за раст за Западен Балкан рече дека очекуваат големи работи.

Самитот ги собира сите лидери од Западен Балкан и дополнително ќе го операционализира Планот за раст за Западен Балкан.

„Планот за раст претставува шанса и сигнал дека регионот ќе биде дел од поголем пазар. Често велам дека Црна Гора е пазар од половина милион луѓе, но како дел од заедничкиот пазар е пазар од 500 милиони луѓе“, изјави Спајиќ.

Планот за раст на Западен Балкан, кој Европската комисија го усвои во ноември и ЕУ пред две недели, предвидува финансиска поддршка од шест милијарди евра, од кои две милијарди се грантови, а четири милијарди се поволни заеми што ги дава ЕУ.

Услов за добивање средства е спроведување на реформите, пред се во делот на почитување на демократските механизми, владеењето на правото и основните права. Планот го опфаќа периодот од 2024 до 2027 година и предвидува секоја влада на шесторката од Западен Балкан да добива одредена сума пари на секои шест месеци, во зависност од реформите што ги има спроведено во тој период.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека учесниците на состанокот биле воодушевени од Планот за раст.

„Верувам дека досега имавме добри дискусии и се договоривме за повеќето работи... Имаме неколку работи за кои треба да се грижиме и ќе го направиме тоа“, рече тој.

Вучиќ рече дека тоа е нешто што ќе донесе добри резултати во регионот.

Косовскиот премиер Албин Курти ја потврди посветеноста на реформите што му ги постави Европската унија, велејќи дека е важно да се спроведат за да се спроведе Планот за раст.

„Барам Србија да го процесуира Милан Радојичиќ и неговата паравоена структура, за да се реши случајот со терористичкиот напад во Бањска, кога загинаа четири лица“, вели Курти во врска со разврската на таа ситуација.

Курти се осврна на војната во Украина и посочи дека војната во Украина е клучна закана за Европската унија и безбедноста.

Албанскиот премиер Еди Рама го изрази својот ентузијазам и му се заблагодари на еврокомесарот Оливер Вархеи и на Комисијата за нивната посветеност и рече дека не треба да чекаме да се спроведат сите реформи за ЕУ ​​да ги отвори вратите за земјите од Западен Балкан.

„Напредокот што го постигнавме од последната средба во Скопје говори сам по себе. Подготвивме индивидуални планови за реформи, и многу повеќе напредок. Подготвени сме. Време е нашиот регион да стане дел од дигиталниот монетарен пазар. Интеграцијата на нашиот регион во ЕУ е сигурна, верувам, бидејќи ја покажавме нашата посветеност на тој пат“, истакна Рама.

Тој рече дека не е потребно да се чека да се спроведат сите реформи за ЕУ ​​да ги отвори вратите за земјите од Западен Балкан, туку, вели, неопходно е тој регион да биде дел од Унијата пред да се спроведат сите реформи за да се види како тоа се спроведува во пракса и со цел земјите полесно да се привлечат на пазарот на кој припаѓаат.

„Земјите кои преговараат со Европската унија треба да бидат дел од политичкиот простор на ЕУ за полесно да се разбере за што се работи и како реформите се спроведуваат во пракса“, тврди Рама.

Претседавачот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто, рече дека на 30 април официјално и испратиле на Европската комисија список на реформи со чекори за спроведување на Планот за раст.

„Активно работевме на усогласување со претставниците на ЕК и делегацијата на ЕУ во БиХ. Од 113 реформи кои беа првичниот предлог на ЕУ, усогласивме 110 реформи“, посочи таа и додаде дека успешно ги исполниле сите поставените рокови, рече Кришто и додаде дека европскиот пат е главната надворешнополитичка цел за која има консензус во Босна и Херцеговина.

„Се надевам дека сите заедно ќе успееме и ќе ги постигнеме нашите заеднички цели“, заклучи таа.

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс О'Брајан рече дека целта на Планот за раст е да се создаде единствен пазар на циркулација на пари, што во практична смисла значи дека земјите ќе имаат помали трошоци. секој пат кога испраќаат пари во банка што, додаде, е од голема корист за граѓаните и стопанството. Како резултат на Планот за раст ќе има повеќе работни места и полесно движење на пазарот.

Вархеји: Планот за раст се реализира, ќе разговараме за приоритети како СЕПА

Планот за раст за Западен Балкан веќе се реализира, а на Самитот ќе разговараме како да ги спроведеме сите приоритети на регионот за оваа година, изјави денеска европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји.

Планот за раст за Западен Балкан веќе се реализира, а на Самитот ќе разговараме како да ги спроведеме сите приоритети на регионот за оваа година, изјави денеска европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји пред отворањето на Самитот на лидерите на Западен Балкан и Европската Унија во Котор.

Според него, во рамките на споменатите приоритети, најважна е СЕПА (Single Euro Payment Area) односно област на заедничко плаќање во евра. Тој изјави дека сите граѓани и бизнисмени од регионот од првиот ден од следната година ќе имаат придобивки од овој план.

Самитот на лидерите на Западен Балкан и ЕУ се одржува под слоганот „Еден регион, заедничка визија“ се одржува во Котор, а учествуваат лидерите од регионот, претставници на ЕУ и САД.

притисни ентер