3Тричлена банда Бугари извршиле најголема измама во историјата на Британија, тешка 53 милиони фунти- депортирани се
Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
1Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
3БМВ го криел 21 година автомобилот што никогаш не го продал- има V12 мотор и е долг 5,5 метри (ВИДЕО)
МакедонијаСобранието ќе ја продолжи 51. седницаСобранието денеска ќе ја продолжи 51. седница на која меѓу точките на дневен ред е Предлог на закон за прогласување на Просторот околу Собранието на Република Македонија за безбедносна зона.Собранието денеска ќе ја продолжи 51. седница на која меѓу точките на дневен ред се Предлог на закон за прогласување на Просторот околу Собранието на Република Македонија за безбедносна зона, по скратена постапка - Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2024 година. За законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона, пратеникот Никола Мицески, во образложение на предлогот, вчера при утвртдување на дневниот ред на пленарната седница рече дека по подолг временски период и консултација со работната група, заедно со сите координатори на пратенички групи консензуално се договориле за поднесување на ова законско решение по скратена постапка. -За прогласување на законот за просторот околу Собранието на РМ за безбедносна зона, со што се уредува статусот, вкупната површина, границите на земјиштето, употребата, обезбедувањето, надзорот и уредувањето на имотоно правните прашања поврзани со просторот околу Собранието, прогласен за безбедносна зона имајќи во предвид дека во минатото поради атрактивноста на самиот простор имаше обиди за негово приватно уредување, односно влегување на приватен стопански субјект. Сметаме дека ова законско решение е исклучително важно со што се уредува безбедносната зона на самото Собрание, изјави Мицески, нагласувајќи дека нема да забрани собирање и изразување на разни протести или настани на булеварот пред Собранието. Во Извештајот за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година, објавен на собраниската веб-страна се посочува дека во текот на 2024 година, Советот во рамки на 39-те одржани седници извршила избор на судии и претседатели на судови, избор и разрешување на судии поротници, констатирал престанок на судиската функција, утврди нестручно и несовесно вршење на судиската функција со изрекување на дисциплински мерки, ги разгледал и оценил тримесечните и годишните извештаи за работа на судовите, донел одлуки за времено упатување на судии од еден во друг суд, извршил работни посети во судовите со цел констатирање на одредени состојби и вршел и други работи во рамки на својата надлежност утврдени со закон. -Оценската мисија на ЕУ во текот на 2024 година изготви извештај за функционирање на Судскиот совет на РМ во кој извештај се дадени долгорочни, среднорочни и краткорочни препораки, а имплементацијата на краткорочните препораки за кои надлежен е Советот започна во 2024 година преку активностите кои ги спроведува Советот. А кои се нотирани во усвоениот Акциски план. Во текот на 2024 година приоритетни се активностите нотирани во Акцискиот план за имплементација и спроведување на препораките не ЕУ упатени до Судскиот совет на РМ. Воедно, имајќи го предвид Извештајот на Оценската мисија и насоките и укажувањата во истиот, Судскиот совет во наредниот период ќе продолжи да се залага за заштита на интегритетот, независноста и професионалноста на судиите и на институциите и ќе се спротивставува на било какво внатрешно или надворешно влијание во работењето, се наведува во Извештајот. Приоритет за Судскиот совет во текот на 2025 година, како што се нагласува во Извештајот, ќе биде натамошната реализација на препораките нотирани во Извештајот на Оценската мисија кои се дадени со цел за подобрување на постапката за избор, унапредувањето и одговорноста на судиите/претседателите на судовите и членовите на Советот, како и подобрувањето на транспарентноста, комуникацијата и управувањето со ресурси во Советот. Во таа насока, Советот посочува дека ќе продолжи со максимални заложби за доследна примена и постапување согласно законските одредби, следење на состојбите во судството и давање на нови предлози за подобрување на состојбите, следење на работата на судиите и претседателите на судовите, како и на самите судови, преземање дејствија во рамки на своите надлежности при детектирање на коруптивни дејствија во судството, а во таа насока и залагање за имплементација на донесената Програма и Акционен план за превенција и следење на корупцијата во судството 2022-2025 година. Во Ивештајот се посочува дека една од основните заложби на Советот е финансиското одвојување на судската власт од другите власти, односно залагање за зголемување на процентот на Судскиот буџет во однос на Бруто домашниот производ од сегашните 0,3 проценти на годишно ниво на законските определени 0,8 проценти од Буџетот за судска власт. На оваа седница треба да се разгледаат и Предлог на законот за ратификација на Договорот за Централноевропската програма за размена на универзитетски студии (ЦЕЕПУС IV), Предлог на законот за претворање на побарувањето на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност во прво читање, Предлог на законот за изменување на Законот за приватните агенции за вработување во прво читање и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавно здравје во прво читање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаСмртоносно количество кокаин е пронајден во бебешка цуцла- осудени се мајката и нејзиниот партнер Мајка е затворена, заедно со нејзиниот партнер, по смртта на нејзината двегодишна ќерка, во чие шише за млеко е пронајдено дека содржи „смртоносна количина“ кокаин!Итните служби биле повикани на адреса во Билингам во април 2024 година, по извештаите дека девојчето, Лајла Хеч, престанало да дише, објави Би-Би-Си. Нејзината мајка, 22-годишната Џоди Хеч, и нејзиниот партнер, 30-годишниот Дејли Матис, првично ги негираа двете обвиненија за злоупотреба на деца во кои биле вклучени Лајла и друго дете. Тие го сменија своето признание на вина на Крунскиот суд во Тиссајд и беа осудени во понеделник. Mom and drug-dealer boyfriend learn fate after toddler dies from drinking cocaine-laced milk https://t.co/QrE02BgFuI https://t.co/I5KLiG860C — New York Post (@nypost) November 17, 2026 Токсиколошкиот извештај покажал дека смртоносна количина кокаин е пронајдена во шишето за млеко на детето, а дрогата е пронајдена и во нејзината крв, желудочната содржина и прамените коса. Главниот детектив инспектор Крис Прингл од полицијата во Кливленд изјави дека во куќата е пронајдена голема количина дрога, како и канабис. Двојката се изјасни за виновна за поседување дрога од класа А со намера за дистрибуција. Џоди Хеч, исто така, се изјасни за виновна за вмешаност во дистрибуција на дрога од класа Б и беше осудена на пет години и четири месеци затвор. Матис, кој беше осуден и за посебно кривично дело насилно однесување во врска со нападот во септември, беше осуден на 13 години затвор. Прингл рече дека дрогата пронајдена во куќата била „лесно достапна за мали деца“, што ја прави „екстремно опасна средина“.Тагови: кокаин Мајката Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСанчез е пред изборен пораз- европската левица останува без еден од најсилните адутиСè поверојатниот изборен пораз на шпанскиот премиер Педро Санчез на претстојните избори би претставувал нов удар за европската левица, која би останала без еден од своите најгласни претставници во Европскиот совет.Вонредните избори во Шпанија, закажани за 29 ноември, би можеле дополнително да ги променат политичките односи меѓу европските лидери, а со тоа и односот на силите на состаноците на кои се одлучува за идниот правец на Европската унија. Според резултатите од анкетите, победата на шпанските конзервативци е се поизвесна, што значи дека бројот на социјалистичките лидери во Европскиот совет би можел дополнително да се намали. Изборите во Италија, Франција и Полска во 2027 година би можеле дополнително да ја ослабат европската левица и да доведат до фактот дека проевропските прогресивни и либерално-левичарски партии во Европскиот совет остануваат во посебно малцинство. „Една од последните преостанати левичарски влади во Европската унија... Звучи како остаток од минатото“, му рече еден дипломат на ЕУ за известувачот. Кој останува меѓу европските социјалисти? Доколку Санчез загуби на изборите, меѓу социјалистичките и социјалдемократските лидери во Европскиот совет, главно ќе останат данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Малта Роберт Абела. И двете доаѓаат од помалите земји-членки на ЕУ, а нивните политички ставови не мора да се совпаѓаат со разбирањето на Санчез за социјализмот. Социјалист е и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Евроскептичната група на европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) во моментов има двајца претставници во Европскиот совет - италијанската премиерка Џорџија Мелони и белгискиот премиер Барт Де Вевер. Летонскиот премиер Андрис Кулбергс е независен, но неговата владина коалиција вклучува и партии поврзани со ЕЦР. Поранешниот чешки премиер Петар Фијала, кој припаѓаше на ЕЦР, беше заменет со Андреј Бабиш, чија партија АНО е член на екстремно десничарската група Патриоти за Европа (PfE). Умерената, проевропска десница, собрана околу Европската народна партија (ЕПП), има 12 лидери во Европскиот совет, како и претседател на Европската комисија. „Јазот би бил огромен“, рече Хавиер Карбонел, политички аналитичар во Центарот за европска политика (EPC) со седиште во Брисел. „Фредериксен не се смета за водечка фигура меѓу социјалистите во остатокот од Европа на начин на кој, до одреден степен, беше Санчез“, додаде тој. Карбонел верува дека заминувањето на Санчез би можело да поттикне поширока дискусија меѓу европските социјалисти за насоката во која тие треба да се развиваат, особено затоа што ниту поумерен ниту изразито левичарски пристап во моментов не им носи изборен успех. Големи разлики околу миграцијата „Фредериксен, дали таа навистина е социјалист? праша друг дипломат на ЕУ, потсетувајќи на честите несогласувања меѓу Данска и Шпанија во Европскиот совет, особено кога станува збор за миграциската политика. Данската премиерка неодамна, заедно со италијанската премиерка Џорџија Мелони и полскиот премиер Доналд Туск, го критикуваа Санчез за неговата политика на легализирање на статусот на стотици илјади мигранти. Фредериксен се залага за многу построга миграциска политика од шпанскиот премиер. Неодамна ги поддржа плановите за формирање центри за мигранти кои не се членки на ЕУ во Руанда, со поддршка од Германија, Австрија, Грција и Холандија. Шпанија, заедно со Франција, постојано се спротивставуваа на ваквите предлози. „Не би го дефинирала Фредериксен како социјалдемократ“, изјави за порталот „Репортер“ Хана Јалул, истакната членка на шпанските социјалисти во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. „Ако можете да испратите кој било мигрант во Руанда, без да ги земете предвид нивните човекови права, нивната животна ситуација или нивните лични околности, тоа е целосно неприфатлив расизам“, додаде таа. Санчез често се судираше со Трамп Санчез и даде на европската левица препознатлив политички профил, особено со неговите ставови за Кина, Блискиот Исток и односите со Соединетите Американски Држави. Неговата влада беше поотворена за соработка со Кина и се спротивстави на одредени потези на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Во април оваа година Санчез ја посети Кина по четврти пат во последните три години, со цел зајакнување на економските и дипломатските односи со Пекинг. Шпанија стана една од најотворените членки на ЕУ за соработка со Кина, а Санчез постојано ја повикува Европа да се вклучи во поинтензивен дијалог со Пекинг. Таквата политика не секогаш наидува на одобрување на другите европски лидери, а за време на неговиот втор мандат, Санчез постојано се судри со американската администрација. Тој се спротивстави на зголемувањето на средствата за војската на пет проценти од БДП, што го бара НАТО, им забрани на американските авиони да користат заеднички воени бази и шпански воздушен простор и отворено се спротивстави на, како што рече, „нелегалната и неправедна војна“ во Иран. Ова дополнително ја зацврсти неговата позиција како еден од најпрепознатливите претставници на меѓународната левица. Тагови: Левица Педро Санчез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаГо запрел автомобилот за да ѝ помогне на сопругата која се задушувала, па го казниле со 125 евра- но, тука не бил крајот на макитеПензиониран машиновозач бил бесен откако бил казнет затоа што го запрел својот автомобил пред железничката станица во Рочестер на двојна црвена линија. Тој тврди дека го сторил тоа за да ѝ помогне на сопругата која се давела. Иако се обидел да објасни зошто морал да застане, казната му била зголемена на 105 фунти (околу 125 евра), кои на крајот ги платил. „Не дојдов да земам никого“ Џејмс Брајс, 69, застанал пред железничката станица, која е во зона со ограничен сообраќај. Тој рекол дека морал да ѝ помогне на сопругата. Тврди дека застанал веднаш по 6 часот наутро, кога немало други возила на патот, и дека не вознемирувал никого. „Не дојдов да земам никого, а никој не излегол од вагонот - што мислеле, зошто застанав? Секој би го направил она што го направив јас во медицинска итна ситуација. 300 луѓе умираат од задушување секоја година. Бев таму три или четири минути, не повеќе“, рекол тој. Само три дена подоцна, на 5 август, тој доби казна од 70 фунти, со можност да плати намалена казна од 35 фунти ако го стори тоа во рок од две недели. Брајс очекуваше властите да ги разберат околностите на запирањето на неговиот автомобил. „Помислив: „Добро, не е важно, само ќе објаснам што се случило“, верувајќи дека ќе разберат“, рече тој. ‘I was fined £105 for stopping the car while my wife choked, but they ignored my appeal’ #Kent https://t.co/CuUpfDhmsB — KENT (@DailyKENT) November 17, 2026 Тој тврди дека немало одговор Сепак, обидот да се жали преку веб-страницата на локалната самоуправа Медвеј не успеа, па затоа испрати писмо по пошта, објаснувајќи што се случило. Тој тврди дека не добил одговор, но на крајот на август добил ново известување со кое казната се зголемила на 105 фунти. Затоа решил лично да достави друго писмо до локалната самоуправа во Чатам, Кент. Сепак, тој рече дека не добил одговор до 5 ноември. Плашејќи се од понатамошни дејствија, на крајот ја платил побараната сума. Потоа Брајс контактирал со KentOnline, каде што рекол дека се чувствувал „измамен“ бидејќи локалната самоуправа брзо ја издала казната, но не одговорила на неговите обиди да ја оспори. „Доколку ми рекоа: „Разбираме зошто го направивте тоа, но тоа не е доволно добра причина“, ќе ја прифатев и ќе ги платев 35-те фунти - но толку многу ја одолговлекуваа што казната достигна 105 фунти“, рече тој. Додаде дека се прашува колку луѓе се откажуваат од обидите да ја оспорат казната и едноставно ја плаќаат. Администрацијата му ги врати платените пари Откако медиумите контактираа со локалната самоуправа на Медвеј и побараа објаснување, се случи нов пресврт. Веќе следниот ден, Брајс повторно се јави во редакцијата и рече дека му се вратени сите 105 фунти. Сепак, како што изјави, не бил однапред информиран за плаќањето, ниту добил никакво објаснување зошто парите се вратени. Додаде дека би сакал да добие барем некаков одговор по сите негови обиди да контактира со властите. Како одговор на прашањата од новинарите, локалната самоуправа на Медвеј изјави дека го добиле првото писмо на Брајс на 11 август, но дека неговата жалба е одбиена поради „недостаток на докази и активности забележани околу возилото“. Како што објаснија, му испратиле одговор на 26 август, или 21 ден откако била издадена првичната казна. Претставници на администрацијата, исто така, изјавија дека има проблем со формулацијата во известувањето за отфрлање на жалбата, поради што казната била поништена.Тагови: автомобилот сопругата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter